3Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
БалканВо Албанија инфлацијата во февруари 2,6 отсто што е најниско ниво од 2021 годинаИнфлацијата во Албанија во февруари изнесува 2,6 отсто, што е најниско ниво во последните три години и под проектираното ниво на Централна банка на Албанија, која имаше за цел да ја задржи на три отсто.-Растот на цените во февруари се ублажи бидејќи инфлацијата достигна 2,6 посто, што е најниско од октомври 2021 година, пред да започне бранот зголемувања на цените, прво како резултат на проблемите со снабдувањето создадени од пандемијата, а потоа и од превирањата на пазарот, како резултат на нападите на Русија врз Украина, објави Институтот за статистика ИНСТАТ. Според истиот извор, во февруари, минатата година инфлација изнесувала 7,1 отсто, а денес ги „достигна нивоата кон кои цели Централна банката на Албанија, за здрава економија“. Во однос на месец јануари, цените на производите за широка потрошувачка се зголемени во просек за 0,3 отсто. Гледајќи ги одделно по групи, забавата, мебелот и алкохолните пијалаци имаат стапка на инфлација од 3,7 до 4,9 отсто, додека храната е намалена на 2,7 отсто. Во буџетот на албанските семејства храната ја сочинува групата на стоки каде се троши најголемиот дел од приходите и тоа до ниво од 40 отсто. Инфлацијата под нивото од три отсто го прави непотребно натамошното заострување на монетарната политика од страна на Централна банка на Албанија, што постепено може да доведе до намалување на каматните стапки.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамПорше ја отфрла групацијата Фолксваген: Се здружува со кинески производител!Порше ќе ги пресметува своите емисии на CO2 во Европа заедно со кинескиот производител на автомобили „Xpeng“ наместо со групацијата Фолксваген во 2026 и 2027 година.Овој потег треба да ѝ олесни на групацијата Фолксваген да ги исполни европските цели за емисии и да го намали ризикот од големи казни, според нов извештај во кој се цитира аналитичарот Матијас Шмит. Со исклучување на Порше од просекот на групата, Фолксваген ќе може да го подобри својот вкупен резултат. Просечните емисии на групацијата Фолксваген во Европа во 2025 година, вклучувајќи го и Порше, беа 100 g/km, додека целта на Европската Унија беше 93,6 g/km, објавува „CarScoops“. Доколку производителите не ги исполнат целите, казната е 95 евра за секој грам CO2 над дозволената граница по возило. Вкупните казни за групацијата Фолксваген за периодот од 2025 до 2027 година би можеле да достигнат дури 1,5 милијарди евра. Порше би можел дополнително да влијае на просекот на групата, бидејќи продажбата на неговите електрични автомобили во Европа ослабе. Побарувачката за „Taycan“ и целосно електричниот „Macan“ особено е намалена, додека компанијата се насочува повеќе кон модели со мотори со внатрешно согорување. Не е познато колку „Porsche“ ќе му плати на „Xpeng“ за обединување на емисиите. Сепак, очигледно се проценува дека таков договор е финансиски поповолен од ризикот „Volkswagen Group“ да ги надмине дозволените вредности и да плати високи казни. „Xpeng“ продаде околу 19.000 електрични автомобили во Европа во првите шест месеци од оваа година, што е раст од 126 проценти во споредба со истиот период минатата година. Алијансата „Porsche-Xpeng“ останува отворена за други производители на автомобили кои сакаат да се приклучат. Производителите можат да формираат или да ги менуваат овие групи до 31 декември. Извор: Б92Тагови: Порше Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАнглеов: Спречена е голема катастроф во битолско ЛозаниОгнена линија долга неколку километри.Голем пожар беснее кај селото Лозани, битолско, а огнот стигнал и до непосредна близина на куќите. Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, објави видео од местото и порача дека опасноста сè уште трае. Според Ангелов, благодарение на пожарникарите од Битола и локалното население била спречена голема катастрофа. Директорот на ДЗС посочи дека куќите се наоѓале веднаш зад местото каде што пожарот бил активен. Линијата на пожарот е долга неколку километри, поради што се активираат тимови за брз одговор. На пат кон селото се упатуваат и четири теренски возила Пинцгауер на Дирекцијата за заштита и спасување. Тагови: ДЗС стојанче ангелов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Карпош: Кејот на Вардар - место за спорт и дружбаГрадоначалникот Сотир Лукровски денеска изврши обиколка на спортско-рекреативниот центар на Кејот на Вардар, каде оствари средби со лицата кои управуваат со спортските содржини. Посетени беа адреналинскиот парк, алпинистичката карпа, скејт-паркот и фудбалскиот терен, при што се разговараше за нивната состојба, потребите и можностите за понатамошно уредување. Фокусот е ставен на реновирање, унапредување и модернизација на спортските терени и реквизити, со цел создавање на модерен спортски комплекс на отворено. Место каде младите карпошани ќе се собираат, ќе се дружат, ќе спортуваат и рекреираат, исполнувајќи го слободното време со спорт и позитивна енергија. Кејот на Вардар има потенцијал да стане вистинско спортско срце на Карпош– простор за сите генерации, а особено за младите. Општина КарпошТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter