Во Бар утре е Ден на жалост откако две деца и тинејџерка загинаа во пожар (ВИДЕО) - Канал 5

Во Бар утре е Ден на жалост откако две деца и тинејџерка загинаа во пожар (ВИДЕО)

Четири лица, меѓу кои две малолетни и 19-годишна девојка загинаа во страотниот пожар што пред зори избувна во Бар, во населбата под ридот Волујица.

Во Бар утре е Ден на жалост откако две деца и тинејџерка загинаа во пожар (ВИДЕО)

Како што пренесува Вијести, во пожарот загинала и една жена, а едно лице се здобило со полесни изгореници.

Засега не е позната причината за пожарот кој избувнаl во раните утрински часови.

YouTube video

Обвинителката Мирјана Танкосиќ Вучиниќ, која утрово била на местото на настанот, изјави дека неофицијално се претпоставува дека причина за пожарот е печка на дрва.

„Заедно со вештакот за пожар и експлозија излегов на местото на настанот. Бевме придружувани од стручно лице. Во таа прилика најдовме целосно изгорени бараки и четири јагленосани тела. Неофицијално се претпоставува дека причина за пожарот е шпорет на дрва.По давањето на наод од мислењето вештакот за пожари и експлозии ќе ја знаеме точната причина“, рече обвинителот.

YouTube video

Истрагата е завршена, а телата се однесени на обдукција. Надлежните од местото на настанот соопштија дека причината за пожарот ќе се знае за два до три дена.

Припадниците на Службата за заштита и спасување го примиле повикот во 04:35 часот.

„Пожарот зафатил неколку објекти. На местото на настанот пристигнала екипа од пожарникарите од Бар со неколку возила, а при акцијата за гаснење на пожарот биле пронајдени четири неидентификувани тела“, велат од полицијата за Радио Бар и Бар Инфо.

YouTube video

Претседателот на општина Бар, Душан Раичевиќ, по повод трагичниот настан, 16 февруари во општина Бар го прогласи за Ден на жалост.

„Длабоко потресени од веста за жртвите од пожарот што во раните утрински часови ги зафати станбените згради во населбата под Волујица, сакаме да изразиме искрено сочувство до семејствата на жртвите и до целата заедница која беше погодена од оваа огромна трагедија“, се вели во соопштението на општината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУ: Контролите од мобилна Царина на Охридско езеро со позитивен ефект

Контролите од мобилна Царина на Охридско езеро со позитивен ефект – евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз .

ЦУ: Контролите од мобилна Царина на Охридско езеро со позитивен ефект

Одделението за оперативни работи во координирана акција со МВР изврши контрола врз 38 пловни објекти на Охридското езеро. Извршени се проверки на статусот на пловилата и лицата кои ги управуваат, а согласно Царинскиот закон, Законот за внатрешна пловидба и останатите регулативи со кои е регулиран увозот, прометот и управувањето на пловните објекти.

„Во изминатиот период се забележува зголемена активност на платени увозни давачки за пловни објекти кои биле внесени со привремен увоз, што укажува дека контролите даваат ефект“, вели управникот на Царинарница Битола, Ѓоко Трпоски.

Целта на царинските контроли е проверка на царинскиот статус на пловните објекти кои се внесени во државата, особено на пловилата регулирани со привремен увоз кои согласно царинските прописи можат да се употребуваат во државата, согласно законски утврдениот рок, по што доколку не извршат повторен извоз и не ја напуштат државата треба да го регулираат правниот статус и пловилото увозно да го оцаринат.

Началникот на Одделението за оперативни работи, Душан Размовски, потенцира дека мобилните тимови ќе продолжат со зајакнати контроли, при што секое непочитување на законските одредби ќе резултира со соодветни прекршочни санкции, вклучувајќи и одземање на пловниот објект.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„И Здравје и Работа“: Европското искуство покажува дека може „и екологија и рударство“

Во јавната дебата често се наметнува дилемата дека државите мора да избираат меѓу заштитата на животната средина и развојот на рударството.

„И Здравје и Работа“: Европското искуство покажува дека може „и екологија и рударство“

Европското искуство, сепак, покажува дека овие две цели не мора да бидат спротивставени – земји со високи еколошки стандарди истовремено развиваат современо рударство и инвестираат во искористување на сопствените минерални ресурси.

Во Брисел наскоро се очекуваат резултатите од вториот повик за финансиска поддршка на рударски проекти, на кој, според достапните податоци, биле поднесени 160 апликации. Европската Унија ги забрзува процедурите за добивање дозволи за ископ на критични минерали со цел да ја намали зависноста од трети земји, но паралелно остануваат строгите научни проценки, мониторингот, финансиските гаранции и обврската за рекултивација на просторот.

Првата селекција во 2025 година резултираше со 47 стратешки проекти во ЕУ и 13 проекти во партнерски земји. Меѓу земјите кои активно го развиваат рударството е Шведска – држава која истовремено се издвојува со високи еколошки перформанси.

„Овие примери покажуваат дека изборот не мора да биде „или екологија или рударство“. Напротив, европските земји покажуваат дека со современи технологии, научни проценки, строг мониторинг и јасни правила може истовремено да се заштитува животната средина и да се развива рударството“, велат од „И Здравје и Работа“.

Оттаму посочуваат дека во време кога ЕУ активно ги поддржува новите рударски проекти и ги забрзува процедурите за критичните минерали, Македонија не треба да остане надвор од овие процеси.

„Додека Европа разгледува 160 апликации за нови рударски проекти и истовремено поставува високи стандарди за заштита на животната средина, кај нас единствената сериозна нова инвестиција во рударството останува проектот „Иловица–Штука“. Македонија има можност да ги следи европските примери и да покаже дека развојот и заштитата на животната средина не се исклучуваат, туку можат да одат заедно – под услов да се почитуваат законите, стручните проценки и највисоките еколошки стандарди“, додаваат од иницијативата.

Европа ни покажува дека не мора да бираме меѓу чиста животна средина и економски развој. Можеме да имаме и екологија и современо рударство. Прашањето е само дали Македонија ќе има храброст да го следи тој пат и да ги стави своите ресурси во функција на развојот, со највисоки стандарди и строга институционална контрола.

Македонија не смее да дозволи стравот и нестручните проценки да ја блокираат иднината. Ако сакаме европски стандарди, тогаш треба да ги прифатиме и европските принципи: одлуките за рударството да се носат врз основа на наука, закон и контрола – а не врз основа на притисок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Светски познатиот македонски пијанист Симон Трпчески воодушеви со концерт на Хераклеа

Симон Трпчески, светски познатиот македонски класичен пијанист, синоќа одржа концерт во античкиот театар во Хераклеа во Битола.

Светски познатиот македонски пијанист Симон Трпчески воодушеви со концерт на Хераклеа

На концертот присуствуваа и градоначалникот на Битола Тони Коњановски и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова.

Трпчески е еден од најафирмираните македонски изведувачи и веројатно најдобриот македонски пијанист на сите времиња, а во истовреме и еден од најголемите културни амбасадори на Македонија во светот.

Неговата кариера вклучува настапи со Лондонска Филхармонија, Филаделфискиот Оркестар и Кралската Ливерпулска Филхармонија. Добитник е на наградата за дебитант на годината од Кралското Филхармониско Друштво и на престижната награда „Gramophone“. Критичарите го опишуваат како пијанист со исклучителна техника и длабока музикалност.

Македонскиот пијанист Симон Трпчески се етаблираше како еден од најистакнатите музичари на светската сцена, настапувајќи со повеќе од 100 оркестри на четири континенти, под водство на водечки диригенти и во најпрестижните концертни сали. Трпчески е препознатлив по својата моќна виртуозност и длабоко експресивен пристап, како и по својата харизматична способност да воспостави врска со најразлична публика ширум светот и по својата посветеност кон зајакнувањето на културното наследство на Македонија.

„Да го слушнете Трпчески во Антички Театар Хераклеа е привилегија – класична музика од светско ниво во амбиент кој е стар повеќе од два милениума. Ова е настан кој ретко се случува“ велат од „Прагма продукција“ која го организираше концертот со поддршка на Општина Битола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер