Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
1Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
БалканВо Белфаст почнува самит за Западен БалканБританската министерката ќе се сретне со партнери од Албанија, Србија, Македонија и Босна и Херцеговина, како и со европски сојузници од Франција, Германија и Италија.Британската министерка за надворешни работи Ивет Купер ќе биде домаќин на европските сојузници кои ќе разговараат за криминалот поврзан со миграции и безбедност во Западен Балкан, додека британската влада бара начини да го ограничи порастот на илегалните премини со мали чамци преку Ламанш. Како што пренесе ДПА, Велика Британија ќе вети финансиска поддршка за зајакнување на граничната безбедност и обуката на безбедносните сили во Косово, како и помош за зајакнување на кибер одбраната против закани од руско мешање во регионот. Британската министерката ќе се сретне со партнери од Албанија, Србија, Македонија и Босна и Херцеговина, како и со европски сојузници од Франција, Германија и Италија. Средбата ќе се одржи во замокот Хилсборо, познат како место каде што е потпишан Белфастскиот (Договорот од Велики Петок). Таму, Купер ќе објави 4 милиони фунти (околу 5,3 милиони долари) за борба против руските закани насочени кон „дестабилизација на регионот“ и „разгорување на етнички тензии“, соопшти британското Министерство за надворешни работи. Пред состанокот, Купер ќе најави и инвестиција од 10 милиони фунти за програми насочени кон спречување на шверцувањето луѓе во Западен Балкан и други клучни региони. Во исто време, дел од персоналот на Министерството за надворешни работи ќе биде пренасочен за да се фокусира повеќе на прашањата за миграција, вклучувајќи преговори со други земји за враќање на лица кои немаат право да останат во Велика Британија. Западен Балкан претставува клучна транзитна рута за мигранти кои патуваат кон Европската унија и Велика Британија. Минатата година биле регистрирани околу 22.000 нелегални премини на границата, според британското Министерство за надворешни работи. - Од заеднички интерес е да ја заштитиме безбедноста и стабилноста на Западен Балкан. Мораме да бидеме свесни за сите закани со кои се соочуваат нашите партнери, од руските напори да ги оживеат етничките тензии, до одвратните банди за шверцување луѓе кои тргуваат со човечки животи, изјави Купер. - Меѓународната соработка е клучна за да го поттикнеме економскиот раст, да ја зајакнеме нашата национална безбедност и да ги обезбедиме границите. Партнерствата што ги градиме во странство нè прават посилни дома, додаде таа. - Поддршката што им ја даваме на нашите партнери на Западен Балкан во борбата против шверцувањето луѓе директно ќе влијае на синџирите на снабдување и профитите на организираните криминални мрежи, намалувајќи ја заканата што тие ја претставуваат за Велика Британија, рече шефицата на британската дипломатија. Ова се случува во момент кога британската влада се соочува со зголемен број мигранти што ја преминуваат Ла Манш со мали чамци, чиј број достигна 34.401 оваа година, што би можело да биде највисок број досега, според податоци од Министерството за внатрешни работи. Спогодбата „еден внатре, еден надвор“, постигната со Франција претходно оваа година, досега овозможила враќање на 18 лица кои ја поминале опасната маршрута. Состанокот на министрите за надворешни работи во Белфаст е дел од претседавањето на Велика Британија со Берлинскиот процес во 2025 година. Тагови: Западен Балкан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВо полиција задржан романскиот возач на камионот по верижните судири на автопатот „ТракијаБугарската влада го прогласи 11 ноември за ден на национална жалост по вчерашната трагедија во која во верижен судир на автопатот „Тракија, загинаа 11 лица, а 51 лице се повредени.Романскиот возач на камионот, кој учествувал во еден од двата верижни судири на автопатот „Тракија“ во бугарија, е задржан во полиција.Тој веќе бил сослушан, а се очекува повторно да даде исказ во текот на денот.Засега не е утврдено како се движел камионот непосредно пред несреќата. Според првичните информации, видливоста на автопатот нагло се намалила.Полицијата проверува дали камионот се движел со мала брзина или се вклучувал од споредна лента.Во двата верижни судири, во близина на клучката Зимница, учествувале вкупно 86 возила.Во правец кон Бургас се судриле 63 возила, а кон Софија уште 23. Бугарските истражни органи најавија дополнителни вештачења за утврдување на причините за несреќата .Тагови: Бугарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВенецијанската комисија ќе го оценува новиот модел за полагање на правосудниот испит Владата ќе побара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел за полагање на Правосудниот испит.Со овој чекор, како што соопштуваат од Министерството за правда, се обезбедува независна меѓународна експертска оцена за усогласеноста на предложеното решение со Уставот, меѓународните правни инструменти и европските стандарди.За време на престојот на експертите предвидени се и практични демонстрации на писмениот дел од испитот во Апелациониот суд во Скопје, како и на усниот дел во просториите на Министерството за правда.. Предложениот модел предвидува воведување единствен систем на полагање, со еднакви услови и исти професионални критериуми за сите кандидати, без посебни испити или различни стандарди, велат од правда..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЏип удри во луѓе во Лос Анџелес, тројца загинатиНајмалку три лица загинаа, а тројца други се сериозно повредени откако џип влета во група пешаци во населбата Норт Холивуд во Лос Анџелес, пренесува Ројтерс. Инцидентот се случил нешто пред 18:00 часот по локално време. Полицијата сè уште работи на утврдување на точните околности – конкретно, дали возачот намерно удрил во луѓето или станува збор за несреќен случај. „Мораме точно да утврдиме што се случило и што довело до оваа трагедија“, изјави Кетрин Барџер, членка на Одборот на супервизори на округот Лос Анџелес. „Ќе ја следам истрагата и ќе барам дополнителни информации како што ќе излегуваат на виделина нови факти“, додаде таа. At least three people are dead after a car crashed into a food stand near a North Hollywood bus stop on Tuesday night. LAFD says three people were pronounced dead and three others were taken to a nearby hospital in critical condition. Breaking details in our bio. https://t.co/hOCLnAhBKQ — CBS LA (@CBSLosAngeles) November 11, 2026 Според претставници на полицијата и противпожарната служба во Лос Анџелес, три лица загинале на самото место, додека двајца пешаци и возачот на теренско возило биле пренесени во болница. Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, изјави дека теренско возило излетало на тротоарот и удрило во група улични продавачи и минувачи. Таа додаде дека службите за итни случаи се на терен и дека нејзиниот кабинет соработува со надлежните градски служби. „Срцето ми се крши за семејствата на сите погодени“, напиша таа на платформата X, додавајќи дека ќе сподели дополнителни информации штом ќе станат достапни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook