Податоците ги објавува истражувачки центар кој ги споредува трошоците за живот во сите земји.
Според овие извори, Македонците пушат најевтините цигари во регионот, плаќајќи за кутија цигари – 1,95 евра, а најскапи се во Хрватска – 3,50 евра.
Во Србија и во БиХ цената на цигарите е помеѓу 2,40 и 2,60 евра. Во Албанија тие чинат 2,37 евра, а во Бугарија – 2,81 евра.
Најскапите цигари во Европа се во Норвешка, Ирска, Велика Британија и Исланд, а цените се движат од 10,32 до 11,54 евра, објави Б92.
Најскапите цигари во светот пушат Австралијци, каде што една кутија плаќаат повеќе од 17 евра.