Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
МакедонијаВо Белград без инциденти, во Нови Сад - шок бомби и интервенција на полицијатаИнтервенција на полицијата на комеморативната прошетка за одбележување 10 месеци од трагедијата на железничката станица.Без инциденти доцна синоќа во Белград заврши комеморативната прошетка на десетици илјади демонстранти кои одбележаа 10 месеци од загинувањето на 16 луѓе откако се урна реновираната бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад. Демонстрантите се собраа на повик на средношколците во државата - повод за тој протест, што се одржа во градови во Србија, е десет месеци од падот на настрешницата на железничката станица, несреќа што доведе до масовни протести низ државата и блокади на високообразовни институции. Средношколците носеа транспарент „Средношколците се сеќаваат“ и беше емитуван говор во кој тие потсетија на се што се случило во изминатите 10 месеци. „Ќе продолжиме да стоиме исправено и доследно затоа што знаеме дека нашата борба е чиста и неопходна...ова е борба за нормален живот и иднината на сите нас...Полагаме бела роза, бидејќи образованието, културата и културно-историското наследство умираат, судството и правдата, слободните медиуми и вистината умираат. Полагаме бела роза, бидејќи луѓе се убиени“, беше наведено на протестот. Обезбедувањето спречи инциденти бидејќи дел од колоната беше во близина на улицата и Пионирски парк во центарот на градот, каде што се наоѓаат шаторите на поддржувачите на властите. Во тој дел беа распоредени и припадници на жандармеријата. Протести до доцна синоќа беа одржани и во Нови Сад, Алексинац,Вршац, Панчево, Суботица, Крагуевац, Ваљево, Чачак, Ниш... Во Нови Сад доцна синоќа откако заврши протестот интервенираше полицијата. Според нив - тие „реагирале навремено и професионално кон поголема група од околу 280 лица кои, по ненајавена прошетка низ улиците на Нови Сад, намерно се собрале пред главниот влез на Факултетот за спорт и физичко образование со намера насилно да влезат во просториите на факултетот“. Полицијата соопшти дека еден полицаец е повреден откако кон нив било фрлано со разни предмети и дека три лица се приведени. Во видеа објавени на социјални мрежи, како и според извештаи на новинари и сведоците, како што јавија српски медиуми - се случило токму спротивното, полицијата фрлала шок бомби кон граѓаните, а потоа почнала да растерува луѓе низ околните улици. Непосредно пред полноќ, имаше извештаи дека полицијата применува сила врз граѓани и студенти без очигледна причина, и дека универзитетскиот кампус бил опкружен од бројни припадници на полицијата и жандармеријата. Илјадници жители на Нови Сад мирно им оддадоа синоќа почит на жртвите од трагедијата. Сите факултети во Нови Сад го осудија однесувањето на полицијата и „неразумната и непотребна употреба на сила“ во објави на Х. Медицински факултет објави: „Ударите во глава со палки нема да не натераат да заборавиме колку ви се крвави рацете!“ Затоа Нови Сад ги боли, затоа нас не мразат“, напишаа студентите. Студентите на Факултетот за електроника напишаа, заедно со видеа од полициско насилство, „Полицијата од ДИФ на Нови Сад буквално почна да ги брка луѓето низ градот. Без причина. Целта е страв и Студентите на Техничкиот факултет во Нови Сад напишаа: „Вечерва, на 10 месеци од падот на настрешницата, откако граѓаните мирно оддадоа почит и се вратија во своите домови, жандармеријата без никаква причина ги нападна луѓето во близина на кампусот. Луѓето што шетаа по улиците беа нападнати со палки, многумина беа повредени и завршија во Ургентниот центар. Ова не е инцидент, ова е намерно измислено полициско насилство, оркестрирано токму на овој ден, како порака дека државата не простува сеќавање, достоинство или слобода“, беше објавено на Х. ништо друго“. Протестите во август, кои избувнаа со обновена сила, резултираа со судири меѓу демонстрантите и полицијата, како и со апсење на демонстранти. Во мај оваа година, демонстрантите покренаа барање за предвремени парламентарни избори, но ултиматумот беше одбиен. Уривањето на бетонската настрешница предизвика масовни протести низ цела Србија, по што следеа блокади на државните универзитети низ целата земја. Судската постапка се уште не е започната, а истрагата на обвинителството е запрена поради барањето на еден од осомничените, поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ, за изземање на главните обвинители во обвинителствата во Нови Сад, како и државната обвинителка Загорка Доловац. Обвинителството за организиран криминал на 1 август објави дека шест лица се уапсени во врска со истрагата за финансиските текови поврзани со проектот „Модернизација и реконструкција на унгарско-српската железница на релацијата Нови Сад-Суботица - државна граница (Келебија)“. Меѓу уапсените се и Томислав Момировиќ, поранешен министер во Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура во периодот од октомври 2020 до октомври 2022 година, и Анита Димоски, поранешна вршител на должноста помошник-министер во тоа министерство и раководител на Секторот за железници и интермодален транспорт во периодот од ноември 2020 година. Тагови: Нови Сад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиВидео: Брутален нокаут на хокеј Натпреварот во американската хокеарска лига, НХЛ помеѓу Отава Сенаторс и Вашингтон Капиталс беше одбележан со брутален нокаут, по кој Ник Казинс остана да лежи на мразот. Напаѓачот на Отава прими силен удар од одбранбениот играч на Вашингтон, Џејкоб Чикран, кој го собори додека тој се обидуваше да ја контролира пакот во сопствената зона. Казинс не го забележа приближувањето на противникот, а силината на ударот го фрли на мразот. Тој остана да лежи неподвижен, со лицето надолу, што предизвика итна реакција од медицинскиот тим и неговите соиграчи. По неколку моменти, тој успеа да стане, но го напушти мразот со помош на други играчи и членови на персоналот. Тој не се врати во игра. Одлуката на официјалните лица привлече посебно внимание. Тие ја прегледаа снимката за да утврдат дали е оправдана голема казна, но на крајот заклучија дека немало прекршок. Главниот тренер на Отава, Тревис Грин, не се согласи со таа проценка. По натпреварот, тој изјави дека е изненаден од одлуката, истакнувајќи дека, според него, станува збор за удар во главата на играч кој не бил подготвен за контакт. „Не е добро“, рече кратко Грин кога новинарите го прашаа за состојбата на неговиот играч, додавајќи дека Казинс не бил однесен во болница.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНајавена нова дипломатска офанзива: Кушнер и Виткоф заминуваат директно кај ПутинЏаред Кушнер, советник и зет на американскиот претседател, изјави дека тој и специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, утре ќе отпатуваат за Москва за да се сретнат со рускиот претседател Владимир Путин.Како што пренесува „Скај њуз“, Кушнер на прес-конференција во Абу Даби изјави дека разговорите водени денес ќе бидат разгледани за време на средбата со Путин. Кушнер најави дека по посетата на Москва, тој и Виткоф ќе заминат за Даблин за да се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски и „дополнително да ги разгледаат некои од идеите до кои дојдошле денес“. Тој нагласи дека Вашингтон гледа „одредени можности и шанси за напредок“ во преговорите. На прашањето од новинар дали постојат планови за директна средба меѓу Путин и Зеленски, Кушнер одговори дека Русија сака да види „поголем напредок пред такво нешто да може да се случи“. Кушнер исто така истакна дека е очигледно оти постои мала доверба или меѓусебна блискост меѓу Путин и Зеленски. Владимир Медински, помошник на рускиот претседател и шеф на руската делегација, денес изјави дека Русија и Украина, за време на разговорите во Абу Даби, постигнале договор за нова, голема размена на затвореници, при што конкретните услови за размената ќе бидат објавени наскоро. Како што пренесува агенцијата ТАСС, тој им изјавил на новинарите дека за време на преговорите меѓу Русија, САД и Украина било покренато и едно хуманитарно прашање. „Во принцип, се договоривме за нова, голема размена на затвореници, чии конкретни параметри ќе бидат објавени во блиска иднина“, рече Медински. Преговорите меѓу делегациите на Русија, САД и Украина завршија денес во Абу Даби. Сите делегации го напуштија местото на одржување на разговорите под придружба на полициски возила. Разговорите се одвиваа зад затворени врати, без присуство на медиумите. Извор: Б92Тагови: Виткоф и Кушнер Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБаталјонот за почести го одбележа 11 Ноември – Денот на единицатаДенес, во касарната „Илинден“ во Скопје, припадниците на Баталјонот за почести со воена свеченост го одбележаа 11 Ноември – Денот на единицата.На денешната свеченост присуствуваа министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски, заменик- министерот за одбрана Адмир Шабани, заменик-началникот на Генералштабот генерал-мајор Азим Нуредин, командантот на Првата механизирана пешадиска бригада бригаден генерал Дејан Чиплаковски, претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, команданти на единиците во составот на Армијата, претставници од Сојузот на борците, како и голем број поранешни припадници на Баталјонот за почести. По тој повод пред присутните се обратија началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски и командантот на Баталјонот за почести потполковник Игор Милчов. Началникот на Генералштабот на Армијата во своето обраќање истакна дека Баталјонот има одговорна мисија која директно ги претставува угледот и авторитетот на Армијата, институционалниот и националниот идентитет на татковината. Потсетувајќи на историските корени од Првата македонско-косовска ударна бригада и Првата гардиска бригада, началникот порача дека традицијата се одржува преку личен пример и врвен професионализам. „Вашата мисија не остава простор за импровизација, ниту дозволува компромис со квалитетот. Во вашата служба нема мала или голема задача – беспрекорноста мора да биде ваш секојдневен професионален стандард“, нагласи началникот на Генералштабот. Упатувајќи признание до припадниците на Баталјонот за почести, за нивната улога во афирмацијата на Армијата и државата, им го честиташе празникот и им порача гардиските вредности – чест, храброст и посветеност, заедно со мотото „Lux Aeterna“ (Вечна Светлина), да продолжат да бидат нивен водич во службата. Командантот на Баталјонот за почести, потполковник Игор Милчов, се осврна на реализираните задачи во изминатиот период, меѓу кои официјалните пречекувања со највисоки воени почести, церемониите за смена на државното знаме, билатералните соработки и другите протоколарни активности. Воедно го истакна придонесот на Воениот оркестар, чиј професионализам и посветеност доаѓаат до израз преку бројните протоколарни и меѓународни ангажмани, како и традиционалниот предновогодишен концерт. Притоа, во својот говор изрази благодарност за континуираната поддршка од претпоставената команда, како и за придонесот на сите припадници во градењето цврст колектив, заснован на гардиските вредности . На денешната свеченост беа доделени стимулативни мерки на припадниците од баталјонот, кои во изминатиот период особено се истакнале во извршувањето на своите задачи. По повод заминувањето во пензија на наредник Горанчо Атанасовски му беше доделена Плакета во знак на благодарност за долгогодишната служба во Армијата. Во пресрет на празникот беше реализирана хуманитарна акција во соработка со Црвениот крст, а беше спроведена и акција за доброволно дарување крв. Баталјонот за почести го прославува Денот на единицата како носител на традициите на Првата македонско-косовска народноослободителна ударна бригада, формирана на 11 ноември 1943 година во селото Сливово.Тагови: АРМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16