Во Белград одржан концерт за пијано и саксофон на Маја Поповиќ и Нинослав Димов - Канал 5

Во Белград одржан концерт за пијано и саксофон на Маја Поповиќ и Нинослав Димов

 Во Културниот центар Белград, синоќа се одржа концерт за пијано и саксофон, во изведба на Маја Поповиќ и Нинослав Димов што беше проследен со долги аплаузи.

Во Белград одржан концерт за пијано и саксофон на Маја Поповиќ и Нинослав Димов

На програмата, освен француски и шпански композиции, беа изведени и три композиции за пијано и саксофон од Димитрије Бужаровски.

Со висок професионализам и внимателно одбрана атрактивна програма, Димов и Поповиќ успеаја да ги освојат срцата на белградската публика.

Македонскиот Културно-информативен центар во Белград, беше организатор на тој музички настан, поддржан од Министерството за култура и туризам, со што се продолжува да се градат партнерски односи со познати културни инститиции.

Директорот Васко Шутаров го отвори тој музички настан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Авион се урна на Бахамите: Нема преживеани (ВИДЕО)

Мал авион се урна на Бахамите, западно од главниот град Насау, при што загинаа сите 10 лица во авионот, соопштија денес локалните власти.

Авион се урна на Бахамите: Нема преживеани (ВИДЕО)

Цесна 402, управувана од локалната авиокомпанија Фламинго Ер, полета од меѓународниот аеродром Линден Пиндлинг во главниот град Насау во петокот кон аеродромот Сан Андрос.

Авионот наишол на тешкотии за време на летот и се урнал во грмушки кратко пред слетувањето, објави Би-Би-Си.

Премиерот на Бахамите, Филип Дејвис, првично изјави дека едно лице преживеало, но подоцна беше потврдено дека починало од повредите.

Идентитетите на жртвите, нивните имиња и возрасти, сè уште не се официјално објавени, објави Би-Би-Си.

Одделот за истрага на воздушни несреќи на Бахамите ја истражува точната причина за трагичната несреќа.

Бахамите, кои се наоѓаат во западниот Атлантски Океан северно од Карипското Море, вклучуваат повеќе од 700 острови и над 2.400 острови, а малите авиони се главно средство за транспорт меѓу островите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода турски државјанин, возел на автопат со брзина од 203км/ч каде ограничена брзина е 120км/ч

На 10.07.2026 во 15:00 часот на автопатот „Пријателство“ кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија лишија од слобода турскиот државјанин Ј.Ц.(46). 

Лишен од слобода турски државјанин, возел на автопат со брзина од 203км/ч каде ограничена брзина е 120км/ч

При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Ј.Ц. управувал патничко возило „мерцедес“ со германски регистарски ознаки со брзина од 203 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час. Тој бил исклучен од сообраќај и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. Против него е поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драматично предупредување до Техеран: „Ќе бидете целосно десеткувани и уништени“

Американскиот претседател Доналд Трамп денес му се закани на Иран со масовен воен одговор доколку, како што изјави, иранските власти се обидат да му извршат атентат.

Драматично предупредување до Техеран: „Ќе бидете целосно десеткувани и уништени“

„Илјада ракети се натоварени и се насочени кон Исламската Република Иран, а уште илјадници ќе следат веднаш доколку иранската влада ја исполни својата закана да го убие или да се обиде да го убие сегашниот претседател на Соединетите Американски Држави, во овој случај, мене“, наведе Трамп во објава на мрежата „Truth Social“.

Тој додаде дека веќе се издадени наредби и дека американската војска е подготвена „тотално да ги десеткува и уништи сите области на Иран“.

Трамп вчера изјави дека оставил упатства за одговорот на Вашингтон доколку Иран успее во она што го нарече планови за негово елиминирање и рече дека во тој случај, Техеран ќе биде пречекан со одговор „каков што никогаш порано не видел“.

Во интервју за Њујорк пост, Трамп рече дека наводно е цел на Иран долго време.

Трамп вчера, исто така, изјави дека оставил инструкции за одговорот на Вашингтон доколку Иран успее во она што тој го нарече планови за негово елиминирање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер