Во Белград е отворен музеј на четничкиот лидер Дража Михајловиќ (ВИДЕО) - Канал 5

Во Белград е отворен музеј на четничкиот лидер Дража Михајловиќ (ВИДЕО)

Во Белград денеска околу 17 часот е отворен музеј посветен на четничкиот војвода Драгољуб Дража Михаиловиќ.

Во Белград е отворен музеј на четничкиот лидер Дража Михајловиќ (ВИДЕО)

Спомен-собата се наоѓа на улицата Брегалничка, на местото каде што се наоѓа семејната куќа на Михаиловиќ, каде што четничкиот генерал живеел до почетокот на војната.

Споменикот на Дража Михаиловиќ го откри познатиот српски академик Матија Беќковиќ, јавуваат белградските медиуми.

На улицата Брегалничка се собраа голем број луѓе кои пееја песни и вееја знамиња со ликот на Дража, пишува Мондо.ба. На присутните им се обрати Беќковиќ, а пред него од терасата на првиот кат свиреше виолина. На видеото што го сподели српската новинарка Вања Ѓуриќ на платформата Х, може да се види дека свештеник ја благословил статуата на Дража.

„Браќа и сестри, дами и господа, на улицата Брегалничка каде што беше неговата куќа, откриваме споменик на генералот без гроб, неговата улица можеше да се вика Церска или Кајмакчаланска.Ни треба тој споменик, не тој. На генералот Михаиловиќ му нема рамен меѓу српските новомаченици. Генералот Михаиловиќ беше прогласен за предавник, а со тоа и српскиот народ е предавник. Повторувам само едно, никогаш никаде и по некоја цена под која команда немало соработка со окупаторот. Ревизијата се нарекува откривање на вистината. Без помирување нема надеж, ниту спас“, рече Беќковиќ.

Спомен-собата на четничкиот генерал ја поставија здруженијата Наша Дрина и Организацијата на борците на Србија и Српска. На чело на двете здруженија е Игор Брауновиќ, директор на јавното претпријатие Србија Шуми и претставник на Социјалистичката партија на Србија.

Брауновиќ го организирал купувањето на куќата на Дража со цел во неа да направи музеј од 110 метри квадратни. Високиот суд во Белград во 2015 го рехабилитираше Дража Михаиловиќ, додека четничкото движење беше изедначено со партизанското движење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нафтата повторно минува низ Ормутскиот теснец- сообраќајот се врати на 70 проценти од предвоениот

Транспортот на нафта низ Ормутскиот теснец значително се опорави и моментално достигнува помеѓу 65 и 70 проценти од нивото пред почетокот на војната со Иран, објави аналитичката компанија „Вортекс“.

Нафтата повторно минува низ Ормутскиот теснец- сообраќајот се врати на 70 проценти од предвоениот

Податоците се однесуваат на вкупните количини на нафта и нафтени производи, вклучувајќи течен нафтен гас (LPG) и деривати како што е бензинот.

Кога станува збор само за сурова нафта и гасни кондензати, околу 80 проценти од количините од предвоениот период сега минуваат низ Ормутскиот теснец, според „Вортекса“.

Според проценката на таа компанија, просечно 11,2 милиони барели дневно минувале низ теснецот минатата недела.

Најголемото закрепнување од почетокот на војната

Податоците од друга аналитичка компанија, „Кплера“, исто така покажуваат силно закрепнување на извозот на нафта од Персискиот Залив.

Главните производители од Блискиот Исток извезоа околу 12,8 милиони барели сурова нафта дневно во септември, најмногу од почетокот на американско-израелската војна со Иран на крајот на февруари. Во февруари, извозот изнесуваше околу 18,8 милиони барели дневно.

Околу 7,4 милиони барели сурова нафта дневно минуваа низ самиот Ормузски теснец во септември. Само Саудиска Арабија го зголеми извозот на околу 5,4 милиони барели дневно, по 2,45 милиони во август.

Пред почетокот на војната, околу 125 големи трговски бродови минуваа низ теснецот дневно, а околу 20 проценти од светските дневни залихи на сурова нафта и течен природен гас минуваа низ таа рута.

Танкерите пловат под заштита на американската морнарица

Сообраќајот преку еден од најважните енергетски патишта во светот нагло се намали по почетокот на американските и израелските напади врз Иран на 28 февруари. Иранските закани и напади речиси го запреа нормалниот сообраќај на танкери, што ги натера земјите од Заливот да користат алтернативни цевководи и други извозни рути.

Вортекса дел од сегашното закрепнување го поврзува со проширувањето на таканаречената флота на шатлови. Помал број танкери под заштита на американската морнарица минуваат низ Ормутскиот теснец, собираат нафта од терминалите во Персискиот Залив, а потоа ја префрлаат на поголеми танкери што чекаат надвор од теснецот.

Во исто време, бројот на големи танкери што минуваат директно низ Ормутскиот теснец повторно се зголемува. Според податоците на Kpler, 19 големи саудиски танкери поминале низ теснецот само минатата недела, од кои секој може да транспортира околу два милиони барели нафта.

И покрај закрепнувањето, извозот од регионот е сè уште за околу шест милиони барели дневно помалку отколку пред војната, а алтернативните рути и воената заштита на бродовите се значително поскапи од нормалниот поморски сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно време со температура до 26 степени

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од УХМР. 

Утре променливо облачно време со температура до 26 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

10 Попова Шапка, 16 Крушево, 17 Берово, 18 Маврови Анови, 20 Претор, 21 Прилеп, Крива Паланка, 22 Виница, Охрид, 23 Битола, Тетово, Струмица, 24 Штип, Кавадарци, 25 Велес, 26 Скопје Петровец, Зајчев Рид, Демир Капија, 27 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денеска беше променливо облачно со сончеви периоди. Попладнето облачноста се зголеми. Дуваше слаб до умерен, a во североисточните делови повремено засилен северен ветер. До крајот на денот ќе биде стабилно и претежно облачно.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а во североисточните делови ќе биде повремено засилен ветер, претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 14, а максималната ќе во интервал од 19 до 26 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 25 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на поле со висок воздушен притисок следува период на релативно стабилно време со сончеви периоди во текот на денот. Утринските температури ќе бидат пониски, а дневните во границите на просекот за овој период од годината. До недела ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, а потоа ветерот ќе го смени правецот во јужен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Секси мама“ врз грбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот

За околу 500 евра, споменикот „Македониум“ во Крушево бил отстапен за снимање на музички спот на косовскиот рапер, насловен Секси Мама..

„Секси мама“ врз грбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот

Од симбол на Илинден и македонската борба за слобода, до сценографија на музички спот за песна насловена „Секси мама“..За 500 евра просторот на Македониумот во Крушево му бил отстапен на косовскиот рапер Дон Џони за снимање на делови од видеоспот. Одлуката ја донел Управниот одбор на Историскиот музеј Крушево, што го потврди и директорот на Историскиот музеј Крушево Миха Оџаклиески. Сепак, за снимање во објект заштитен како културно наследство, до надлежната Управа за заштита на културното наследство никогаш не било доставено барање за одобрение, вели директорката Весела Честоева. Снимања и фотографирања во заштитени објекти имало и претходно, а дозвола се дава ако снимањето е во согласнот со промоција на македонската култура, уметност и наследство.

„Во конкретниот случај, Управата се иззема од одговорноста и нема никакво барање доставено до кај нас. Управата за заштита на културно наследство не е известена за снимањето. Управата за заштита на културно наследство постапува по барања на правни и физички лица, фотографски да речеме или филмски да се сними заштитеното добро за културни настани. И тоа било пракса и досега, впрочем, и Управата издава одобренија и ги насочува за останатите поединости од договорот, значи да ги регулираат со територијално надлежната установа.“

Дека е направен пропуст во постапката, признава и самиот Оџаклиески. Сепак, според него просторот не бил изнајмен, туку отстапен на неколку часа, а како што посочува, недоличните сцени во спотот, биле снимени на друга локација.

„Направен е пропуст од наша страна во постапката, но недоличните сцени во спотот – оние со креветите и играњето, воопшто не се снимени во музејот, туку на друга локација. Ова не е првпат Македониумот да биде отстапен за снимање. И претходно сме го отстапувале, за соодветен надомест.“

Македониумот е еден од најпрепознатливите симболи на македонската историја, посветен на Илинденското востание и Крушевската Република, а во неговиот комплекс се наоѓа и вечното почивалиште на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев.

YouTube video

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер