Во администрација намален бројот на вработени Македонци, зголемен на вработени Албанци

Се намалува ли интересот за работа во јавната администрација.

Извештајот на Народниот правобранител од 2022 година, покажува дека втора година по ред опаѓа бројот на административците во земјава и тој е намален за речиси 3800 лица. од друга страна според овој извештај во 2022 имало помалку вработени македонци

„Во 2022 година постои намалување на бројот на вработени лица и на збирно ниво, тој е намален за 3722 лица во споредба со минатата година. Во однос на минатата година, оваа година на збирно ниво забележано е намалување на бројот на вработени кај мнозинската заедница и тоа за 0.9 отсто. Кај албанската заедница, забележано е зголемен број на вработени во јавниот сектор и тоа за 0.8 отсто,- изјави, Насер Зибери – народен правобранител.

Народниот правобранител објасни дека дел од институциите, кога распишуваат огласи за вработување во нив наведуваат од која етничка припадност треба да биде примениот кандидат, ама при реализацијата на огласите не го почитуваат начелото на правична застапеност и покрај препораките на обудсманот.

Во однос пак на половата застапеност, Извештајот нотира мал напредок помеѓу мажите и жените. Сепак, Зибери порачува – да не се злоупотребува Балансерот при вработувањата во јавниот сектор.

„Сите надлежни субјекти да воспостават систем на квалитетно спроведување и вработување, со јасни и прецизни правила, кои нема да дозволат злоупотреба при користење на Балансерот за воспоставување на годишните планови за вработување во јавниот сектор“,изјави, Насер Зибери – народен правобранител.

Во однос на избрани и именувани лица, застапеноста на жените во институциите изнесува 846, додека застапеноста на машкиот пол е 1.117. Соодносот меѓу жените и мажите кај раководните работни места во институциитe изнесува (48,00%) жени, додека застапеноста на машкиот пол изнесува 52,00%). И покрај оваа констатирана состојба, заклучокот на Извештајот е дека е помал бројот на вработени жени во однос на мажи, а нивниот број е помал и на раководни работни места.

Во куќа во Англија се најдени тела на три деца- биле убиени со нож, покажа обдукцијата

Во неделата три мали деца се пронајдени мртви во куќа во Бристол. Обдукцијата покажала дека децата починале од повреди со нож.

Полицијата на местото на настанот пристигнала во 00:40 часот по локално време, по добиена пријава за можен инцидент. Полицајците ги пронашле телата на деветмесечниот Мохамед Баш, тригодишниот Жури Баш и седумгодишниот Фарес Баш.

42-годишната жена е уапсена под сомнение за убиство. Не е соопштено дали таа е во крвно сродство со жртвите. Таа се уште е во болница, каде што се лекува од повреди кои не се опасни по живот, пишува Би-Би-Си.

„Истрагата од страна на Единицата за истраги за големи злосторства е во тек. Се спроведува сеопфатна истрага за да се утврди што доведе до загуба на животи“, рече главниот инспектор Викс Хејворд-Мелен.

„Загубата на толку мали деца, кои имаа цел живот пред себе, е навистина потресна. Специјалните офицери за врска продолжуваат да му даваат поддршка на семејството“, додаде таа.

Американската војска следи сомнителен балон над западниот дел на САД

САД следат балон на голема височина што лета над западните делови на земјата, изјавија официјални лица за CBS news.

Воен авион го забележал балонот и „пресудил“ дека не е закана, но не се знае неговото потекло и намена.

Претходно денеска извор изјави дека балонот летал над Колорадо. Неговото присуство ги загрижило официјалните лица, па војската испратила авион за истрага, објави CBS news.

Франција протера радикален имам веднаш по пристигнувањето во земјата

Француските власти вчера протераа туниски имам обвинет за проповедање омраза кон жените и Евреите, објави министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин.

Махџуб Махџуби, имам во малиот град Бањолс-сур-Сезе на југот на Франција, бил вратен во Тунис за „помалку од 12 часа по неговото апсење“, порача Дарманин во објава на X, порано Твитер, пренесе Би-Би-Си.

Тој додаде дека овој пример докажува како неодамна донесениот закон за имиграција „ја прави Франција посилна“. Законот, кој ги заострува условите за миграција, се смета за дел од одговорот на владата на подемот на екстремната десница во француските анкети. На ова остро се спротивставија партиите на левицата.

„Цврстината сега е правило“, рече Дарманин, кој остро го критикуваше, како што рече, „радикалниот имам кој даваше неприфатливи коментари“.

Во официјалната одлука за протерување, се наведува дека во своите проповеди во февруари тој дал „ретроградна, нетолерантна и насилна“ слика за исламот што поттикнува однесување против француските вредности, дискриминација на жените, „тензии со еврејската заедница“ и „џихадистичка радикализација“.

Имамот, исто така, „го нарече еврејскиот народ непријател“, се вели во пресудата, исто како што Маџуби повика на „уништување на западното општество“. Адвокатот на имамот, Самир Хамрун, рече дека ќе поднесе жалба на протерувањето. Минатата година, Франција протера еден марокански имам и еден Алжирец, кои беа службеници во џамијата, која што била затворена во 2018 година.

притисни ентер