Во БиХ од коронавирус починал епидемиолог, член на СЗО за Југоисточна Европа

Во изолација на Клиниката за белодробни заболувања во Подхрастови од ефектите од инфекција со коронавирус починал 61-годишниот лекар Шефик Пашагиќ. Тој бил доктор епидемиолог и директор на компанијата Санитација d.o.o., пренесува Klix.ba.

Во исто време, Пашагиќ бил член на СЗО за Југоисточна Европа.

Пред да се разболи, се занимавал со коронавирусот и бил во постојан контакт со колегите од САД со кои разменувал знаење за овој вирус.

Тој, исто така, зборувал за коронавирусот додека гостувал на N1 телевизија на 16 март. Тој во тоа време рече дека се соочуваме со нов вирус за кој не знаеме ништо, бидејќи штотуку се појави и дека донесените мерки биле единствениот начин да се спречи ширење на истиот.

"Хигиената и дезинфекцијата се клучни работи во борбата против оваа болест. Луѓето треба да бидат свесни дека изолацијата може да им помогне на други луѓе. Секоја епидемија има свој врв, а ние не сме ни на почетокот. Тешко е да се каже што нè чека од оваа перспектива. Дезинфекција, професионална дезинфекција е клучот за превенција кога станува збор за сите заразни болести.” рекол тогаш докторот.

Потоа предупреди дека во наредните денови ќе одговори на голем број прашања.

„Помладите луѓе можат да бидат без симптоми , а да го имаат вирусот. Луѓето треба да разберат дека повеќе луѓе умираат од сезонски грип отколку од коронавирус“, рече Пашагиќ на 16 март.

Пашагиќ бил чест гостин и соговорник на бројни медиуми во БиХ, каде зборувал за теми во својата професија.

Речиси три четвртини од Полјаците се против испраќање полски и НАТО војници во Украина

Речиси три четвртини од Полјаците (74,8 проценти) не сакаат полски или НАТО војници да бидат испратени во Украина.

Речиси три четвртини од Полјаците (74,8 проценти) не сакаат полски или НАТО војници да бидат испратени во Украина, додека само 10,2 проценти од нив го поддржуваат ова решение, покажа анкетата на Институтот за пазарни и социјални истражувања (ИБРИС), спроведено по барање на полскиот весник „Речпосполита“.

Според истражувањето, 15 отсто од испитаниците немаат мислење во врска со тоа.

„Иако Полјаците не сакаат да испратат војници во Украина, тие се согласуваат да започнат преговори со НАТО и Украина за проширување на воздушната одбрана на територијата во близина на границата и овозможување соборување на руски ракети или беспилотни летала кои летаат кон Полска“, се наведува во истражувањето спроведено на крајот на февруари.

Се додава дека дури 69,3 отсто од испитаниците го поддржале ваквото решение, 17,6 отсто биле против, а 13,1 отсто немале мислење.

Мицкоски: Не очекувам власта да престане со црната кампања, ние ќе водиме позитивна кампања

Не очекувам власта да престане со црната кампања, додека ние ќе водиме позитивна кампања со проекти и решенија на проблемите.

Црната кампања е карактерна особина на оваа влада. Не очекуваме дека ќе престане таа нивна црна кампања која изобилува со монтажи, со навреди, со многу измислици и клевети, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата на Општина Гевгелија, запрашан од новинарите дали во пресрет на почеток на изборната кампања очекува фер кампања од власта.

Тој истакна дека, што се однесува до ВМРО-ДПМНЕ, нема да води црна кампања затоа што македонските граѓани знаат дека Македонија од осамостојувањето немала полоша влада, од оваа на СДСМ и ДУИ и затоа ќе води позитивна кампања со презентација на проекти и решенија за проблемите на граѓаните.

„Нашата цел е во оваа кампања да водиме позитивна кампања, односно да зборуваме за проекти и да зборуваме за решенија на проблемите на граѓаните, а не да се оптеретуваме со тоа, кој колку бил лош бидејќи сите граѓани знаат дека владата на СДСМ и ДУИ беше лоша. Односно, да бидам попрецизен, полоша влада од осамостојувањето на Македонија немало“, рече Мицкоски.

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ:

Арсовска избрана во Совет на Европа на Конгресот на локални власти за портпарол и координатор

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денес во Совет на Европа на Конгресот на локални власти едногласно е избрана за портпарол и координатор за следење и спречување на корупција на локално и регионално ниво.

Арсовска минатата година беше избрана за потпретседател на Европската народна партија за локални власти, а годинава со нов мандат за портпарол и координатор за следење и спречување на корупција на локално и регионално ниво ќе ги води и следи процесите на почитување на Европскиот кодекс на однесување за сите лица вклучени во локалното и регионалното управување.

Нејзини надлежности меѓу другите се да го координира и подобри влијанието на работата на Конгресот за спречување на корупцијата во локалните власти, да известува за утврдени случаи на корупција на локални и регионални власти и да ја промовира стратегијата на Конгресот за спречување на корупцијата и унапредување на јавната етика на локално и регионално ниво.

Арсовска ќе го претставува Конгресот на сите значајни настани организирани од Советот на Европа и меѓувладиниот сектор за прашања на јавната етика и справување со корупцијата, организира и координира активности со Групата држави против корупција (ГРЕКО), со цел идентификување и размена на добри практики, решенија за предизвиците и начини за промовирање на јавната етика и спречување на корупцијата.

притисни ентер