Во Бигорски наречение за новиот епископ антаниски, Партениј - Канал 5

Во Бигорски наречение за новиот епископ антаниски, Партениј

 Ве покануваме и вас, возљубени, да бидете дел од големото торжество, за сите заедно да се помолиме на нашиот Господ Исус Христос.

Во Бигорски наречение за новиот епископ антаниски, Партениј

Во свештената Бигорска обител денеска од 18 часот ќе се изврши наречението за епископ на архимандрит Партениј, игуменот на Бигорскиот манастир, а утре на празникот посветен на апостолите св. Петар и св. Павле, во храмот „Света Софија" во Охрид од 8:30 часот ќе биде отслужена празнична Божествена литургија, на која Партениј ќе биде хиротонисан за епископ антаниски.

– Ве покануваме и вас, возљубени, да бидете дел од големото торжество, за сите заедно да се помолиме на нашиот Господ Исус Христос, да му испрати благодатни сили на нашиот духовен татко, та да може достојно да го понесе товарот на новата архијерејска служба, соопшти Бигорскиот манастир.

Оттаму ги замолуваат сите присутни поклоници и посетители совесно да се придржуваат до сите пропишани мерки за здравствена заштита, кои, пред сѐ, вклучуваат задолжително носење заштитна маска и запазување на потребното растојание.

За таа цел, наведуваат, за присутните посетители ќе бидат обезбедени посебни заштитни маски, а ќе биде ангажирана и високопрофесионална агенција за обезбедување, којашто ќе се погрижи за максимално спроведување на редот и одржување физичка дистанца. Исто така, во тоа ќе помагаат и службениците на СВР Охрид, кој е веќе информиран за настанот.

Во соопштението се истакнува дека со оглед на тоа дека мерките предвидуваат и ограничен број присутни во храмот, во кој ќе можат да влезат одреден број свештенослужители и гости, за да им се овозможи на сите верници молитвено учество во настанот, во Бигорски и во Охрид ќе бидат обезбедени надворешни видеоекрани, на кои ќе се врши директен пренос од богослужбата.

За во Охрид се предвидени три видеоекрани, едниот на влезот на „Св. Софија", другиот на западниот трем каде што е амфитеатарот и третиот на плоштад, сѐ со цел подобро распоредување на граѓаните, за да се избегне формирањето поголема толпа. Со специјален ангажман на комуналното претпријатие во Охрид, во неделата пред да започне богослужбата ќе се изврши целосно дезинфицирање на храмот.

Известуваат и дека по повод овој многу значаен настан, на 12 јули, недела, Бигорскиот манастир ќе биде затворен за посетители до 15 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клучна одлука за автомобилите во ЕУ: Брисел дефинира кој може да ја носи ознаката „Made in Europe “

Европската унија утврдува што се смета за европски автомобил или компонента.

Клучна одлука за автомобилите во ЕУ: Брисел дефинира кој може да ја носи ознаката „Made in Europe “

Во Европската унија се водат важни дискусии за идните критериуми за ознаката „ Made in Europe “, одлуката што ќе произлезе од нив би можела значително да влијае врз автомобилската индустрија и конкуренцијата од Кина.

Се разгледуваат правила што би им дале предност на европските производи во јавните набавки и во програмите за државна поддршка за стратешките сектори.

Клучно прашање е прецизното дефинирање на тоа кога еден автомобил или негова компонента се квалификуваат како европски производ. Исто така, од особена важност е да се утврдат условите под кои производите и деловите од трети земји би можеле да го добијат истиот статус, пренесува „Revija HAK“.

Според информативниот портал „Contexte“, предвидено е „Coreper I“ – Комитетот на постојани претставници на земјите-членки на ЕУ – да расправа за оваа тема на 7 октомври.

ЕУ се соочува со дилема: правилата треба да го поттикнат производството во рамките на Унијата без притоа да ги загрозат меѓународните синџири на снабдување или обврските кон трговските партнери.

Последиците за купувачите на автомобили остануваат нејасни. Поширока дефиниција за „ Made in Europe “ би им овозможила на автомобилите со поголем удел на компоненти од партнерски земји да го задржат пристапот до европските програми за поддршка и договорите за јавни набавки.

Од друга страна, построгите правила дополнително би го фаворизирале производството лоцирано во ЕУ.

Конечната одлука би можела да има долгорочни последици врз потеклото, достапноста и цената на автомобилите што се продаваат на европскиот пазар.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вучиќ во кампања за предвремените парламентарни избори на 25 октомври

Вучиќ –кој е  носителот на листата „Александар Вучиќ – обединета Србија“  изјавил дека во Загреб, Подгорица, Сараево и Приштина со голем жар посакуваат соборување и промена на актуелната власт во Србија.

Вучиќ во кампања за предвремените парламентарни избори на 25 октомври

Албин Курти и Мило Ѓукановиќ до Андреј Пленковиќ, сите сакаат соборување на власта во Србија. А дали тие сакаат нешто добро за Србија?“, прашал Вучиќ.

На предизборниот собир тој кажал и дека некој однадвор ја отрул атмосферата во земјата, сакајќи да ја промени политиката на Србија, пред се на меѓународно ниво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Министерството за надворешни работи на Никарагва објави дека земјата се повлекува од Централноамериканскиот парламент.

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила веднаш, пренесува Ројтерс.

Владата на Никарагва не одговори на барањето за коментар.

Овој потег уследи еден ден откако Организацијата на американските држави (ОАД) усвои резолуција со која се повикуваат властите во Никарагва да ги ослободат политичките затвореници и да ги вратат граѓанските слободи.

Никарагва ја напушти ОАД во 2023 година, тврдејќи дека оваа дипломатска организација станала инструмент на интервенционизмот на САД.

Земјата, исто така, во 2025 година објави дека ќе се повлече од Советот за човекови права на ОН, по извештајот на Обединетите нации во кој меѓународната заедница се повикува да реагира на кршењето на човековите права во земјата.

Политичка криза во Никарагва

Никарагва се наоѓа во состојба на политичка криза од април 2018 година, кога полициските сили ги задушија масовните протести, притоа загинаа повеќе од 350 луѓе, околу 2.000 беа повредени, а илјадници беа уапсени или избегаа од земјата.

Владата на Никарагва, предводена од претседателот Даниел Ортега и неговата сопруга Росарио Муриљо, минатиот јули објави дека земјата повеќе нема да одржува избори. Ортега е на власт во континуитет од 2007 година, откако претходно ја извршуваше функцијата претседател во 80-тите години на минатиот век.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер