Филипче: Денеска со длабока почит се сеќаваме на бранителите кои кај месноста Љуботенски бачила, ги положија своите животи за мирот во Македонија
1Филипче: Денеска со длабока почит се сеќаваме на бранителите кои кај месноста Љуботенски бачила, ги положија своите животи за мирот во Македонија
МакедонијаВо Берово од денеска мобилен тим за поддршка на стари и изнемоштени лицаВо Берово од денеска почнува да функционира мобилен тим за помош и подршка на стари и изнемоштени лица и лица со посебни потреби. Целта на формирањето на тимовите е поголема колективна безбедност и превенција на населението, во услови на актуелната состојба со КОВИД19. -За да не остваруваат директен контакт со останатите лица и да се изложуваат на дополнителна опасност од инфицирање, доколку имаат потреба од набавка на лекарства, прехранбени производи и средства за хигиена, ќе можат да се до 18:00 часот, да се јават на следниве телефонски броеви: 033/550-999 – Старечки Дом „Д-р Иван Влашки” – Берово, 075/307-144 Живка Каламадевска, 071/384-771 Биљана Марковска и 078/568-818 Новица Печински, информира Општината. Од 07:30 часот до 15:30 часот, како што додадоа на располагање е и телефонскиот број на општина Берово 033/471-057. -После повикот, од страна на лице на кое што му е потребна помош или поддршка, мобилниот тим на општина Берово, доаѓа во домот на нарачателот, за да ја прими нарачката, со соодветни средства за набавка на истата, додадоа од општината. Јавното здравје е заедничка одговорност и затоа почитувајќи ги мерките на Владата на Република Северна Македонија, изречени поради актуелната состојба со корона вирусот, сите заеднички да допринесеме, за никој да не биде погоден, додаде градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЏеф Безос со партнери купуваат една третина од ЛиверпулКонзорциум, во кој е вклучен и основачот на „Амазон“, мулти-милијардерот Џеф Безос, е блиску до договор за купување на околу една третина од сопственичкиот удел во славниот фудбалски клуб „Ливерпул“. Мнозинскиот сопственик на клубот, „Фенвеј спортс груп“ (FSG), кој управува со „Ливерпул“ од 2010 година, се подготвува да објави трансакција што би можела да се реализира уште оваа недела. Детали за инвестицијата Доколку дојде до склучување на договорот, Безос ќе му се придружи на Едуардо Саверин, еден од коосновачите на „Фејсбук“, во инвестициската група. Групата ја предводи Амит Батија, зет на индустријалецот Лакшми Митал и до неодамна акционер во клубот „Квинс Парк Ренџерс“. Според еден извор, објавувањето на веста се очекува во наредните денови, но постои можност тоа да се одложи за следната недела. Со влезот на овој конзорциум во сопственичката структура, некои од најбогатите луѓе во светот ќе станат косопственици на „Црвените“ од Енфилд. „Форбс“ го проценува богатството на Безос на повеќе од 280 милијарди долари, а она на Саверин на повеќе од 32 милијарди долари. Со оваа инвестиција, вредноста на клубот би се проценила на шест милијарди долари, со што договорот би се вброил меѓу најскапите во историјата на спортот. Иако Безос претходно не се поврзувал со бизнисот во фудбалот, неговото можно вклучување во конзорциум за Ливерпул потврдува дека инвеститорите сè повеќе го гледаат спортот како посебна класа на средства. Во 2022 година, Саверин (44) беше дел од конзорциум што неуспешно се обиде да го купи Челзи на аукција организирана по руската инвазија врз Украина. Извор запознаен со преговорите укажува дека договорот би можел да биде поголем од првично објавеното и потенцијално да вклучува удел поголем од 30 проценти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче: Денеска со длабока почит се сеќаваме на бранителите кои кај месноста Љуботенски бачила, ги положија своите животи за мирот во МакедонијаДенеска со длабока почит се сеќаваме на бранителите кои на 10 август 2001 година, кај месноста Љуботенски бачила, ги положија своите животи за мирот во Македонија, објави на својот профил на Фејсбук, Венко Филипче. Осум животи згаснаа исполнувајќи ја својата должност кон државата. Зад секое име стои човек, семејство, живот и празнина што времето не може да ја избрише. Споменот на загинатите бранители, за нас треба да биде потсетник дека поделбите, омразата и конфликтите никогаш не носат подобра иднина и напредок. Општеството се движи напред кога заеднички ја градиме иднината на државата без омраза и поделби. Наша должност е да се сеќаваме на бранителите кои ги загубија животите со почит, но и да направиме сè за идните генерации да живеат во мирна, безбедна и просперитетна Македонија. Вечна им слава!- стои во објавата на првиот човек на СДСМ, Венко Филипче. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВидео: Поранешен тајландски пратеник уби локален функционер. „Не сакав да пукам во него.“Поранешниот тајландски пратеник Чалонг Риевранг е уапсен под сомнение дека пукал во локалниот функционер Тонгчај Јенпрасерт во провинцијата Нонтабури. По пукањето, Риевранг се јавил кај една политичка коментаторка среде нејзиниот пренос на YouTube и го признал делото, пренесува Би-би-си. Убиството се случило во понеделникот пред канцеларијата на Тонгчај Јенпрасерт. Тој бил застрелан во вратот и подоцна починал во болница, додека неговиот возач бил ранет во раката. Кратко по нападот, Чалонг Риевранг се јавил кај Анчали Паирерак, која водела политичка емисија во живо на YouTube. На снимката се гледа како водителката го прима повикот и како изразот на нејзиното лице се менува додека го слуша соговорникот. „Дали е мртов? Дали пукавте во неговата глава? Мора да ја почекате полицијата. Не одете никаде“, рекла шокираната водителка во телефонот. Гледачите не можеле да го слушнат Риевранг, но од нејзината реакција било јасно дека сведочат на признание за извршеното кривично дело. Nonthaburi PAO President Dies After Shooting; Former MP in Custody Nonthaburi PAO President Pol Col Thongchai Yenprasert succumbed to his injuries at 2.36 pm on Monday after being shot earlier in the day. A bullet struck his neck near a major artery, causing massive blood loss.… pic.twitter.com/VE1C4Fbhc0 — Thai Enquirer (@ThaiEnquirer) August 10, 2026 Риуранг подоцна е уапсен, а полицијата му дозволила да одржи прес-конференција во станицата. Таму, тој пред новинарите ја изнесе својата верзија за настаните. Тврдеше дека немал намера да пука во Јенпрасерт, кого го опиша како добар пријател. [Breaking] Former Nonthaburi MP Chalong Riewrang allegedly shot dead Nonthaburi PAO President Pol Col Thongchai Yenprasert inside his office on Monday. The shooting occurred at about 11.29 am at the Nonthaburi Provincial Administrative Organisation headquarters in Muang… pic.twitter.com/Q5vPl6GqNI — Thai Enquirer (@ThaiEnquirer) August 10, 2026 Според него, Јенпрасерт бил лут на него, иако не ја објасни причината за конфликтот. Риуранг рече дека сакал само да разговара со Јенпрасерт. „Ме оттурна и рече дека не сака да разговара“, изјави Риуранг. Додаде дека потоа го следел до неговиот автомобил. „Кога го извадив пиштолот, немав намера да пукам во него. Но, тогаш неговиот возач го извади својот пиштол и го впери кон мене, па затоа пукав“, објасни тој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook