Во Албанија наскоро ќе биде отворен кампот за мигранти од Италија - Канал 5

Во Албанија наскоро ќе биде отворен кампот за мигранти од Италија

Во Албанија наскоро ќе биде отворен камп за мигрантите кои Италија ќе ги префрли во таа земја, пред се оние луѓе кои имаат мали или никакви шанси за азил.

Во Албанија наскоро ќе биде отворен кампот за мигранти од Италија

Во тек е изградба на камп во близина на стариот воен аеродром Ѓадер, пишува Дојче веле.

Со неодамнешниот договор, Албанија ѝ ја предаде таа воена област на Италија на ограничен период. За изградба на контејнерски камп за баратели на азил не беше потребна албанска градежна дозвола. Таmu во иднина треба да бидат сместени повеќе од 3.000 мигранти и бегалци.

Имено, толкав број месечни барања за азил треба да се обработуваат таму. Италија во иднина ќе ги префрли во Албанија оние луѓе кои се спасени во меѓународни води на Средоземното Море. Тие прво ќе бидат префрлени во пристаништето Шенѓин, каде што веќе е подготвен помал прифатен камп. Тие луѓе треба да бидат регистрирани таму, да им се земат отпечатоци од прсти и други податоци пред да бидат префрлени во Ѓадер.

Според Италијанската амбасада во Тирана, одлуката за тоа кој всушност ќе биде префрлен во Албанија треба да се донесе веќе на бродовите за спасување мигранти. Одлуката за тоа кој во кој камп ќе биде префрлен ќе биде донесена во зависност од земјата на потекло и здравствената состојба на мигрантите и бегалците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќерката на Том Круз официјално го промени своето презиме

Сури Круз (20), ќерката на познатиот американски актер Том Круз и актерката Кејти Холмс, официјално го променила своето презиме во Ноел – средното име на нејзината мајка. 

Ќерката на Том Круз официјално го промени своето презиме

Ова го покажуваат јавните евиденции на регистрирани гласачи во Пенсилванија, каде што Сури моментално студира на Универзитетот „Карнеги Мелон“, пренесува „Пејџ сикс“ (Page Six).

Таа се регистрирала во округот Алегени како Сури Ноел; медиумот напоменува дека, според законот, жителите мора да ги користат своите законски имиња при регистрацијата за гласање. Исто така, се наведува дека Сури – која наскоро ќе настапи во претстава по дело на Шекспир на универзитетот – не поднела барање за промена на името во округот Алегени. Ова сугерира дека таа можеби тоа го сторила во Њујорк, каде што живеела со мајка си пред да започне со студиите.

Сури нема контакт со својот татко уште од разводот на нејзините родители во 2012 година; информациите за промената на нејзиното презиме првпат се појавија во 2024 година, за време на нејзиното матурирање, кога таа не го користела неговото презиме. Том Круз и Кејти Холмс се разведоа во 2012 година, по што Сури се пресели во Њујорк со својата мајка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хрватската мисица на изборот во Виетнам ќе носи спектакуларен фустан инспириран од Плитвице и Крка

Мисицата, Ема Хелена Вичар, на 8 август заминува за Виетнам за да ја претставува Хрватска на 73-тиот избор за „Мис на светот“ (Miss World), еден од најпрестижните светски избори за убавина. 

Хрватската мисица на изборот во Виетнам ќе носи спектакуларен фустан инспириран од Плитвице и Крка

Натпреварот се одржува од 9 август до 5 септември и ќе собере околу 130 натпреварувачки од целиот свет. Покрај самиот избор за убавина, во последните децении „Мис на светот“ се фокусира на хуманитарна работа, образование и општествена одговорност преку слоганот „Убавина со цел“ (Beauty With a Purpose).

Токму во оваа категорија, убавата Ема ќе го претстави својот проект „Сина планета: Цел за живот“ (Blue Planet: A Purpose for Life), кој е посветен на заштитата на Јадранското Море и отстранувањето на отфрлените рибарски мрежи – сериозна закана за морските екосистеми.

Ема ќе се натпреварува во седум категории.

Како студентка на постдипломски студии по менаџмент на луксузни брендови во Монако и сопственичка на бренд за одржлива мода, Ема ќе се натпреварува во седум официјални категории, меѓу кои се талент, топ-модел, спорт и интервју. За категоријата „Топ-модел“, таа ќе носи спектакуларна креација на хрватската дизајнерка Марина Матиќ (LARIE), инспирирана од Плитвичките Езера и Националниот парк „Крка“.

Фустанот е украсен со повеќе од 500.000 кристали „Сваровски“, монистра и камења.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ПСЖ преговара за трансфер на Феран Торес

Европскиот и француски фудбалски шампион ПСЖ продолжува со директни разговори со претставниците на  фудбалерот на Барселона, Феран Торес во врска со можен трансфер ова лето. 

ПСЖ преговара за трансфер на Феран Торес

Барселона не сака да го продаде шпанскиот напаѓач, а до договор би можело да дојде само доколку самиот Торес побара да го напушти клубот.

ПСЖ размислува да ги ангажира и Торес и младиот белгиски крилен напаѓач Мика Годс.

Парижаните бараат засилувања во нападот по заминувањата на Ли Канг-ин, Гонсало Рамос и Ибрахим Мбаје.

Во исто време, Ливерпул силно инсистира на ангажман на Бредли Баркола од ПСЖ – потег што би можел да ги принуди француските шампиони да направат дополнителни промени во својата напаѓачка линија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер