Во Атлантскиот Океан се наоѓа најоддалечениот остров од цивилизацијата - Канал 5

Во Атлантскиот Океан се наоѓа најоддалечениот остров од цивилизацијата

Во светов има една мала населба каде што секој се познава со секого, нема криминал, децата трчаат безгрижно каде сакаат, храната не се увезува, а речиси и да нема мобилен сигнал.

Во Атлантскиот Океан се наоѓа најоддалечениот остров од цивилизацијата

Се работи за едно од најизолираните места на Земјата, пишува порталот „Путникофер“ (Putnikofer).

Тристан да Куња се всушност група острови коишто се наоѓаат сред Атлантскиот Океан и се создадени по ерупција од вулкан. Оваа, по малку и утописка заедница денес има нешто помалку од 300 жители кои се наоѓаат на најголемиот остров од оваа група. Единствениот град се нарекува Единбург на Седумте Мориња. На овие далечни британски острови има мало пристаниште, црква, училиште и пошта.

Најблискиот град е Кејп Таун во Јужна Африка, оддалечен 2.800 километри. Превозот до островот трае шест дена и единствениот начин да се стигне таму е преку море, бидејќи Тристан да Куња нема аеродром.

Населбата со 275 жители, Единбург е основана 1816 година од британскиот наредник Вилијам Глас, откако Велика Британија ја освоила областа. Гратчето го добило името по принцот Алфред, војвода од Единбург, во чест на неговата посета на островот во 1867 година. Британски воен гарнизон на островите имало до крајот на Втората светска војна.

Главна гранка на стопанството се лов, одгледување и извоз на ракови. Секое од 80-те семејства има и земја што ја обработува. Се одгледуваат и различни култури - најмногу компири.

Занимливо е што островот не увезува храна, туку жителите го јадат само она што е уловено и одгледувано на самото место.

Во совремието, околните жители сѐ повеќе се свртуваат и кон туризмот, но под многу јасни правила. Имено, на населениот остров нема хотели, ресторани, ниту туристичка инфраструктура. Посетителите и гостите треба да се пријават кај Управата на островите со месеци однапред. Откако ќе им биде одобрен престој, посетителите се сместуваат кај едно од тамошните семејства.

На островот движењето е - пешки, бидејќи сѐ е блиску и нема потреба од превоз. Барот „Албатрос“ е единственото кафуле на главниот остров на којшто се однесува името Тристан да Куња, но „не треба многу да ѝ се верува на услугата“, гласат дел од препораките на интернет. Затоа повеќето посетители јадат во куќите на домаќините каде што престојуваат.

И - на островот нема мобилни телефони. Има само телефонска говорница во поштата. Има и интернет-сигнал и може да се користи компјутер, но тоа е сателитска врска и преносот на податоци е многу бавен.

Затоа, одморот на овој необичен остров и навистина би бил одмор од технологијата, урбаната цивилизација и гужвата од секојдневието. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Страшна повреда на италијанска тенисерка: Ногата ѝ пропадна во земјениот терен (ВИДЕО)

Италијанската тенисерка Елеонора Алвизи претрпе една од најтешките повреди на тениската турнеја оваа година и мораше да се повлече од натпреварот во Санта Маргарита ди Пула, турнир на ИТФ.

Страшна повреда на италијанска тенисерка: Ногата ѝ пропадна во земјениот терен (ВИДЕО)

Во тајбрејкот во вториот сет против шведската противничка Елизабет Ског, таа се обиде да влезе на теренот и да стигне до топка, но се сопна на куп земјена подлога и заврши на земја.

Повредата на коленото веднаш беше јасна, а судијата истрча за да види што точно се случува.

Италијанката беше изнесена од теренот, а ќе видиме дали 23-годишната ќе може да се натпреварува до крајот на сезоната.

Таа влезе меѓу првите 1000 на овој турнир, но нејзиното видео привлече големо внимание во врска со подготовката на самиот земјен терен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова со Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими д-р Мајкл Баренбаум, истакнат професор по еврејски студии и експерт за Холокаустот, кој во март годинава ја придружуваше за време на посетата на Меморијалниот комплекс „Треблинка“ во Полска.

Сиљановска-Давкова со Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува

На средбата присуствуваа Горан Садикарио, директор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, Љиљана Мизрахи и Тодор Чепреганов.

Сиљановска-Давкова укажа на опасноста од историски ревизионизам, минимизирање и негирање на Холокаустот и од антисемитизам.

За неа, Треблинка каде што биле убиени 7.144 македонски Евреи, односно 98 проценти од македонската еврејска заедница е длабоко потресно искуство, но и споменик што сведочи за историските факти, како и причина за прераснување на одбележувањето во традиција.

Претседателката му се заблагодари на Баренбаум за експертското и човечко ангажирање во одбраната на историската вистина за Холокаустот врз македонските Евреи, особено за аргументираната заложба да се сочува автентичниот натпис на спомен-плочата во Треблинка, наспроти обидите за негова измена.

За професорот, присуството на Претседателката, пратеници и претставници на македонската Eврејска заедница на одбележувањето на 11 Март - Денот на депортацијата на македонските Евреи, во Треблинка, е од исклучителна важност.

Баренбаум потсети дека со испишувањето на имињата на македонските Eвреи на ѕидот во Меморијалниот комплекс, секоја жртва ќе добие траен спомен и заслужена заштита од заборав.

Тој укажа на важноста од документирање на историјата и едукација на младите генерации за Холокаустот во сите степени од образовниот процес, како и организирање студентски посети на Меморијалниот комплекс во Треблинка.

Директорот на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија информираше за тековните активности, меѓу кои и иницијативата за формирање на едукативен институт во негови рамки, како и за утрешната изложба посветена на еврејските партизани во Скопје, соопштуваат од Кабинетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево време со температура до 20 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, соопштуваат од УХМР. 

Утре сончево време со температура до 20 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

4 Попова Шапка, 8 Маврови Анови, 9 Крушево, Берово, 13 Крива Паланка, Претор, Прилеп, 14 Битола, Охрид, 16 Струмица, Виница, Штип, Тетово, 17 Кавадарци, Скопје Петровец, Скопје – Зајчев Рид, Демир Капија, Велес, 18 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше променливо облачно со сончеви периоди. Наместа дуваше засилен до силен ветер, кој во источните делови повремено достигнуваше брзина од 60 km/h. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе биде умерено облачно. Ќе дува засилен ветер од северен и северозападен правец.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието ќе надминува брзина од 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 12 до 20 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 15 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Следува период на променливо облачно и стабилно време, освен во петок кога ќе има слаби локални врнежи од дожд кои на повисоките планини ќе бидат од снег. Утре ќе дува засилен до силен ветер од северен правец, а од петок до крајот на периодов, ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер