3Универзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилство
БалканВо Албанија минатата година запленет имот вреден 41 милион евра,стекнат од криминалШефот на Специјалното обвинителство нагласи дека во „главниот град и приморските градови криминалните групи главно се повеќе ориентирани кон перење пари“.Првиот човек на албанското Специјално обвинителство против организиран криминал и корупција (СПАК), Алтин Думани, презентирајќи го извештајот за 2023 година пред народните избраници, рече дека во текот на извештајната година запленет е имот во износ од 41 милион евра стекнат од криминални активности. Шефот на Специјалното обвинителство нагласи дека во „главниот град и приморските градови криминалните групи главно се повеќе ориентирани кон перење пари“. -Анализата на криминалните пазари во Албанија покажува вознемирувачка ситуација со активните групи во градовите како Тирана, Драч, Валона, Ѓирокастро, Фиер, Скадар, Елбасан, Курбин и Фуш Круја. Во Тирана и другите крајбрежни градови, криминалните групи главно се повеќе ориентирани кон перење пари, што се врши преку вложување во движен и недвижен имот, како и преку депонирање пари на банкарски сметки на трговски друштва или нивни роднини. Во однос на перењето пари, инвестициите во движен и недвижен имот се главните начини во Албанија, особено во станови, згради и услужни единици во Тирана и туристичките области, нагласи Думани. Имавме, посочи тој, и случај на меѓународна криминална организација која имаше за цел да пере пари преку софистицирани шеми во Албанија, но органите на прогонот соработуваа и стана можно да се заплени голема сума пари и да се гонат некои од членовите на структурираната криминална група. -Истрагите од 2023 година покажуваат дека криминалните групи се софистицирани и вклучени на меѓународните пазари на тешки дроги и имаат доминантна позиција. Овие групи се активни и на меѓународните пазари. Загрижувачки треба да се смета и софистицираната активност на криминалните групи кои работат со кол-центри, кои ги мамат граѓаните на ЕУ, посочи Думани. Според него, шверцот со наркотици е проблем во Драч, Валона, Ѓирокастро, Фиер и Курбин. Во Скадар, Драч, Лач и Фуш Круја, евидентирана е корупција на правосудните службеници, додека убиствата и обидите за убиства се чести во Драч, Фуш Круја, Фиер, Валона, Скадар и Елбасан. Во Фуш Круја се врши трговија со оружје, распрскувачки материи, но и украдени автомобили кои служат како орудие за извршување убиства, објасни тој. Инаку, и денешната пленарна седница ја карактеризираа тензични ситуации, предизвикани од опозицијата, кога нејзини пратеници се патуваа кон говорницата додека зборуваше Думани, поради што мораше да интервенира обезбедувањето, составено од претставници на Националната гарда. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Технологија„Microsoft“ ги изненади сите со својот најмал „Xbox“ контролерПолесен е од вашиот телефон, лесно се става во џеб и сè уште ги има сите копчиња што ви се потребни.„Xbox“ го најави „Nano Controller“, најмалиот контролер што компанијата некогаш го направила. Дизајниран е за деца, гејмери со помали раце и луѓе кои сакаат да играат игри надвор од дневната соба. „Nano“ е долг нешто повеќе од 12 сантиметри и тежи околу 99 грама. We've got a little something new to show you! Hop into your favorite games with our pocketable XBOX Nano Controller: https://t.co/DPU58BuTEm https://t.co/c2jYeeaLI4 — XBOX (@XBOX) October 14, 2026 И покрај својата големина, „Xbox“ не отстранил никакви контроли. Ги добивате сите 18 стандардни влезови, така што распоредот на копчињата се совпаѓа со „Xbox“ контролерот со кој веќе сте запознаени. „Nano“ користи батерија што може да се полни, иако „Xbox“ не откри колку долго ќе трае едно полнење. Исто така, постои и програмабилно копче за акција што можете да го поставите да прави снимки на екранот, да снима игра или да стартува кратенка што често ја користите. Се поврзува преку „Xbox Wireless“ и „Bluetooth“, така што можете да го користите со кој било компатибилен уред. „Xbox“ го позиционира и „Nano“ како контролер за целото семејство. „Xbox Nano Controller“ е достапен за преднарачка за 50 долари. Испораката започнува во ноември во 36 земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Канада, Јапонија и Австралија, а дополнителни пазари ќе бидат додадени подоцна. Цените ќе варираат во зависност од пазарот. Извор: Б92Тагови: Microsoft Xbox Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПаника во Русија: Шпионски авион кружел со часови во близина на границатаАмерикански шпионски авион денес кружел два часа над Естонија и Латвија, десет километри од нивната граница со Русија, по што се вратил во својата база во Романија, според податоците од летот од авионот.Според податоците пренесе РИА Новости, авионот полетал од меѓународниот аеродром „Михаил Когалничеану“ во Констанца, Романија, околу 9:42 часот наутро и прелетал над Унгарија, Словачка, Полска и три балтички земји, каде што неколку пати кружел во близина на нивните граници со Русија. Авионот, за кој РИА Новости вели дека редовно се користи за летови околу регионот Калининград и над Црното Море, долж Крим и други јужни региони на Русија, се вратил во својата база во Романија денес околу 16:33 часот. Руските власти изјавија дека во последните години се забележани досега невидени активности на НАТО долж западните граници на земјата и дека НАТО ги проширува своите иницијативи, нарекувајќи го тоа „одвраќање од руската агресија“.Тагови: авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСветски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Забава„MUSE“ – ново поглавје во креативниот свет на Милена Танасковска – ПупиПо години посветени на стајлингот и модниот израз, Милена Танасковска – Пупи го претстави својот прв моден проект – колекцијата „MUSE”. Настанот се одржа на 16 октомври, во просторот на URMA Concept store, каде посетителите имаа можност одблиску да го запознаат новото креативно поглавје на Пупи. „MUSE“ е природно продолжение на нејзиниот досегашен професионален пат, но и чекор кон поавторски моден израз. По долгогодишното искуство во создавањето и обликувањето стилски приказни, Пупи за првпат го преточува својот сензибилитет во сопствена колекција, во која модата станува начин за изразување став, индивидуалност и лична естетика. Зад брендот PUPI стои идејата за мода создадена со личен пристап, надвор од концептот на масовно производство. Секое парче се изработува по нарачка, од висококвалитетни природни материјали, со можност за индивидуален избор на ткаенина и боја, како и прилагодување според мерките на клиентот. На овој начин, секоја креација добива лична димензија, а процесот на создавање станува исто толку важен колку и финалниот изглед. Визуелната приказна на колекцијата е инспирирана од Париз – неговата безвременска елеганција, урбаниот ритам и ненаметливиот шик. Соработката со URMA Concept Store ја поставува колекцијата во простор што ја обединува модата со концептуалниот пристап кон стилот и современото купувачко искуство. За презентацијата беше подготвен и ограничен избор парчиња, достапни ексклузивно на 16 октомври, со што настанот доби карактер на внимателно курирано модно доживување. Со „MUSE“, Милена Танасковска – Пупи отвора ново поглавје во својата креативна приказна, претворајќи го долгогодишниот интерес за модата во сопствен бренд со јасна естетика и индивидуален пристап. PUPI е посветен на жената која ја цени автентичноста и не се стреми да биде обична, туку да го пронајде сопствениот израз преку парчиња создадени токму за неа. Настанот беше поддржан од Play All Day Cafe.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook