КултураВо Бабино одбележан Светскиот ден на книгатаОпштина Демир Хисар, избран Град на културата во Република Македонија за 2018 година, продолжува со организација на културни настани.Денес на иницијатива на најмалата библиотека во светот, библиотеката „Ал-Би“ која се наоѓа во селото Бабино, локалната самоуправа го одбележа Светскиот ден на книгата и авторските права, настан кој го поддржаа Министерството за култура и Управата за заштита на културно наследство во Република Македонија. - Селото Бабино е со најмногу учители и учени луѓе. Село со најмногу книги зачувани во најубавиот македонски, европски и светски храм на книгата, библиотеката „Ал-Би“. Демир Хисар е македонски непресушен духовен изворник на писатели, поети, режисери, сликари, документаристи, раскажувачи, романсиери, критичари, фолклористи, есеисти, преведувачи,научни работници, хуманисти, библиографи, публицисти...или, цел еден изворник кој може да се каже со зборовите – воини на духот и перото, истакна градоначалникот на општина Демир Хисар, Марјанче Стојановски. На свечениот настан, во дворот на библиотеката „Ал-Би“, сопственикот Стево Степановски, посочи дека за прв пат во едно село со 3 постојани жители се одбележува Светскиот ден на книгата и авторското право. - Со неодминливиот факт дека во едно село со три жители се одбележува светскиот ден на книгата, ние денес влегуваме во колективната меморија на УНЕСКО. Среќен сум, рече Степановски што оваа година од Демир Хисар, Републиката очекува да ја физиономира културната слика за 2018 година. По повод Светскиот ден на книгата и авторското право, на културниот настан во Бабино беше прочитано пригодно обраќање од министерот за култура Роберт Алаѓазовски, а претставници на Управата за заштита накултурното наследство во Република Македонија во библиотеката „Ал-Би“ донираа книги. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканУапсен началникот на криминалистичката полиција на Белград Началникот на Управата за криминалистичка полиција Марко Кричак е уапсен утрово по наредба на Више јавно тужилаштво во БелградНачалникот на Управата за криминалистичка полиција Марко Кричак е уапсен утрово по наредба на Више јавно тужилаштво во Белград, под сомнение за злоупотреба на службената положба, според објава на „Танјуг“. Според истиот извор, по иста кривична пријава што ја поднел адвокатот на заменик директорот на полицијата Веселин Милиќ, е приведен и началникот на Службата за сузбивање на криминалот Бошко Секуловиќ. Кричак бил Началникот на Управата за криминалистичка полиција нешто повеќе од една година , а пред тоа бил раководител на Единицата за заштита на лица и објекти. Според добро упатен извор, на Кричко и Секуловиќ им се ставени лисици поради нивните незаконски дејствија во случајот „Сењак“, како и поради претепување на одредени осомничени во тој случај, во полициската станица, за време на полициско испрашување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
РакометПрво ракометно Ел класико во Македонија сезонава, шампионот Вардар домаќин на Е. ПелистерВечерва од 17-45 часот македонскиот ракометен храм Јане Сандански ќе биде центарот на домашниот спорт. Шампионот вардар во првото македонско Ел класико сезонава е доаќи на најголемиот ривал Еурофарм Пелистер во рамките од 9 коло од Супер лигата. Вардарци големиот ривал го очекуваат со максимален ефект, кој сакаат да го задржат и по големото дерби. Слични амбиции има и четата на Лино Червар од битола што значи дека во Јане Сандански ќе гледаме вистински ракометен спектакл. Македонската ракометна јавност денеска ќе биде насочена кон СЦ „Јане Сандански“, каде што од 17:45 часот ќе се одигра првото сезонско дерби меѓу Вардар и Пелистер. Сигурно „жешко“ ќе биде и на трибините бидејќи веќеодамна се продадени сите билети за трибините во Јане сандански.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалМиланското дерби за црвен-оцрните, шампионот победен со 3-1Фудбалерите на Милан го победија Интер со 3:1 во големото градско дерби на Милано одиграно во рамките на 10. коло од Серија А.„Нераѕурите“ важеа за благи фаворити во градското дерби, но „росонерите“ одиграа одличен натпревар и извојуваа голема победа, предводени од феноменалниот Диего Мореиро. Стрелци на головите го големото миланско дерби беа Пулишиќ 3мин, Рабио 10 мин, и Мориера за Милан, единствениот гол за Интер го постигна капитенот Бастони. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook