Јанчев: Ќе се формира одделение за внатрешна контрола на сите локални институции и јавни претпријатија
1Јанчев: Ќе се формира одделение за внатрешна контрола на сите локални институции и јавни претпријатија
Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
1Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
ЗдравјеВо „Аџибадем Систина“ изведена тешка операција на ретроперитонеален туморВо „Аџибадем Систина“ изведена тешка операција на ретроперитонеален тумор голем 18 сантиметри кој ја зафатил долната шуплива венаВо Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е изведена исклучително тешка операција при која е изваден тумор од 62-годишна пациентка голем околу 18 сантиметри. Туморот се наоѓал на специфично место во абдоменот, на тежок простор за ослободување, а она што дополнително ја отежнувало интервенцијата е што навлегувал и во големата долна шуплива вена. Пациентката во моментов е во многу добра состојба, а изведената интервенција повторно го докажува врвниот квалитет на „Аџибадем Систина“, како клиника во регионот во која се изведуваат вакви тешки операции. Проф. д-р Владимир Димов, специјалист по општа и абдоминална хирургија под чие водство се изведе интервенцијата, вели дека вообичаено на овие простори ваков тип операции не се рутина, односно многу често пациентите се прогласуваат за иноперабилни со образложение дека болеста е во стадиум во кој не може да се стори ништо и евентуално се испраќаат на лекување во странски големи клиники. Успешната интервенција е извршена на пациентка кај која беше дијагностициран тумор на горниот дел на ретрооператиориумот, дел кој анатомски се наоѓа за абдоменот, каде што се наоѓаат бубрезите, панкреасот, но и сите крвни садови. Местото е специфично, тешко за пристапување, затоа што туморот се наоѓал над бубрежните вени позади црниот дроб каде што се вената и аортата. „Она што дополнително беше комплицирано е што туморот навлегуваше и во големата долна шуплива вена или таканаречена вена (cava) во која го облитерира речиси 90 отсто нејзиниот лумен. Оваа позиционираност налага да се отстрани туморот заедно со дел од вената оти само така може да се отстрани во целост. Станува збор за многу сложена операција која бара мултидисциплинарен пристап. Вакви операции кријат огромен ризик за животот на пациентот, од типот на тромбоза или искрвавување. Но, благодарение на опременоста на болницата, искуството и знаењето на докторскиот тим ова се заврши многу добро, со минимална загуба на крв. Пациентката е во многу добра состојба и морам да потенцирам дека вакви тумори се лекуваат само во врвни клиники во специјализирани здравствени центри. Многу често овие случаи се прогласуваат за иноперабилни“, вели д-р Димов. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и со оваа интервенција покажува дека со својата опременост, кадровска екипираност и мултидисциплинарен пристап е место каде што се решаваат извонредно комплицирани хирурушки интервенции кои по принцип се изведуваат само во многу големи центри во светот. Во оваа опасна и ризична операција исклучително важно беше искуството на тимот доктори, а во интервенцијата освен проф.д-р Димов беа вклучени и м-р д-р Митко Караѓозов, тораковаскуларен хирург, д-р Ален Јовчевски, абдоминален хирург и д-р Моника Симоновска, како дел од абдоминалниот тим.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Ќе се формира одделение за внатрешна контрола на сите локални институции и јавни претпријатијаЌе се формира одделение за внатрешна контрола на сите локални институции и јавни претпријатија-порача првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев. -4 месеци работиме на правна проблематика и најдовме начин како Општина Кавадарци да формира одделение за внатрешна контрола на сите локални институции и јавни претпријатија. Овој одел ќе биде формиран за 15 дена, истакна првиот човек на Кавадарци. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРубио: Трамп го покани Путин на самитот на Г20 во МајамиАмериканската администрација го покани рускиот претседател Владимир Путин да присуствува на самитот на Г20, кој во декември ќе се одржи во Мајами, потврди американскиот државен секретар Марко Рубио.Рубио ја соопшти информацијата по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, одржана на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. За да ги решите проблемите, мора да се среќавате со луѓето со кои не се согласувате или со кои имате одредени проблеми. Затоа го поканивме претседателот Путин на Г20“, изјави Рубио. Според него, самитот би можел да биде можност Путин да разговара не само со американскиот претседател Доналд Трамп, туку и со други светски лидери. Вашингтон се надева дека рускиот претседател ќе ја прифати поканата, но засега нема потврда дека Путин ќе отпатува во Мајами..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеО. Карпош: Бесплатни специјалистички прегледи за периферна артериска болест во КарпошНа иницијатива на ГОБ „8 Септември“, со поддршка од Општина Карпош, започнаа бесплатни специјалистички прегледи за пациенти со периферна артериска болест. Прегледите се реализираат во соработка со одделенијата за кардиологија и радиологија при ГОБ „8 Септември“ и ќе траат пет работни дена. Пациентите ќе имаат можност да направат и артериски доплер, дијагностичка метода за проценка на протокот на крв низ артериите. Околу 30 пациенти, пријавени преку матичните лекари од територијата на Општина Карпош, ќе ја искористат можноста за бесплатен преглед. Активноста има за цел да придонесе кон навремена превенција, дијагностика и следење на здравствената состојба на граѓаните. Општина Карпош продолжува да поддржува иницијативи што придонесуваат за унапредување на здравствената грижа и подобрување на условите за превенција и навремена дијагностика.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter