Во Белград ќе се оджи протест поради ослободувањето на обвинетите за убиството на Ќурувија - Канал 5

Во Белград ќе се оджи протест поради ослободувањето на обвинетите за убиството на Ќурувија

Пред Апелациониот суд во Белград утре ќе се оджи протест поради ослободувањето на обвинетите за убиството на Ќурувија.

Во Белград ќе се оджи протест поради ослободувањето на обвинетите за убиството на Ќурувија

Новинарските здруженија, медиумските здруженија и синдикатите ги поканија граѓаните да им се придружат утре на протестот пред Апелациониот суд во Белград поради ослободување на обвинетите за убиството на новинарот и уредник Славко Ќурувија.

-Дваесет и пет години по убиството нарачано и организирано од државата и девет години од почетокот на судењето, убиството на Славко Ќурувија останува неказнето кривично дело, а граѓаните на Србија остануваат без правда. Ни го одземаа здивот. Останaвме без зборови. Веќе нема такви зборови што можеме да ги упатиме до судството кое се предаде на сила, се наведува во соопштението.

Фондацијата Славко Ќурувија, Независното здружение на новинари на Србија, Независното здружение на новинари на Војводина, Здружението на медиуми, Здружението на онлајн медиуми, Локалниот печат, Синдикатот КУМ Независност, Здружението на независни електронски медиуми и Здружението на српски новинари го најавија протестот закажан за 14 часот.

-Дојдете, донесете ги пријателите и роднините и донесете огледало – на судството да му го покажеме сопствениот одраз, се вели во соопштението.

Апелациониот суд во Белград во петокот објави дека ја укина првостепената пресуда на Специјалното одделение за организиран криминал на Вишиот суд во Белград и ги ослободи четворицата обвинети за убиството на новинарот Славко Ќурувија на 11 април 1999 година - Радомир Марковиќ, Милано Радоњиќ, Ратко Ромиќ и Мирослав Курак.

Припадниците на поранешното одделение за државна безбедност претходно двапати беа прогласени за виновни од Специјалното одделение за организиран криминал и осудени на вкупно 100 години затвор.

Новинарот и сопственик на весниците „Дневни телеграф“ и „Европљанин“ беше убиен во 1999 година на улицата Светогорска, со повеќе истрели, а обвинети се тогашниот шеф на Државната безбедност (ДБ) Радомир Марковиќ и тројцата високи функционери на ДБ Милан Радоњиќ, Ратко Ромиќ и неговиот кум Мирослав Курак.. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ФУЕН едногласно ја усвои Резолуцијата на Македонското друштво „Илинден“-Тирана

Федералната унија на европските националности (ФУЕН), на својот конгрес што се одржува во Хелсинки, Финска, денеска едногласно ја усвои Резолуцијата поднесена од Македонското друштво „Илинден“-Тирана.

ФУЕН едногласно ја усвои Резолуцијата на Македонското друштво „Илинден“-Тирана

Овој чин претставува уште еден голем дипломатски и институционален успех за македонското национално малцинство во Република Албанија.

Со усвоената резолуција, ФУЕН упатува четири клучни барања до албанските и меѓународните институции:

1. Ратификација на Европската повелба: Република Албанија итно да ја потпише и ратификува Европската повелба за регионални или малцински јазици.

2. Заштита на идентитетот: Да се преземат ефективни и конкретни мерки за заштита на македонскиот идентитет од зачестените притисоци, негирања и асимилација.

3. Зачувување на Општина Пустец: Општина Пустец да остане посебна единица на локалната самоуправа и во рамките на претстојната нова административно-територијална реформа во Албанија.

4. Преименување: Општина Пустец официјално да се преименува во Општина Преспа.

Веднаш по гласањето на делегатите, претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, во изјава за весникот „Македониум“ го истакна значењето на овој момент.

„Ова е значаен чекор за зачувување на македонскиот јазик, идентитет, култура и сите права на Македонците во Република Албанија. Веќе 11 години, како рамноправна членка на ФУЕН, активно учествуваме во работата на оваа реномирана европска организација и ги застапуваме интересите на нашиот народ. Ова е можност за нови искуства, зајакнување на соработката со другите национални малцинства во Европа и дополнителна афирмација на македонскиот идентитет, јазик, култура и традиција. Со голем гордост го претставуваме македонското национално малцинство на европско ниво“, изјави Ѓурѓај.

Резолуцијата во најкраток рок ќе биде официјално доставена до сите релевантни албански државни органи, како и до клучните меѓународни и европски институции за заштита на човековите и малцинските права.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Славна убавица не се откажува лесно од бикинито

Светскио топ модел нема така лесно да се откаже од своето бикини – затоа повторно се соблече.

Фото: Славна убавица не се откажува лесно од бикинито

Се чини дека летото сè уште трае за една од најубавите манекенски на светот, екс топ моделот, Алесандра Амброзио и дека таа нема намера толку лесно да се откаже од своето омилено парче облека – костимот за капење.

Иако есента полека, но сигурно се приближува, убавата Алесандра не сака лесно да се „предаде“.

Судејќи според нејзината најнова објава на социјалните мрежи, таа сè уште сака да ужива во сончевите денови и во придобивките од потоплото време.

Таа моментално престојува на Ибица, а за ова свое патување веднаш ги извести своите верни обожаватели на Инстаграм.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дачија подготвува нов, помал кросовер

Производителот на автомобили од Романија, Dacia се подготвува да предизвика уште еден „земјотрес“ на европскиот пазар на автомобили. 

Дачија подготвува нов, помал кросовер

Романскиот производител, чии модели традиционално постигнуваат одлични продажни резултати, планира да ја прошири својата понуда на компактни кросовери со сосема нов модел.

Ова возило – кое неофицијално веќе го нарекуваат „Baby Duster“ – ќе биде позиционирано веднаш под актуелниот хит-модел Duster, нудејќи им на возачите во Европа уште подостапна опција со теренски способности.

Сè започна со прототипот Renault Bridger, кој првично беше дизајниран исклучиво за пазарите надвор од Европската Унија.

Концептот на возилото беше официјално претставен во март 2026 година, но раководството на компанијата брзо го препозна неговиот огромен комерцијален потенцијал.

Во тек се интензивни подготовки за воведување на овој проект на европскиот пазар под логото на романската марка Dacia.

Со планирана должина од околу четири метри, новиот кросовер ќе биде цели 35 сантиметри пократок од актуелниот Duster, но сепак ќе го задржи препознатливиот, робустен теренски изглед со зголемено растојание од подлогата.

Иако дизајнот засега постои само во форма на шпекулации на француските медиуми, се очекува предниот дел да ги содржи модерните стилски елементи на брендот, додека силуетата ќе остане доволно компактна за градско возење, а сепак забележливо помасивна од онаа на стандарден хечбек.

Пристигнувањето на „Baby Duster“ би можело целосно да ја измени структурата на понудата на романскиот бренд. Неговото лансирање совршено би ја пополнило значителната празнина помеѓу стандардниот Sandero и моделот Duster.

Што се однесува до погонската единица, инженерите разгледуваат неколку докажани опции. Како логична почетна точка се спомнува добро познатиот 1,0-литарски мотор со три цилиндри од моделот „Sandero“. Сепак, се очекува главна ѕвезда во понудата да биде новата генерација на моторот „Eco-G“ со 120 коњски сили, кој користи течен нафтен гас (ТНГ), додека сериозно се разгледува и можноста за модерна хибридна верзија, дизајнирана да ги задоволи строгите европски еколошки стандарди.

Она што несомнено најмногу ќе ги израдува купувачите низ Европа е цената: се очекува почетната цена за овој атрактивен SUV да се движи меѓу 17.000 и 18.000 евра!

Оригиналниот модел „Bridger“ прво ќе се појави на патиштата во Индија следната година, додека европската верзија на „Dacia“ би можела да дебитира многу брзо потоа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер