2Сиљановска-Давкова денеска во Брисел ќе учествува на самитот за проширување на европската унија 2026
БалканВо август во Грција имало зголемен број туристи во споредба со лани, но потрошиле помалку париБројот на туристи кои во август годинава ја посетиле Грција е за 6,6 отсто повисок во споредба со истиот месец лани.Бројот на туристи кои во август годинава ја посетиле Грција е за 6,6 отсто повисок во споредба со истиот месец лани, меѓутоа приходите од посетителите се намалени за 1,8 проценти, покажуваат официјалните податоци од Банката на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Во август пристигнале 6.908.000 туристи, а порастот на бројот на туристи е по зголемувањето на посетители и од ЕУ (за 8,1 отсто) и од останатите земји (за 4,1 процент), но намалувањата на приходите споредбено со истиот месец од 2023 година е поради драстичното намалување (од 13,9 отсто) на трошоците на жителите од трети земји, наспроти порастот од 5,1 отсто на приходите од туристите од земјите од Европската унија. Од друга страна, во периодот од осум месеци, односно од јануари до август, Грција ја посетиле нешто помалку од 25 милиони туристи (24.890.600) за 9,9 отсто повеќе во споредба со истиот период лани, а зголемени се и 12,2 проценти и приходите од туризмот и изнесуваат 15,1 милијарда евра. Ова, според Банката на Грција се должи на зголемувањето на приходите од жителите на земјите од Европската унија за 6 отсто додека приходите од жителите на другите земји се намалени за 2,8 проценти. Во конкретниот период патничкиот сообраќај преку аеродромите бил зголемен за 11,1 отсто, а преку копнените гранични премини за 7,7 проценти. Минатата година беше особено успешна за грчкиот туризам, со оглед на тоа дека Грција ја посетија 32,7 милиони туристи, за 17,6 отсто повеќе споредбено со 2022 година, a приходите за земјата беа 20,5 милијарди евра. /МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЗапален автомобилот на познат српски пејач Запален е џипот Ауди на популарниот српски пејач Урош Живковиќ . Жителите на населбата Чукарица во Белград ги разбудила силна експлозија, луксузниот автомобил е скоро целиот уништен во пожарот. .Пожарот во кој изгоре скап автомобил „Ауди Q8“, сопственост на познатиот пејач Урош Живковиќ, избувна рано утринава, околу 4 часот, во белградската населба Чукарица. Жителите на околните згради беа разбудени среде ноќ од силен тресок, сличен на експлозија, по што низ прозорците видоа пламен што го зафати луксузниот џип. Се сомнева дека пожарот е подметнат. Двајца непознати мажи му пришле на паркираното возило, истуриле запалива течност врз него, по што автомобилот веднаш пламнал. Напаѓачите со молскавична брзина побегнале од местото на настанот во непознат правец. Пожарникарите-спасувачи брзо пристигнаа на местото на настанот, го изгаснаа пожарот и спречија негово ширење кон околните возила. За среќа, во овој инцидент немаше повредени, но возилото претрпе сериозни оштетувања.Тагови: пожар Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМисајловски: Јануарската плата на војската ќе биде зголемена за 10 процентиЈануарската плата ќе биде зголемена за 10 проценти ова утринава го најави министерот за одбрана Владо Мисајловски. Кој се обрати на прес-конференција посветена на покачувањето на платите во Армијата и одбраната од почетокот на следната година. На конференцијата присуствуваа и претставници на синдикатите во одбраната и армијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пица со шункаВо вторник (27.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Павлина Горгиева.Состојки за денешниот рецепт: 1 готово тесто за пица 100 гр. доматен сос 150 гр. шунка 150 гр. кашкавал 150 гр. печурки 50 гр. маслинки без семка малку оригано и др. зачини по избор. Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter