Серафимовски: Откупот тече непречено, над 54 милиони килограми грозје веќе се во домашните винарии и на странските пазари
ГРОМ со најостра осуда на новата кривична пријава против претседателот на партијата, Стевчо Јакимовски
1Серафимовски: Откупот тече непречено, над 54 милиони килограми грозје веќе се во домашните винарии и на странските пазари
2ГРОМ со најостра осуда на новата кривична пријава против претседателот на партијата, Стевчо Јакимовски
БалканВо БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во СрбијаПрипадниците на Службата за борба против високотехнолошки криминал ја идентификувале IP адресата на налог на корисник на територијата на Босна и Херцеговина кој во живо на „ТикТок“ изјавил дека исчезнатото девојче Данка Илиќ е во неговиот подрум. Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина, врз основа на информации од Министерството за внатрешни работи на Република Србија уапси три лица кои се осомничени дека преку социјалната мрежа „ТикТок“ објавиле дека се поврзани на исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ, потврди српското МВР. Припадниците на Службата за борба против високотехнолошки криминал ја идентификувале IP адресата на налог на корисник на територијата на Босна и Херцеговина кој во живо на „ТикТок“ изјавил дека исчезнатото девојче Данка Илиќ е во неговиот подрум. Врз основа на тие информации, Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина ги уапсила Б.Т, З.Т и М.Т, извршила претрес и утврдила дека информациите што ги дал осомничениот се лажни. Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина, согласно законот, ќе го изведе осомничениот кај надлежниот обвинител за понатамошно постапување. Сараевскиот портал „Аваз“ синоќа објави дека истражителите од Одделот за компјутерски криминал на Федералната канцеларија за криминалистичка полиција, по IP адреса лоцирале лица кои тврделе дека имаат информации за исчезнувањето на малата Данка, и кои побарале 50.000 конвертибилни марки (околу 25.000 евра) за обелоденување на таа информација. Потрагата по двегодишната Данка Илиќ, која исчезна во Бањско поле кај Бор, трае од вторникот. Во текот на ноќта полицијата дежурала во куќата каде исчезна девојчето. Во текот на вчерашниот ден со багер е расчистено земјиштето околу куќата во Бањско поле, од каде на девојчето и се губи секаква трага. Целта на ваквиот потег, како што јави дописникот на РТС, е да се провери дали има докази под гранките кои би помогнале во истрагата. Во потрагата по девојчето учествуваат стотици припадници на полиција, жандармерија, ГСС, ловџии. Беа распоредени и беспилотни летала, со термални камери, а хеликоптерска единица го надлетува теренот. Иако полицијата во средата соопшти дека потрагата на терен се прекинува, бидејќи сè укажува дека девојчето не е во областа од која исчезна, полициските сили и спасувачките екипи се се уште на терен. Воедно, полицијата информира дека во тек е интензивна оперативна работа. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МакедонијаСерафимовски: Откупот тече непречено, над 54 милиони килограми грозје веќе се во домашните винарии и на странските пазариОткупот на грозјето продолжува непречено, откупните пунктови работат, а лозарите го предаваат својот род, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски .Откупот на грозјето продолжува непречено, откупните пунктови работат, а лозарите го предаваат својот род, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски при денешната посета на неколку откупни места во Кавадарци, каде непосредно се запозна со текот на приемот и преработката на грозјето. „Лозарите немаат никаква корист од политичкиот натпревар во кој од изолирани случаи се конструира слика дека откупот се одвива отежнато или дека е запрено преземањето на вранецот. Таквите тврдења не одговараат на фактите од откупните места“, изјави министерот Серафимовски. Тој информираше дека според најновите податоци, 14 винарии на 19 откупни места досега откупиле и преработиле над 35 милиони килограми грозје. Околу 15 милиони килограми се црвени сорти, меѓу кои доминантно е застапен вранецот, додека над 20 милиони килограми се бели сорти. Дополнително, винариите од сопствените лозови насади собрале и преработиле над седум милиони килограми грозје, од кои 3,1 милиони килограми црвено и 3,9 милиони килограми бело грозје. Уште 1,5 милиони килограми се откупени и преработени од страна на семејните винарии. Вкупното количество набрано и преработено во домашните винарии со тоа надминува 43,5 милиони килограми. „Значаен дел од овогодишниот род добива пласман и надвор од домашниот пазар. Досега се извезени над 10,5 милиони килограми винско и трпезно грозје. Кога ова количество ќе се додаде на родот преземен и преработен од домашните винарии, вкупно досега од лозовите насади се набрани над 54 милиони килограми грозје“, рече министерот Серафимовски. Тој нагласи дека Државниот инспекторат за земјоделство засилено го следи целиот процес и секојдневно се вршат контроли на 19-те откупни места низ државата, при што се проверуваат мерењето, класификацијата, документацијата, евиденцијата и почитувањето на условите за откуп. „Ги повикувам лозарите секој конкретен проблем веднаш да го пријават до Министерството или до Инспекторатот. Секоја конкретна забелешка од лозарите се проверува и за секоја утврдена неправилност ќе има соодветно постапување“, рече министерот Серафимовски. Коментирајќи ги политичките реакции за текот на откупот, министерот Серафимовски оцени дека Левица преку селективни и драматизирани објави се обидува да создаде паника, без да понуди применливо решение за откуп, финансирање или сигурна исплата. Според него, партијата го нарекува лозарот статист, а истовремено го претвора во дел од сопствената политичка претстава. „Со паника не се откупува ниту еден килограм грозје, не се отвора откупен пункт и не се обезбедува исплата. Додека Левица се занимава со политичка режија, лозарите го предаваат родот, визбите вршат прием и откупот континуирано продолжува“, истакна министерот Серафимовски. Осврнувајќи се на ставовите изнесени од опозицискиот СДСМ, Серафимовски посочи дека оваа партија во текот на седумгодишното владеење не изградила стабилен систем на договорно производство, сигурен пласман и рамноправен однос меѓу лозарите и откупувачите. Тој оцени дека зад претходната власт останале наталожени проблеми и Закон за вино кој не ги затворил клучните слабости во секторот. „СДСМ денес најгласно зборува за прашањата што не успеа да ги реши додека ја имаше одговорноста. Сопствените пропусти не можат да се преименуваат во туѓа вина, ниту проблемите оставени со години да се претставуваат како да настанале денес“, порача министерот Серафимовски. Тој нагласи дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и надлежните институции остануваат целосно ангажирани до крајот на бербата, со очекување откупот во следните денови да продолжи со уште поголема динамика. „До лозарите упатувам апел продолжете да го предавате родот и пријавете го секој конкретен проблем на откупните места. Не дозволувајте непроверени и политички режирани објави да внесуваат неизвесност во деновите кога се вреднува вашиот целогодишен труд. Откупот тече, пунктовите работат, а нашата цел останува грозјето да добие пласман, а лозарите сигурна и навремена исплата за вложениот труд“, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалНејмар за новиот соиграч: Ако е ова сон, не сакам да се разбудам (ВИДЕО)Нејмар (34) не го криеше своето задоволство од доаѓањето на Филипе Кутињо во Сантос. Бразилскиот клуб објави видео од нивната средба во тренинг центарот, а Нејмар го поздрави својот долгогодишен пријател со прегратка и зборовите: „Ако ова е сон, не сакам да се разбудам“. Кутињо (34) потпиша договор со Сантос до крајот на сезоната. Тој е без клуб од февруари, кога го напушти Васко де Гама, клубот каде што порасна и се врати во 2024 година. Прв пат заедно во ист клуб Нејмар и Кутињо со години се соиграчи во бразилската репрезентација, но никогаш не играле заедно за ист клуб. Иако двајцата го носеа дресот на Барселона во текот на нивните кариери, нивните епизоди на Камп Ноу не се преклопуваа. Нејмар замина во Пари Сен Жермен во летото 2017 година, додека Кутињо од Ливерпул пристигна во Барселона во јануари 2018 година. "SE FOR UM SONHO, NÃO QUERO ACORDAR!" 😂💭 Veja como foi a recepção para Philippe Coutinho em sua chegada ao CT Rei Pelé! https://t.co/Xtdzk9fpEK — Santos FC (@SantosFC) September 14, 2026 Кутињо помина пет години во Ливерпул и го изгради својот статус на еден од најдобрите играчи од средниот ред во Премиер лигата. По трансферот во Барселона, тој играше и за Баерн, Астон Вила, Ал-Духаил и Васко пред да се врати во бразилскиот фудбал и да потпише за Сантос. Нејмар, пак, се врати во Сантос на почетокот на 2025 година, во клубот каде што ја започна својата професионална кариера и од кој замина во Барселона во 2013 година. Сантос сега има двајца поранешни играчи на бразилската репрезентација во истата соблекувална, а доаѓањето на Кутињо очигледно беше пречекано од Нејмар со посебно задоволство. Кутињо последен пат играше за Бразил во март 2022 година, додека Нејмар се збогува со репрезентацијата по Светското првенство оваа година.Тагови: Нејмар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГРОМ со најостра осуда на новата кривична пријава против претседателот на партијата, Стевчо ЈакимовскиГРОМ најостро ја осудува денешната нова кривична пријава против претседателот на партијата, Стевчо Јакимовски.Наместо човечност, наместо институционална воздржаност и наместо почитување на демократските принципи, гледаме континуирана политичка пресметка, Во исто време, Стевчо Јакимовски се наоѓа во болница и за само месец и половина помина низ три операции. Јавноста не е наивна. Граѓаните гледаат што се случува и со право прашуваат: Зошто повторно Јакимовски? Зошто токму сега кога пред само неколку дена Врховниот суд ги укина претходните пресуди против Стевчо Јакимовски и предметот го врати на повторно постапување. И зошто институциите се толку ажурни кога треба да се гони опозиционер, а толку бавни кога треба да се расчистуваат вистинските проблеми? Јавноста очекува кривични пријави, истраги и разрешница за дивоградбите во Чаир, за урбаниот хаос и за сите случаи во кои постојат сомнежи за незаконско постапување. Очекува одговори за тоа кој дозволувал, кој градел, кој потпишувал и кој со години ги затворал очите пред дивоградбите. Наместо тоа, добиваме нова пријава против човек кој во моментов се наоѓа во болница. Ова повеќе не изгледа како борба за владеење на правото. Ова изгледа како политичка пресметка со неистомисленици. ГРОМ ја повикува власта да престане да ги користи институциите како средство за заплашување и политички притисок. Не може едни да бидат недопирливи, а други постојано да бидат предмет на институционален прогон. Особено лицемерно е кога власта зборува за правда и владеење на правото, а јавноста секојдневно гледа селективност, двојни стандарди и институции кои очигледно имаат различни аршини за различни луѓе. Додека Јакимовски се бори за своето здравје во болница, власта продолжува да се пресметува со политичкиот противник. Тоа не е демократија. Тоа не е владеење на правото. И тоа не е Македонија каква што заслужуваат нејзините граѓани. ГРОМ бара институциите да постапуваат еднакво кон сите, транспарентно и без политички притисоци. И затоа уште еднаш прашуваме: КОГА ЌЕ ДОЈДЕ РЕДОТ НА ДИВОГРАДБИТЕ ВО ЧАИР? И ДО КОГА ВЛАСТА ЌЕ СЕ ПРЕСМЕТУВА СО ОПОЗИЦИЈАТА НАМЕСТО ДА ГИ РЕШАВА ПРОБЛЕМИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ? ГРОМ ќе продолжи да ја брани демократијата, политичкиот плурализам и правото на секој што мисли поинаку да биде слушнат – а не прогонуван. ГРАЃАНСКА ОПЦИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА – ГРОМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook