Во Англија ќе биде изведен пред суд лице кое без билет влегло на фудбалски натпревар - Канал 5

Во Англија ќе биде изведен пред суд лице кое без билет влегло на фудбалски натпревар

Дваесет и седумгодишен маж стана првото лице во Англија обвинето за влегување на фудбалски натпревар без билет. 

Во Англија ќе биде изведен пред суд лице кое без билет влегло на фудбалски натпревар

Инцидентот се случил вчера за време на финалето на Лига купот на „Вембли“ помеѓу Арсенал и Манчестер сити, објави „Би-би-си“.

Новиот закон стапи на сила на 22 март, неколку часа пред завршувањето на натпреварот. Според Скотланд Јард, 27-годишниот Бенџамин Бејли од Олдам ќе се појави во Судот за прекршоци во Вилсден во петок, 1 мај, во врска со посоченото кривично дело.

Уште двајца мажи беа уапсени под сомнение за слично кривично дело на Вембли и остануваат во притвор. Еден маж беше уапсен вчера во врска со сличен инцидент, откако влегол на стадионот на Тотенхем откако домаќините загубија со 3:0 од Нотингем Форест. Човекот е ослободен со кауција во исчекување на истрагата.

Оние што се осудени за нелегален влез се соочуваат со забрана за присуство на фудбалски натпревари до пет години и парична казна до 1.000 фунти.

Законот беше воведен по сериозните немири што го нарушија финалето на Европското првенство помеѓу Англија и Италија на Вембли во јули 2021 година, кога илјадници навивачи насилно влегоа на стадионот. Новата регулатива има за цел да ги спречи навивачите без билети да им попречуваат нормално следење на натпреварите на сопствениците на валидни билети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кривична пријава против поранешен директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево

Кривична пријава против поранешен директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево поради „злоупотреба на службената положба и овластување“

Кривична пријава против поранешен директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево на 13.07.2026 поднесе кривична пријава против С.С.(61) од Делчево, поранешен директор на ЈКП „Брегалница“- Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,„злоупотреба на службената положба и овластување“, по член 353 ст.1 во врска со член 45 ст.1 од КЗ.

С.С. како службено лице - директор на ЈКП „Брегалница“- Делчево ја злоупотребил службената положба и овластување со пречекорување на границите на своите службени овластувања, при што во периодот од 2023 до 2025 година, на вкупно 112 вработени во ЈКП „Брегалница“-Делчево им издал вкупно 92 решенија за зголемување на основната плата поради работна успешност, при тоа без да има предлози од непосреден раководител на работникот и без согласност на непосреден раководител на работникот, со што постапил спротивно на член 51 ст.1 од Колективниот договор за комуналните дејности и спротивно на член 81 ст.2 од Колективниот договор за уредување на правата, обврските и одговорностите од работниот однос на работниците од ЈКП „Брегалница“- Делчево и предизвикал вкупна материјална штета на јавното претпријатие од 267.873 денари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НЛБ Банка и „Прагма Продукција“ го официјализираа партнерството за претстојната летна концертна сезона

НЛБ Банка и „Прагма Продукција“ денеска го официјализираа партнерството за претстојната летна концертна сезона.

НЛБ Банка и „Прагма Продукција“ го официјализираа партнерството за претстојната летна концертна сезона

На заедничка прес-конференција ги најавија музичките настани што ќе ја одбележат летната програма, како и ексклузивните поволности што ќе бидат достапни за клиентите на НЛБ Банка, со посебен акцент на пакетот **nlb next**, наменет за младите.

На прес-конференцијата присуствуваа и членовите на дуото „Дупер“ и Слаткаристика, кои ги најавија претстојните настапи и ја поздравија иницијативата за поддршка на домашната музичка сцена.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Супер вторник“ за проширувањето на ЕУ - четири меѓувладини конференции во еден ден

„Супер вторник„ за проширувањето на Европската Унија – вака во Брисел го опишаа оддржувањето на дури четири меѓувладини пристапни конференции во еден ист ден, што според ресорната еврокомесарка Марта Кос се случува прв пат по 24 години. 

„Супер вторник“ за проширувањето на ЕУ - четири меѓувладини конференции во еден ден

„Супер вторник„ за проширувањето на Европската Унија – вака во Брисел го опишаа оддржувањето на дури четири меѓувладини пристапни конференции во еден ист ден, што според ресорната еврокомесарка Марта Кос се случува прв пат по 24 години. Од четирите водечки кандидатки - Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија, Црна Гора е апсолутниот првенец, додека Украина постигнала голем напредок во последните два месеци, оценија Кос и министерот за европски прашања на Ирска, Томас Бирн, чија земја е актуелен претседавач со Унијата.

-Со нашите предводници - Молдавија и Украина, ќе го отвориме кластерот 6. Се однесува на надворешните односи на двете земји. Исто така, станува збор за соработка во одбраната и справувањето со хибридните закани. Двете земји ќе придонесат кон европската безбедносна структура. Ова е пресвртница за Албанија со почетокот на затворањето на поглавјата и секако за нашиот фаворит, првенецот Црна Гора, со денес уште едно затворање на две поглавја вкупно 18 од 33, што значи повеќе од половина,- - Марта Кос Еврокомесарка за проширување.

Овој „Супер вторник„ е знак до земјите кандидатки дека Унијата е подготвена за проширување, изјави ирскиот министер – Томас Бирн. Тој како и Кос порачаа дека проширувањето останува меритократски процес.

-Самиот денешен ден „Супер вторник„ како што го нарекуваме - најмногу конференции за пристапување од 2002 година, само по себе гради импулс што луѓето ќе го видат во земјите-пристапнички дека постои Европска Унија. Дека земјите-членки се подготвени да го движат тој процес напред, подготвени да го остварат, и дека нашите земји-членки и нивните системи почнуваат да се подготвуваат со уште поголема итност отколку што веќе покажаа во овој процес. Затоа мислам дека ќе продолжиме да го движиме ова напред,- -Томас Бирн, министер за европски прашања и одбрана на Ирска.

Иако соседна Србија не доби зелено светло од Брисел за отворање на третиот кластер, според еврокомесарката Кос, Белград испраќа сигнал дека е подготвен за поголемо стратешко усогласување со Унијата. Неколку земји членки се против напредокот на Белград, поради невоведувањето санкции кон Русија и заостанување во владеењето на правото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер