Во Белгија прогласен „портокалов аларм“ за опасност од респираторни инфекции - Канал 5

Во Белгија прогласен „портокалов аларм“ за опасност од респираторни инфекции

Белгиската Група за управување со ризици (РМГ) донесе одлука за покачување на нивото на опасност од респираторни инфекции во Белгија од „жолто“ на „портокалово“.

Во Белгија прогласен „портокалов аларм“ за опасност од респираторни инфекции

Белгиската Група за управување со ризици (РМГ) донесе одлука за покачување на нивото на опасност од респираторни инфекции во Белгија од „жолто“ на „портокалово“, по информациите на здравствените власти дека грипот се шири забрзано и дека се зголемува притисокот врз болниците.

РМГ е група составена од претставници на белгиските здравствени власти одговорни за утврдување на мерките за заштита на јавното здравје. Според правилникот на РМГ, воспоставени се четири нивоа на ризик од респираторни инфекции – зелено (ниско), жолто (умерено), портокалово (високо) и црвено (многу високо).

Во зимски услови предупредувањето се однесува за респираторни инфекции од грип, РСВ вирус, пневмонија и Ковид-19. Присуството на овие вируси се одредува преку мерењето на нивната циркулација во отпадните води на неделно ниво и преку системот за здравствен надзор имплементиран од болниците и општите лекари.

РМГ потенцира дека вирусот на грипот активно циркулира низ Белгија и може да биде опасен за оние кои се изложени на ризик од компликации, како повозрасни од 65 години, бремени жени и лица со имуни и кардиоваскуларни заболувања.

Групата им препорачува на граѓаните миење раце, редовно проветрување на просториите, кашлање или кивање во лактот, останување дома ако се болни и носење маска на јавни места ако имаат благи симптоми и до пет дена по нивното појавување.

- Со внимателно следење на основните препораки, кои важат преку целата година, можеме колективно да го ограничиме ризикот од преминување на црвено ниво на аларм и да избегнеме преоптоварување на нашиот здравствен систем, објаснува РМГ во своето соопштение.

[Изминатата недела (од 30 декември до 5 јануари), се регистирани 207 заболени од грип, што е зголемување за 31 отсто споредено неделата пред неа кога беа регистрирани 158 случаи, се наведува в]

Според вирологот Стивен Ван Гухт од белгискиот Национален здравствен научно истражувачки институт „Сајнсано“, прогласувањето на „портокалов аларм“ не е нешто невообичаено за ова време од годината, особено кога се бележи зголемување на респираторните инфекции.

- Сепак, со оглед на зголемениот притисок врз болниците, ова нè наведе да го промениме нивото на аларм, со дополнителни препораки во врска со носењето маска при појава на симптоми, без разлика дали во јавен превоз, на јавни собири, во чекални на лекар или во болници, изјави Ван Гухт за весникот „Соар“.

Тој потенцира дека тоа се „препораки, а не обврски“, нагласувајќи дека одговорност на сите е да помогнат во ограничувањето на ширењето на респираторните инфекции.

Кога станува збир за РСВ вирусот, Ван Гухт истакнува дека оваа сезона тој го достигнал својот „врв“ кон крајот на декември 2025 година, што е значително подоцна отколку претходната сезона.

- Циркулацијата на РСВ е помала кај децата, што несомнено е ефект на вакцинацијата. Сепак, се зголемува кај оние над 65 години, но тоа не е изненадување, бидејќи вирусот е двофазен, што значи дека прво ги погодува децата, а потоа возрасните, вели Ван Гухт.

Според него, циркулацијата на Ковид-19 во Белгија засега останува на ниско ниво.

- Како и лани забележуваме дека неговата активноста е слаба во зима, по што малку се зголемува во текот на летото и раната есен. Ковид-19 не исчезна. Како и грипот, Ковидот останува опасен за одредени поранливи групи на население, на кои сè уште им се советува да се вакцинираат за да избегнат компликации, додаде Ван Гухт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од полноќ значително намалување на цените на горивата

Ново значително намалување на цените на горивата.

Од полноќ значително намалување на цените на горивата

Бензините Еуросупер БС-95 и БС-98 поевтинуваат за седум денари по литар, а дизелот за 5,5 денари...

Од полноќ, новата цена на 95-ката ќе изнесува 86 денари, а на 98-ката, 88 денари за литар. Дизелот ќе се продава по 94,5 денари за литар.

Од регулаторна кажаа дека намалувањето на цените е резултат на падот на берзанските цени на нафтените деривати, понискиот курс на доларот, но и владините мерки за намалување на акцизите за бензините и дизелот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски лично фокусиран на Алта банка ама во Германија

Мицкоски лично фокусиран на Алта банка ама во Германија, додека се распаѓа финансискиот систем, тој на екскурзија.

СДСМ: Мицкоски лично фокусиран на Алта банка ама во Германија

Мицкоски вели дека изминатите денови бил многу лично фокусиран на предметот за Алта банка и дека денеска е голем оптимист. Банката ќе биде спасена. Опозицијата ќе биде разочарана.

Лично фокусиран Мицкоски ама во Германија. Додека се распаѓа финансискиот систем на Македонија, додека се воведува присилна управа во банката, а луѓето не можат до своите пари за храна, пензионерите за лекови – тој беше на екскурзија по Германија, толку е фокусиран.

Опозицијата не сака црно сценарио. Сценариото веќе е доволно црно затоа што банката е пералница на пари на Вучиќ, од неговиот картел во кој е Мицкоски. 11 месеци предупредуваме на ова сценарио.

Сега кога обвинителот Савески добил зелено светло преку медиумите дека шефот Мицкоски му вели дека може да почне да работи, нека почне од Мицкоски и гувернерот. Па да види што се договориле со Вучиќ.

Заради вакви работи, ѕвонење по телефон, управување со обвинителството од говорница и телевизија е состојбата во правосудството заради која е таков извештајот на Европската комисија.

Важна работа е да се претстават на јавноста сметките и трансакциите пред Мицкоски со насилно преземање од страна на банка на која и се врши притисок.

Обвинителството и полицијата да известат за сè што се случувало во банката.

Банка со вакво портфолио, под истрага, сопственик во затвор, сметки што се отвораат во Белград, перење пари, истраги во Хрватска, Црна Гора, Австрија, централна банка на ЕУ – ниту една банка не би ја зела освен под притисок, и тоа се знае дека е една банка на која Мицкоски и врши притисок.

Денеска Мицкоски повторно ја извртува вистината. Банката во Австрија не дала дозвола за работа, туку НБС и НБРМ.

Тоа што преземале банка сега е под истрага.

Знае Мицкоски каде води истрагата. Знае дека Вучиќ ќе го повлече со себе. Знае дека по Орбан, Вучиќ доаѓа потоп.

Вели „увезен проблем“! Да. Тој го увезе од својот шеф Вучиќ, како што извезе 5 тони за село Коњух.

И пак како со фантомските инвеститори, некоја банка, 5, 6 банки. Секогаш лага и само лага. Нека каже која е банката за да не мораме ние да кажеме, бидејќи веќе сè знаеме.

Обвинителството мора да реагира. Дадовте заклетва на граѓаните, не на оваа мафија. Ако продолжите да ја чувате бандата, ќе одговарате заедно со неа.

Вистината излегува. Бандата ќе одговара.

Скопје,9.11.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено

Од денеска се отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола и во Тетово и Струмица, покрај шалтерите во Битола, коишто работат од 6 ноември. На овие шалтери граѓаните коишто немаат платежни картички можат да подигнат до 20.000 денари.

НБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено

Исплатата на средствата во сите три града се одвива непречено и според утврдениот распоред. Во експозитурата во Струмица на почетокот на работниот ден имаше краткотрајно доцнење поради логистичка организација, по што исплатата продолжи согласно предвидената динамика.

Исплатите ќе продолжат и во следните денови, со цел клиентите на Банката да можат да располагаат со своите средства.

Исто така, од оваа недела се зголемува неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Народната банка континуирано ја следи состојбата и презема соодветни активности, приспособувајќи ги мерките во согласност со развојот на состојбите. Приоритет останува обезбедувањето уредно опслужување на граѓаните и заштитата на интересите на клиентите на Банката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер