СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар - бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО-ОКГ со вода
1СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар - бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО-ОКГ со вода
Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
2Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
Омилен, но потценет летен деликатес: Пченката го поддржува здравјето на очите, го регулира варењето и го штити срцето
2 Омилен, но потценет летен деликатес: Пченката го поддржува здравјето на очите, го регулира варењето и го штити срцето
3 Основачот на OpenAI: „Поради вештачката интелигенција ќе се работи уште повеќе, но потајно ќе бидеме посреќни“
МакедонијаВо Берово едукативно-информативен настан под мотото „Огнот не простува – а шумата е живот“На 26 јули, на плоштадот во Берово се одржа едукативно-информативен настан под мотото: „Огнот не простува – а шумата е живот“.На 26 јули, на плоштадот во Берово се одржа едукативно-информативен настан под мотото: „Огнот не простува – а шумата е живот“, со цел подигнување на јавната свест за значењето и заштитата на шумите, како и за важноста од превенција и навремена реакција при шумски пожари, се наведува во соопштението на Еко-зелено движење Берово и Центар за климатски промени, што МИА го пренесува целосно. Со настанот беше испратена јасна и силна порака: „Обучени и опремени професионалци на терен ни требаат за гаснење, свесни граѓани и најмлади со вистински вредности ни требаат за одговорно живеење – но законски измени и системски решенија се клучни за спречување на шумските пожари во иднина.“ Настанот се одржа токму додека на планината Готен беснееше повеќедневен пожар, кој опожари огромна шумска површина и се заканува да ги зафати блиските населени места. Тоа беше дополнителен повод да се испрати повик за мобилизација и заедничка акција – за поддршка во гаснењето, но и во спречување на понатамошно ширење на огнената стихија. Повик за итна реакција и соработка Настанот го отвори Дина Муцунска од Еко-зелено движење, Берово, која со страст и загриженост зборуваше за опасностите од пожарите, улогата на човечкиот фактор, илегалната сеча и итната потреба од пошумување. Нејзината порака беше недвосмислена: „Шумите се наш најголем сојузник во борбата со климатските промени. Малешевијата веќе трпи последици. Ако не делуваме сега – утре ќе биде доцна.“ Градоначалникот на Берово, г. Ѕвонко Пекевски, ја потенцираше важноста на солидарноста и локалната вклученост: „Секој од нас може да биде дел од решението. Пожарите не прашуваат – тие бараат заеднички одговор.“ Претставници од ТППЕ Берово ја пренесоа суровата реалност од теренот – борбата со огнот, ризикот, храброста, заморот.... Нивните зборови и искуства беа сведоштво кое никого не оставија рамнодушен. Шумите се повеќе од дрвја Војо Соколовски од Националното здружение на приватни шуми зборуваше со длабока загриженост: „Шумите не се само дрвја – тие се белите дробови на земјата, засолниште за животот, извор на вода, храна и воздух. Без нив – нема ништо.“ Граѓанска акција – сила во прва линија Доброволното противпожарно друштво од Пехчево ја сподели својата инспиративна приказна за основање, обука и дејствување. Нивниот пример служеше како повик до Берово – повторно да се активира локалното доброволно друштво, бидејќи: „Секој обучен и опремен човек е додатна сила на страната на шумата и животот, особено во руралните и планинските средини.“ Системски решенија за одржлива заштита Бојана Станојевска Пецуровска од Центарот за климатски промени повика на конкретни и итни законски измени: • Забрана за сеча и стопанисување со дрва на опожарени подрачја • Забрана за трансформација на опожарено земјиште во градежно • Строги казни за подметнувачите на пожари „Само вака ќе ставиме крај на пожарите подметнати од алчност – и ќе ја зачуваме природата за генерациите што доаѓаат.“ Чин на сеќавање и обврска Во знак на сеќавање на настанот, но и како жив симбол на обврска кон природата, беше засадено дрво на плоштадот во Берово. Тоа дрво ќе расте заедно со пораката што ја оставивме – дека ова не е само еден ден, туку почеток на нова свест. „Јас не палам“ – лична заложба Присутните граѓани симболично се потпишаа на декларацијата „Јас не палам“, изразувајќи лична и јавна заложба за заедничкото добро, која ќе биде потсетник на колективната одговорност што ја носиме сите. Децата – чувари на иднината Посебен момент беше учеството на децата од градинката „23 Август“. Нивните цртежи, стихови и пораки беа гласни и јасни: „Шумата е живот. Не ја палете. Чувајте ја.“ За своето учество, секое дете доби сертификат и симболичен подарок – мало дрвце што ќе го засади со семејството, со мотото „Посади љубов, расти одговорност“. Овие дрвца се семето на нашата иднина. Настанот беше организиран од Еко-зелено движење – Берово и Центарот за климатски промени, со поддршка од: Општина Берово, ТППЕ Берово, Подрачно одделение на ДЗС Берово, ЈП Национални шуми / Шумска полиција, НЗ Приватни шуми, ДПД Пехчево и Локалната градинка „23 Август“ – Берово ЕКО ЗЕЛЕНО ДВИЖЕЊЕ, БЕРОВОТагови: Берово Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар - бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО-ОКГ со водаВладата на Мицкоски преку Службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100.000 евра.Додека граѓаните на Гостивар со недели пиеја загадена вода и илјадници луѓе се соочуваа со здравствени последици, Владата на Мицкоски преку Службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100.000 евра. Договорот, поради кризата, е склучен со директно договарање, без јавен оглас. Бизнис зделка од 100.000 евра без тендер. Според достапните информации, договорот е склучен со „Кожувчанка“, компанија која е сопственост на градоначалникот на Општина Кавадарци, а постапката ја спровел директорот на СОЗР, Ивица Томовски. Голема грижа на тендер патриотите Мицкоски и ВМРО-ОКГ, бизнис зделка од 100.000 евра без тендер. Така замислуваат и со криминалниот Закон за Скопје 2028, без тендери, само свои компании. Поради тендер патриотите отруена е цела Македонија а одговорни нема. Ниту еден. Граѓаните се трујат и одат по болници, институциите молчат и доцнат со реакција. Ништо не функционира освен бизнис зделките на тендер патриотите. Дури и во овие моменти кога народот се труе, они тераат бизнис и профитрираат. Профитираат на грбот на народот и на здравјето на луѓето. Скопје, 05.08.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТенисАлкараз се повлече и од Мастерс турнирот во СинсинатиКарлос Алкараз повторно се откажа од еден турнир, младиот Шпанец со месеци се надвор од терените поради повреда, сега јавноста со право се прашува ќе настапи ли тој на следниот грен слем во Њујорк УС Опен? Вториот тенисер во светот, Карлос Алкараз, се повлече од Мастерс турнирот во Синсинати поради повреда на зглобот, па така нема да ја брани титулата освоена минатата година. Карлос Алкараз нема да настапи на турнирот „Мастерс“ во Синсинати, бидејќи одлучи да го продолжи закрепнувањето од повредата на зглобот. Шпанскиот тенисер последен пат настапи во април на турнирот во Барселона, кратко откако играше во финалето на „Мастерс“ турнирот во Монте Карло. Алкараз има учинок од 22 победи и три порази оваа сезона и моментално е второрангиран на АТП-листата. Тој ја започна сезоната на најдобар можен начин со освојување на „Австралија опен“, со што го комплетираше својот „Гренд слем“ во кариерата. Титулата во Мелбурн беше единствениот голем трофеј што му недостигаше во колекцијата.Тагови: Карлос Алкараз тенис Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаСедница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употребаВодата во Гостивар останува забранета за употреба.Надлежните по седницата на Главниот штаб за кризи најавија почести мерења на квалитетот и дополнителни снабдувања на гостиварци со цистерни и со флаширана вода. Од ЈП „Водовод и канализација“ велат дека бактеријата Proteus mirabilis ( проетус мирабилис), која беше пронајдена во дел од примероците, е очекувана поради застојот на водата во системот за време на целосната забрана за користење. Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и останува да се користи исклучиво за технички потреби. На состанокот било одлучено во наредниот период да се интензивираат контролите на квалитетот на водата, се додека не се добијат три последователни исправни микробиолошки анализи. До тогаш, жителите ќе продолжат да добиваат флаширана вода, досега се дистрибуирани речиси 600 илјади литри. Во меѓувреме, Министерството за здравство информира дека вчера биле регистрирани 78 прегледи, шест помалку од претходниот ден. Тагови: Гостивар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter