Во библиотеката во Ватикан е пронајден фрагмент од Евангелието стар 1750 години - Канал 5

Во библиотеката во Ватикан е пронајден фрагмент од Евангелието стар 1750 години

Историчарот и член на Австриската академија на науките (ÖAW) и експерт за средновековието, Григориј Кесел откри уникатен фрагмент од превод на Новиот завет стар 1750 години во ватиканската библиотека.

Во библиотеката во Ватикан е пронајден фрагмент од Евангелието стар 1750 години

Кесел нашол фрагмент од ракописот од сириски превод од грчки, напишан во третиот век бил препишан во шестиот, на ракопис покриен со друг текст. Станува збор за две страници на кои речиси е завршена 12-та глава од Евангелието според Матеј, пишува Dpa.

Ова е единствениот познат остаток од ракопис што сведочи за верзијата на сирискиот превод од грчки и нуди уникатен пристап кон многу раниот период од историјата на пишаното Евангелие, објави ÖAW.

Пред околу 1.300 години, писар во Палестина го избришал оригиналното евангелие напишано на сириски јазик, објави Академијата. Бидејќи во средниот век пергаментот бил многу редок во пустината, пишуваните документи на папирус често биле повторно користени. До неодамна биел познати само три ракописи од старосирискиот превод на евангелијата.

Новопронајдениот фрагмент од ракопис може да се смета за четврти текстуален доказ, објави ÖAW.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Се урна „самовилски оџак“ во Кападокија поради обилни дождови

Во познатото туристичко место Кападокија во Турција, во близина на Музејот на отворено во Гореме, се урнаа дел од светски познатите таканаречени самовилски оџаци.

Видео: Се урна „самовилски оџак“ во Кападокија поради обилни дождови

Во познатото туристичко место Кападокија во Турција, во близина на Музејот на отворено во Гореме, се урнаа дел од светски познатите таканаречени самовилски оџаци а бројот на жртви засега е три од кои две се брачен пар од Турција а една е странска туристка чија националност се уште не е позната.

Жртвите биле заробени под карпите. Има и пет полесно повредени лица, изјави турскиот министер за здравство Кемал Мемишоглу.

Одронот се случил бидејќи обилните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето, објави гувернерот на невшехир - Хусеин Кок. Полицијата, жандармеријата, агенцијата за катастрофи како и здравствените тимови се испратени во градот Гореме, а потрагата по евентуално исчезнати лица и спасувањето продолжуваат.

Турите со балони на топол воздух по кои исто така е позната Кападокија, поради временските услови од дожд и ветер, привремено се откажани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Шпагети со сирење

Во петок (23.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Марио Стојановски

„Гответе со Дракче“ - Шпагети со сирење

Состојки за денешниот рецепт:

250 гр. шпагети

150 гр. сирење

150 гр. кечап

масло

сол и малку магдонос

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Започна евакуацијата на жителуте на Олешки во регионот Херсон

Евакуацијата започна, подготвени се 25 автобуси, оние што сакаат да заминат имаат рок до 14:00 часот. 

Видео: Започна евакуацијата на жителуте на Олешки во регионот Херсон

Во градот Олешки, во регионот Херсон, започна голема хуманитарна операција, јавуваат руските медиуми. За евакуација на цивилното население обезбедени се 25 автобуси со најмалку 750 седишта.

Рускиот комесар за човекови права, Јана Лантратова, изјави дека се обезбедени сите неопходни безбедносни услови за евакуација, а жителите што сакаат да го напуштат градот ќе можат да го сторат тоа до 14:00 часот, по што ќе започне распределбата на хуманитарна помош.

Во операцијата учествуваат повеќе од 50 медицински експерти, додека во градот пристигнаа и над 50 новинари од различни земји, вклучително и од Соединетите Држави, за да го следат спроведувањето на хуманитарната мисија.

„Американски новинари, новинари од различни земји, вкупно повеќе од 50 претставници на медиумите. Токму затоа сè се одвива отворено, што е многу важно“, изјави Лантратова, пренесува „Спутник“.

Таа потврди дека режимот на прекин на огнот во зоната на хуманитарната операција сè уште се почитува и дека не се забележани никакви инциденти.

„Режимот на прекин на огнот во областа на хуманитарната мисија во Олешки се одржува. Немаше инциденти. Руската и украинската страна целосно ги исполнуваат своите обврски“, напиша исто така Лантратова на платформата „Макс“.

Комесарката исто така најави дека патува во тој град заедно со украинскиот омбудсман, Дмитриј Лубинец, за да ја координира хуманитарната операција. „На пат сме кон Олешки со комесарот на Врховната рада на Украина за човекови права, Дмитриј Лубинец. Заедно ја координираме реализацијата на договорите постигнати со посредување и координација на првата дама на САД, Меланија Трамп“, изјави таа.

Олешки се наоѓа на левиот брег на Днепар, спроти градот Херсон, кој е под контрола на украинските сили. Според руската страна, во градот настанала тешка хуманитарна ситуација поради дејствијата на украинската војска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер