Не се намалува поддршката за крајната десница во Франција- Марин ле Пен во голема предност во првиот круг претседателски избори
2Не се намалува поддршката за крајната десница во Франција- Марин ле Пен во голема предност во првиот круг претседателски избори
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
2Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
Четири масла кои делуваат како природен ботокс за зрелата кожа – го затегнуваат, смируваат и хидрираат лицето
2 Четири масла кои делуваат како природен ботокс за зрелата кожа – го затегнуваат, смируваат и хидрираат лицето
БалканВо Бања Лука веќе нема користење на службени автомобили за приватни целиНовиот градоначалник на Бања Лука ги одзеде клучевите од службените автомобили: Нема возење за приватни потреби.Новиот градоначалник на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, кој вчера официјално ја презеде функцијата, нареди сите клучеви од над 50 службени автомобили да бидат вратени во просториите на канцеларијата на градоначалникот и на Инстаграм објави фотографија со работната маса полна со клучеви. „Никој нема веќе право да користи службени автомобили за приватни цели. Над 70 проценти од службените автомобили не беа на паркингот пред градската администрација по работното време. Ќе донесеме одлука сите службени автомобили да бидат обележани и ќе подготвиме нов правилник за нивна употреба“, порача градоначалникот. Тој додаде дека има и автомобили во вредност од околу 50 000 евра кои ќе се продаваат затоа што има повеќе приоритетни работи за граѓаните на Бања Лука.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУмејр Мухамеди и Сеад Ризвановиќ во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Умејр Мухамеди и Сеад Ризвановиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Магазин Како пожолтените перници повторно да бидат бели? Трик што ја враќа нивната свежинаСо правилно одржување може да се врати свежиот изглед, но важно е да се провери упатството на производителот.Перниците ги користиме секоја ноќ, но не ги переме често како постелнината. Со тек на време на нив се собира пот, маснотија од кожата и косата, траги од крема, шминка, па белата ткаенина добива жолта нијанса. Проверка на декларацијата пред перење Не сите перници се направени од ист материјал, ниту имаат исто полнење, па не можат сите да се перат на ист начин. Пред да ја ставите во машина за перење, проверете дали таквото перење е дозволено и која температура се препорачува. Доколку е предвидено машинско перење, држете се до програмата и видот на детергент наведени на декларацијата. Кај белите перници може, евентуално, да се користи средство за избелување, но само ако е безбедно за материјалот од кој е направена перницата. Посебно внимание е потребно со средствата што содржат хлор. Варикината никогаш не треба да се меша со оцет, амонијак или други средства за чистење, бидејќи таквата комбинација може да доведе до ослободување на опасни гасови. Задолжително е целосно сушење Перењето е само дел од одржувањето. Перницата мора да биде целосно сува пред повторно да се користи, бидејќи влагата во внатрешноста на полнењето може да предизвика непријатен мирис и да поттикне развој на мувла. Ако декларацијата дозволува сушење во машина, користете соодветна програма. Во текот на сушењето корисно е повремено да се протресе перницата за полнењето да се распредели рамномерно. Кај природното сушење, перницата треба да се остави на место со добар провев и повремено да се врти за влагата подобро да се исуши. Навлаката за перница може да ја продолжи свежината на перницата Редовното перење на навлаките за перници е еден од наједноставните начини да се намали количината пот, маснотија и други нечистотии што доаѓаат до самата перница. Заштитните навлаки дополнително го намалуваат валкањето, но треба да се перат според препораките на производителот. Така и перењето на перниците може да се сведе на поретки интервали.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Живот Четири масла кои делуваат како природен ботокс за зрелата кожа – го затегнуваат, смируваат и хидрираат лицетоЧетири видови нега на кожата кои би требало да се најдат на вашата полица.Советите дека сите масла тешки и ги зачепуваат порите е обичен мит, правилно избраното ладно цедено масло е вистински концентрат на витамини, антиоксиданси и драгоцени масни киселини неопходни за убава и здрава кожа. Овие масла ја обновуваат природната заштитна бариера на кожата создавајќи хидролипиден слој, штитат од губењето вода и ја подобруваат еластичноста на кожата. Изборот на масло зависи од видот на проблемот што сакате да го решите. Масло од семки од кактус-смоква (индијанска смоква) – природен ботокс во шишенце Ова е едно од најдрагоцените масла на светот, а неговата делотворност може да се спореди во професионалниот третман. Благодарение на исклучително високата содржина на витамин Е – познат и како „витамин на младоста“ – делува како природен сојузник во борбата против стареењето. Ја подобрува густината и цврстината на кожата и е совршено за нежната зона околу очите и усните. И покрај неговата моќност, лесно е и брзо се впива. Масло од семки од шипка – за намалување на хиперпигментација и врвен регенератор Ако не ве мачат само брчките, туку имате и нерамномерен тен и оштетувања од сонцето, ова е совршениот избор за вас. Маслото од шипка е природен извор на витамини Ц и А, кои го поттикнуваат обновувањето на клетките, ги избледуваат темните дамки и ѝ го враќаат на кожата здравиот и блескав изглед. Редовната употреба може да направи чуда! Арганово масло – течно злато од Мароко Ова е класика што никогаш не разочарува. Ако вашата кожа е сува, затегната и ѝ недостасува живост, аргановото масло делува како смирувачка облога. Тоа интензивно ја храни, регенерира и штити кожата од штетните надворешни влијанија, како што се ветерот и студот. Ја подобрува еластичноста и ја прави кожата кадифено мека. Масло од авокадо – спас за сувата кожа Густото, богато и неверојатно хранливо маслото од авокадо е вистинска ризница на витамини (A, B, E, H, K, PP, F) што овозможува моментално олеснување за екстремно сувата, зрела кожа. Длабоко хидрира, измазнува и создава нежен заштитен слој. Како да го користите маслото за да биде делотворно? Едноставни правила што треба да ги знаете За целосно искористување на моќта на маслата, важно е да знаете како правилно да ги нанесувате. Правило бр. 1: Секогаш нанесувајте масло на влажна кожа. Самото масло не е хидратантно - ја задржува влагата во епидермот. Затоа, секогаш нанесувајте го претходно навлажнета кожа со тоник, хидролат или обична вода. Правило бр. 2: Помалку е повеќе. Доволни се 2 до 3 капки. Загрејте ги меѓу дланките, а потоа нежно масирајте или намачкајте ја кожата на лицето, вратот и деколтето. Правило бр. 3: Маслото е последно. Нанесете го маслото како последен чекор во вечерната рутина за нега, после серумот и кремата. Ова ќе создаде оклузивен слој што ќе ги заклучи сите драгоцени состојки. Правило бр. 4: Збогатете ја вашата крема. Можете да додадете капка од омиленото масло во дел од вашиот хидратантен крем за дополнително да го подобрите неговиот ефект, пишува Sensa.hr.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter