Во албанскиот Парламент расправа по барањето на СПАК за Бериша, надвор протест на опозицијата - Канал 5

Во албанскиот Парламент расправа по барањето на СПАК за Бериша, надвор протест на опозицијата

Според Бериша, протестот е „почеток на бунтот кој од Парламентот се пренесува по улиците на Тирана“.

Во албанскиот Парламент расправа по барањето на СПАК за Бериша, надвор протест на опозицијата

Во просториите на албанскиот Законодавен дом во тек е расправа на Советот за мандати во врска со барањето на Специјалното обвинителство за корупција и организиран криминал, СПАК, за одземање на пратеничкиот имунитет на Сали Бериша, лидер на побројното крило на опозициските демократи.

Од друга страна пред зградата се одржува протест организиран од приврзаниците на Бериша, поддржани и од Партијата на слободата на Илир Мета, предводени од потпретседателот Петрит Васили, и се фрлаат димни бомби, како што тоа опозицијата го прави на пленарните седници во последните два месеца.

Поради процената дека протестот може да излезе од контрола за безбедноста ангажирани се околу илјада полициски службеници.

Според Бериша, протестот е „почеток на бунтот кој од Парламентот се пренесува по улиците на Тирана“.

-Тука сум да го објавам почетокот на битката без враќање по улиците на Тирана, нејзините плоштади во секој агол на оваа земја. ДП е решена да одговори заб за заб на владеењето на Еди Рама засновано на криминал, дрога, кражби на Албанци. Денес секој вистински демократ се чувствува како борец за слобода, заколнат дека ќе стори сé за распадот на монодиктатурата, на режимот кој им го одзема гласот на Албанците, ја контролира волјата на Албанците. За падот на режимот кој ги краде како никогаш досега. За падот на режимот кој го уништи плуралистичкиот парламент, рече Бериша.

Во низата обвинувања до Рама, тој меѓу другото го нарече „најжесток непријател во историјата на постоењето на Албанците, кој за 10 години избрка 1,3 милиони Албанци и денес пописот покажува дека во Албанија останале само 1,5 милиони Албанци“.

-Денеска сме заедно бидејќи немаме парламент. Имаме касарна за гардисти. Во историјата на плурализмот не е видено во собраниската сала да има 80 пратеници и 280 полицајци и чувари. Дали разбирате до каде стигна Албанија, рече Васили алудирајќи на големото присуство на припадниците на гардата на пленарните седници.

Според него, маката на Рама е што на виделина излегла вистината за него и оти се „плаши од страшните вистини што ги кажува Бериша“.

Поддршка за Бериша, со обвинувања на адреса на Рама, искажуваат поголем број демократи.

Доколку му се одземе имунитетот на Бериша, кој е осомничен за „пасивна корупција“ и „злоупотреба на службената должност“ во приватизацијата на спортскиот комплекс „Партизан“ во Тирана, се отвора патот да му биде изречена мерка „домашен притвор“, што на денешната расправа го побара обвинителот Арбен Краја.

Претходно му беше изречена мерка пријавување во судот секој прв и трет понеделник, што ниту еднаш не го испочитува, како и забрана за напуштање на земјата.

Адвокатот на Бериша Генц Ѓокутај побара седницата да се одложи, додека не се изјасни Уставниот суд по тужбата на група демократски пратеници, во што го поддржаа членовите на Советот од опозицијата, но беа надгласани од другите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Важни избори за членови на Претставничкиот дом на САД за два дена

Во вторник, на 3 ноември, Американците ќе излезат на гласање за конгресните избори, кои ќе го одредат односот на силите во Вашингтон во текот на последните две години од мандатот на претседателот Доналд Трамп. 

Важни избори за членови на Претставничкиот дом на САД за два дена

Повеќе од 200 милиони граѓани имаат право на глас на овие избори, кои доаѓаат по две години одбележани со високи трошоци за живот, војни и обвинувања за корупција.

Гласачите ќе ги изберат сите 435 членови на Претставничкиот дом на САД – кои имаат двогодишен мандат – како и 35 од 100-те американски сенатори, кои се избираат со шестгодишен мандат. Американците, исто така, ќе избираат гувернери во 36 сојузни држави, членови на државните законодавни тела, а ќе одлучуваат и за бројни прашања ставени на гласање.

Изборите во средината на мандатот традиционално се сметаат за референдум за поддршката на претседателот и неговата партија. На овие избори, партијата на претседателот често губи пратенички места, а промената на мнозинството во Конгресот може значително да го ограничи просторот за политичко маневрирање на претседателот.

Според најновиот просек од анкетите на „RealClearPolitics“ (RealClearPolitics), Демократите имаат предност во испитувањата за тоа која партија гласачите би ја поддржале на изборите за Конгресот. Кон крајот на октомври, овој просек изнесуваше 51,5 отсто за Демократите и 43,1 отсто за Републиканците.

На изборите одржани пред две години, гласаа приближно 155 милиони луѓе. На претходните избори во средината на мандатот, на гласање излегоа околу 122 милиони од вкупно повеќе од 240 милиони регистрирани гласачи. Излезноста на ваквите избори е традиционално помала отколку на претседателските избори.

Интересот за овогодинешните избори е очигледен и преку предвременото гласање. До завршната фаза од кампањата, десетици милиони Американци веќе го искористија своето право на глас, при што бројот на предвремени гласови се приближува до 50 милиони, според податоците објавени од „Асошиејтед прес“.

Претседателот Трамп, исто така, веќе гласаше. Во текот на целата кампања, тој ги повикуваше гласачите од Републиканската партија да се однесуваат како тој самиот да е на гласачкото ливче.

Сепак, претседателот не се кандидира на овие избори.

Демократите моментално имаат 214 места во Претставничкиот дом, додека републиканците го држат мнозинството. За да се обезбеди контрола врз овој дом, кој брои 435 пратенички места, потребни се најмалку 218 места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Петар Богојески

Утре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Петар Богојески

„На кавга со Иван“ - Петар Богојески

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни

Според УХМР времето денес ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 25 l/m²).

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 14 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на циклонска активност од денес до вторник времето ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи ќе има во недела и во вторник. На повеќе места се очекува да наврне поголема количина на дожд (над 25 l/m² за 24 часа), а во текот на прогнозираниот период локално и над 60 l/m². Од среда и во деновите потоа ќе се задржи стабилно време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер