БалканВо Белград последни подготовки за тридневниот митинг „Не ја даваме Србија“Митингот официјално ќе почне денеска во 17 часот со содржини пред зградата на српскиот Парламент.Во тек се подготовките во центарот на српскиот главен град за тридневниот собир на „Движењето за народот и државата“ што го најави претседателот на државата, Александар Вучиќ, и ќе се одржи од 11 до 13 април, јави дописникот на МИА од Белград. Митингот официјално ќе почне денеска во 17 часот со содржини пред зградата на српскиот Парламент. Во центарот на Белград се поставуваат три бини. Митингот ќе почне со дефиле симболично со дефиле на знамиња – државното, како и на 162 од локалните самоуправи и од Косово. Тоа според претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ ќе означува – единство, што го претставува тој собир. Пред Парламентот се поставени голем број бели шатори, околу Пионирски парк (спроти Собранието) има голем број трактори. Тридневниот собир на луѓе од цела Србија е под мотото „Не ја даваме Србија“. Ќе има голем број културно-забавни програми и промовирање политички идеи и барања. Централниот настан ќе се одржи пред Народното собрание в сабота во 19 часот. Поставени се и видео бимови, а планирани се и бројни придружни содржини – од штандовите на локалните самоуправи, Поштенска штедилница, презентацијата на туристичката понуда на Србија, до специјални кутии каде граѓаните ќе можат да оставаат пораки и предлози за името на новото „Движење за народот и државата“. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ синоќа изјави дека граѓаните ќе имаат можност в недела, на митингот, да се изјаснат преку гласачки ливчиња и да дадат предлог за името на движењето за народот и државата, кое до 28 јуни (Видовден) ќе го добие името. „Народот ќе одлучи за името, ќе има можност да го направи тоа и в недела, бидејќи ќе имаат таканаречени гласачки ливчиња за да го напишат својот предлог. Има седум или осум предлози за името на движењето. Потоа повторно на долга дебата и гласање. Се треба да заврши на 28 јуни на Видовден“, рече Вучиќ. Зборувајќи за собирот по повод формирањето на тоа движење за народот и државата тој истакна дека е горд на таа иницијатива и дека движењето веќе привлекло огромно внимание кај граѓаните. „Тоа е движење кое мора да понуди дијалог, но движење кое не смее да бега од спротивставени мислења, бидејќи ни треба демократија, ни требаат различни мислења. Нема општество во светот кое не е потребно“, рече Вучиќ. Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека Вучиќ на централниот состанок на движењето за народот и државата в сабота ќе ги изнесе барањата со кои ќе продолжи да се гради уште посилна и постабилна Србија. Таа денеска ги повика сите граѓани на митингот на Движењето за народот и нагласи дека тоа е средба на единството и државноста. Брнабиќ посочи дека тоа ќе биде прва средба на која ќе се слушне гласот на граѓаните и дека е можност да се запрат поделбите што постојат во општеството. „Србија мора да разговара и нема повеќе поделби“. Брнабиќ најави дека граѓаните ќе можат да го видат и дочекот на најдолгото српско знаме во историјата – долго 200 метри и симболизира единство „Тоа е и во чест на Србите од Косово и Метохија кои пеш одат кон Белград. Се уште гледаме од која насока доаѓаат, но најверојатно ќе се развие пред Владата на Србија. Таму ќе биде претседателот на Србија, Александар Вучиќ кој ќе го развива и ќе го носи заедно со народот“, рече таа. Според нејзините зборови, на средбата ќе бидат истакнати вкупно 162 знамиња, меѓу кои се и знамињата на државата и локалните самоуправи низ Србија и јужната српска покраина. „Значи, да покажеме дека доста е од поделби, дека Србија е една и единствена и дека е во ред да имаш поинакво мислење во Србија и дека тоа не значи автоматски дека си „чаци“, дека е во ред да имаш поинакво мислење“, посочи Брнабиќ. Таа потсети дека централната манифестација е утре и ги повика граѓаните да бидат таму утре околу 13 часот. „На бината пред црквата Свети Марко ќе имаме детска програма. Ќе има многу туристички штандови и неколку пунктови каде што ќе можат да разговараат со советниците на претседателот и да му испраќаат писма, на кои претседателот ќе одговори“, нагласи Брнабиќ. „Движење за народот и државата“ е регистрирано врз основа на апликација поднесена на 28 март. Формирањето на тоа движење се најавува веќе 2,5 години. Основано е, како што се наведува, со цел да се постигнат цели на полето на „современ развој и просперитет на државата, односно Република Србија и зајакнување на свеста за народот и државата“. Како што е наведено во Статутот, целите на здружението се „да се подигне свеста за важноста на државниот и националниот суверенитет“; „застапување за просперитет, напредок и современо државно организирање“ и „промоција и афирмација на можностите за придонес во развојот на националната свест“. Првите најави за формирање на Движењето дојдоа во септември 2022 година. Во март следната година, претседателот на Србија објасни дека движењето е замислено како место за луѓе кои сакаат да „дадат поддршка за зачувување на Србија во тешки времиња, на непартиска основа“. Состанокот на иницијативниот одбор за основање се одржа 23 март во Белград. Како што објави претседателот на Србија, Александар Вучиќ на својот Инстаграм профил, со него на средбата биле „неколку членови на Српската академија на науките и уметностите (САНУ), неколку редовни професори на факултети, претседателот на Матица Албана во Србија и други. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЛегендарниот Титаник имал близнак, но и неговата судбина е кобна!!„HMHS *Britannic“, третиот и последен брод од класата *Olympic* на компанијата „Вајт стар лајн“ (White Star Line), потонал на 21 ноември 1916 година во Егејското Море, во близина на островот Кеа, за време на Првата светска војна. Овој луксузен прекуокеански брод, кој бил пренаменет во болнички брод, се сметал за најбезбедното пловило од својата класа; сепак, една експлозија — речиси сигурно предизвикана од поморска мина поставена неколку дена претходно од германската подморница U-73 — го испратила на дното за 55 минути. Од 1.066 луѓе кои се наоѓале на бродот, 30 ги загубиле животите. До ден-денес, *Britannic* останува најголемиот потонат патнички брод во светот. Изградба и пренамена во болнички брод Бродот *Britannic* бил поринат на 26 февруари 1914 година во бродоградилиштето „Харланд и Волф“ (Harland & Wolff) во Белфаст, како сестрински брод на *Olympic* и *Titanic*. Бил долг приближно 269 метри и имал нешто поголем тонажен капацитет од Титаник. По трагедијата од 1912 година, биле воведени дополнителни безбедносни мерки, вклучувајќи зајакнати прегради, проширен систем на водонепропусни комори и значително поголем број чамци за спасување. Бродот никогаш не стапил во комерцијална употреба. Со избувнувањето на Првата светска војна во 1915 година, тој бил пренаменет во болнички брод — под ознаката HMHS *Britannic* — со бел труп, црвени крстови и зелена лента. Бил опремен со операциони сали и повеќе од илјада болнички кревети, а екипажот вклучувал и медицински персонал — меѓу кои била и Вајолет Џесоп, која преживеала и на Титаник, а подоцна и на *Britannic*. Во ноември 1916 година, бродот пловел кон Мудрос на островот Лемнос. На 21 ноември, околу 8:12 часот наутро, додека минувал низ каналот Кеа, одекнала силна експлозија на десната страна од прамците. Водата брзо навлегла во неколку предни оддели, предизвикувајќи бродот да се навали и незапирливо да тоне. Капетанот Чарлс Бартлет се обидел да го насука бродот на брегот, но не успеал. Евакуација и жртви Евакуацијата била многу поуспешна отколку на „Титаник“. Вкупно биле спуштени околу 35 чамци за спасување, повеќето од нив без поголеми проблеми. Најголемата трагедија се случила кога два чамца биле спуштени прерано, додека пропелерите сè уште работеле, поради што биле вовлечени и уништени. Во тие несреќи загинале 30 луѓе – што биле и единствените жртви при потонувањето. „Британик“ исчезнал под површината во 9:07 часот. Повеќето патници и членови на екипажот биле спасени благодарение на брзата реакција на бродовите во близина, како и на релативно топлото море за доцна есен. Остатоците од бродот биле откриени од Жак Кусто во 1975 година. Бродот лежи на својата десна страна, на длабочина од приближно 120 метри, и е исклучително добро зачуван. Денес, тој е заштитен со грчкиот закон, а пристапот е дозволен само за искусни технички нуркачи. Иако останува во сенката на „Титаник“, судбината на „Британик“ е подеднакво фасцинантна: бродот, кој никогаш не служел како патнички брод, го завршил својот век како симбол на воената трагедија, медицинската храброст и големите технолошки амбиции од почетокот на 20. век.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаШефот на британските воздухопловни сили: Ова може да биде последниот борбен авион со пилотСледниот британски борбен авион би можел да биде последниот во чија пилотска кабина ќе има пилот, изјави ер-маршалот сер Харв Смит, висок командант во Кралските воздухопловни сили (РАФ), во интервју за „Телеграф“. Смит смета дека борбените авиони без екипаж, потпомогнати од вештачка интелигенција, целосно ќе ја трансформираат воената авијација – промена што тој ја спореди со преминот од авиони со пропелери кон авиони со млазен погон. Се очекува новиот борбен авион да биде подготвен до 2035 година. Британија развива борбен авион од шестата генерација наречен „Темпест“ (Tempest), кој ќе вклучува „стелт“ технологија. Тој се развива како дел од меѓународна иницијатива позната како „Глобална програма за борбена авијација“ (GCAP). Во проектот, вреден повеќе милијарди фунти, се вклучени британската компанија „BAE Systems“, италијанската „Leonardo“ и јапонската фирма „Japan Aircraft Industrial Enhancement Company“. Планот е новото летало да влезе во оперативна употреба до 2035 година. „Леталото од програмата GCAP би можело да биде последното борбено летало со екипаж што некогаш ќе го изградиме – не затоа што луѓето ќе станат помалку важни, туку напротив“, изјави Смит за „Телеграф“. Смит објасни дека британското Кралско воено воздухопловство (RAF) во иднина ќе ги комбинира постојните борбени авиони со автономни системи – односно, со летала способни самостојно да извршуваат одредени задачи. „Доколку се користат правилно, вештачката интелигенција и машините ќе ги преземат најопасните задачи наместо луѓето; сепак, технологијата мора да го подобри човечкото расудување, а не да ја замени човечката одговорност“, рече Смит. Британското Кралско воено воздухопловство моментално управува со борбените авиони „Еурофајтер тајфун FGR4“ (Eurofighter Typhoon FGR4) и „Ф-35Б лајтнинг“ (F-35B Lightning). Вториот модел го користи и Кралската морнарица, бидејќи е способен да полетува и слетува на носачи на авиони. Смит најави дека првите беспилотни борбени летала ќе почнат да летаат низ британскиот воздушен простор уште следната година. Ова ќе го означи почетокот на нова фаза во развојот на воената авијација, во која луѓето сè повеќе ќе управуваат со леталата од далечина. „Беспилотните борбени летала ќе почнат да летаат во британскиот воздушен простор следната година. Ова е истовремено возбудливо и неопходно“, изјави првиот човек на британското Кралско воено воздухопловство. Велика Британија веќе го користи беспилотното летало „Протектор“ - долго приближно 11 метри - дизајнирано и за извидување и за вооружени операции. Се управува од RAF Waddington, база лоцирана во англискиот округ Линколншир. „Протектор“ може да остане во воздух приближно 40 часа и е способен да носи ракети „Бримстоун“ и прецизно водени бомби „Пејввеј“. За разлика од целосно автономните системи, ова летало е контролирано од оператори на земја. САД веќе тестираат борбени беспилотни летала заедно со борбени авиони. Минатиот месец, воздухопловните сили на САД спроведоа тест што демонстрираше како би можела да изгледа таквата соработка. Борбен авион „Ф-22 Раптор“, пилотиран од човек, полета од воздухопловната база „Едвардс“ во Калифорнија. За време на тестот, пилотот на „Ф-22“ дал тактички инструкции на беспилотното летало „ЈФК-44А Фјури“ што летало во близина. Дронот потоа независно ги толкувал овие команди, ги избирал своите маневри и извршувал симулирани борбени задачи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваКим Кардашијан во провокативно издание го поддржа своето момче Луис Хамилтон Американската старлета Ким Кардашијан уште еднаш ја искористи можноста да ги покаже своите бујни облини на еден настан, привлекувајќи ги погледите на љубопитните набљудувачи. Вчерашната трка во Формула 1 за Големата награда на Лас Вегас собра бројни ѕвезди од светот на шоу-бизнисот. Присутни беа неколку познати убавици, кои го збогатија настанот со своите внимателно одбрани модни комбинации. Меѓу истакнатите дами беше и Ким Кардашијан, ѕвездата од реалните шоуа дојде да му даде поддршка на своето момче седумкратниот свтески шампион во Ф1, Луис Хамилтон. За оваа прилика Ким одбрала две различни модни комбинации. Најпрво заблеска во црна кожна комбинација која ги истакна нејзините бујни облини и бујни гради, а потоа се пресоблече во посветла – но подеднакво впечатлива – облека. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter