Лефков: Го повикуваме ЈО да отвори случај по допрен глас, за молкот на Филипче кој како министер за здравство, не постапил за ниту една од 400 анализи кои му биле доставени за загадена вода
1Лефков: Го повикуваме ЈО да отвори случај по допрен глас, за молкот на Филипче кој како министер за здравство, не постапил за ниту една од 400 анализи кои му биле доставени за загадена вода
БалканВо Албанија минатата година биле вработени повеќе од 13.000 странциСамо на крајбрежјето има потреба од над 2.000 работници, готвачи, келнери, шанкери, хигиеничари, но и возачи, туристички водичи и менаџери. Масовната миграција главно на млади условува недостиг на работна сила во Албанија, која потребите ги пополнува со работници од странство. Според податоците на Национална агенција за вработување и вештини (АКПА) минатата година во Албанија со редовен договор за вработување биле ангажирани над 13.000 странски државјани. - Зголемувањето на бројот на странци се должи на економскиот раст што го доживеа земјата. Во 2024 година на нашиот платен список се запишани 700.000 вработени, од кои околу 13.000 се странци кои аплицирале да се вработат во Албанија, изјави Гертиола Чепани, директорка на Службата за пазар на труд. Според неа меѓу странците на пазарот на труд во Албанија доминираат италијански, турски и индиски, а не е мал процентот и на македонски, косовски и пакистански државјани. - Главни сектори каде што се обезбедени договори за вработување се услугите, сместувањето, градежништвото, трговијата и производството, наведе Чепани. Важечките законски прописи во земјата предвидуваат сите странски државјани да обезбедат договор за вработување, за потоа да поднесат барање за дозвола за престој во Албанија. Кујтим Дервиши од Здружението на ресторани и гостилница истакна дека и годинава, во пресрет на летната туристичка сезона, баровите, рестораните и хотелите имаат недостиг на работници. Само на крајбрежјето има потреба од над 2.000 работници, готвачи, келнери, шанкери, хигиеничари, но и возачи, туристички водичи и менаџери. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаНови снимки од „GTA 6“: Погледнете што откриваатТреба да добиеме нов поглед на „GTA 6“ следниот четврток, но некои снимки од играта се појавија на интернет дури и пред официјалното лансирање.Овие снимки наскоро беа отстранети од платформите на кои се појавија, што дополнително ги поттикна сомнежите дека се работи за автентичен материјал. Сепак, според информациите што го придружуваат протекувањето, снимките наводно доаѓаат од верзија на играта стара околу една година и не ја претставуваат верзијата што „Rockstar“ планира да ја прикаже следната недела. Досега се појавија два кратки клипа. Првиот го прикажува протагонистот Џејсон како игра кошарка на теренот до неговата куќа. Вториот клип покажува конфликт со возач, а може да се види дека „NPC“ ликовите ќе имаат можност да фрлаат предмети за време на конфликтот. Клипот наводно открива и некои детали за полициските потера. Се чини дека системот би можел да биде посличен на оној од „GTA 4“, односно полицијата нема да реагира само врз основа на класичното ниво на систем за потера. Наводно ќе има и опис на осомничениот, вклучувајќи го автомобилот што го користи и облеката што ја носи. Покрај снимките од играта, на интернет почна да циркулира и наводна фотографија од комплетната мапа на „GTA 6“, на која се прикажани имињата на различни региони. Автентичноста на оваа мапа сè уште не е потврдена, објавува „HCL“. Според претходните информации, играта моментално не е најавена како класично физичко издание со комплетната игра на „Blu-ray“ диск. Наместо тоа, физичкото пакување треба да содржи код за преземање на дигиталната верзија. Поскапото „Ultimate“ издание исто така привлекува дополнително внимание, кое треба да донесе одредена ексклузивна содржина. Тие вклучуваат дополнителни опции за прилагодување на ликовите и возилата, како и пристап до одредени локации во играта. Извор: Б92Тагови: GTA 6 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
ЖивотПортугалија ги забранува бурките на јавни места. Казни до 3.000 евраПортугалија усвои закон со кој се забранува покривање на лицето на јавни места, а за прекршување на одредбите се предвидени парични казни кои се движат од 150 до 3.000 евра.Новите прописи – кои локалните медиуми ги нарекоа „закон за бурка“ – забрануваат носење облека што го крие лицето или оневозможува идентификација, пренесува „Еуроњуз“ (Euronews). Законот исто така забранува принудување на други лица да го покриваат лицето врз основа на пол, религија, возраст или потекло. „Лицето мора да се смета за централен елемент на човечкиот идентитет и комуникацијата“, изјави португалскиот претседател Антонио Хозе Сегуро, признавајќи дека ова прашање вклучува „голема општествена и културна чувствителност“. Исклучоци од забраната се предвидени за покривање на лицето од здравствени, професионални или уметнички причини, како и поради временските услови. Забраната не важи ниту за верски објекти, дипломатски претставништва или воздухоплови. Законот беше усвоен во парламентот во јули со поддршка на владејачката десничарска коалиција и екстремно десничарските партии, додека левичарските партии гласаа против него. Предлогот, поднесен од десничарската партија „Чега“, наиде на негативни мислења од Португалската адвокатска комора, Високиот совет на Јавното обвинителство и Португалското здружение на адвокатки. Експертите исто така изразија загриженост дека законот би можел да биде неуставен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛефков: Го повикуваме ЈО да отвори случај по допрен глас, за молкот на Филипче кој како министер за здравство, не постапил за ниту една од 400 анализи кои му биле доставени за загадена вода Го повикуваме ЈО да отвори случај по допрен глас за молкот на Филипче, кој како министер за здравство, не постапил за ниту една од 400 анализи кои му биле доставени за загадена вода во Гостивар и на територијата на Македонија. Граѓаните со години конзумирале небезбедна вода во Гостивар, Филипче за тоа знаел, а не постапувал. Документите кои ги добивме од свиркачи, за анализите и испитувањата за квалитетот на водата кои ги правеле надлежните институции, докажуваат дека Филипче како министер за здравство, не преземал ниту една мерка за нејзино решавање, а денеска како без срам обвинува за голготата која жителите на Гостивар ја поминаа токму поради него и неговите коалициски другари Ахмети и Таравари. Обвинителството мора да постапи и да даде одговор на следните прашања: Зошто со години граѓаните не биле известувани дека водата која ја користеле за пиење не била безбедна? Зошто со години не биле преземени чекори за санација на овој проблем? Зошто надлежните институции предводени од тогашната власт на СДС не постапувале по добиените извештаи? Зошто Филипче како министер за здравство молчел и не постапувал? Граѓаните заслужуваат конечно да видат правда од страна на судско-обвинителскиот систем во државата. Доста беше штитење на поранешните функционери на СДС, поради нивната блискост со одредени поединци од правосудниот систем во државата. Бараме ЈО да отвори случај по допрен глас и да ги истражи постапувањата на Филипче и тогашната власт на СДС. Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19