3Муцунски: Стратешкото партнерство со САД е суштински значајно за долгорочната политичка и економска безбедност и стабилност
2 Три едноставни начини да го победите стресот - стручни техники што може да ги применувате секој ден
Други спортовиВо 60 година од животот почина легендарниот италијански атлетичар Пјетро МенеаЛегендарниот италијански атлетичар Пјетро Менеа почина денеска во Рим во 60-та година од животот. Менеа влезе во историјата на светската атлетика со победата во трката на 200 метри на олимпијадата во Москва пред 33 години и светскиот рекорд во оваа дисциплина што важеше цели 17 години. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
БалканХрватски фудбалер уапсен со 14 килограми дрога, родителите му работат во полицијатаДваесет и шестгодишен фудбалер од Загреб е уапсен откако полицијата пронашла речиси 14 килограми марихуана во неговиот автомобил.Хрватскиот портал „Индекс“ пишува дека неговите родители се вработени во полицијата, а идентитетот на фудбалерот не е објавен. Тој се сомничи за неовластено производство и трговија со дрога. Граничната полиција во Вргорац го запрела неговиот „Мерцедес“ во вторникот попладне, на 22 септември, на автопатот А1. При контролата на возилото, полициските службеници забележале две спортски торби во багажникот. Автомобилот потоа бил пренесен во полициската станица, каде што бил извршен претрес врз основа на судски налог. Во торбите биле пронајдени 20 пакувања со вкупно 13 килограми и 848 грама марихуана. Според полицијата, дрогата била наменета за продажба. „По завршувањето на криминалистичкото истражување, 26-годишникот е предаден на надлежниот орган со кривична пријава за неовластено производство и трговија со дрога“, наведуваат од загрепскиот портал.Тагови: марихуана Хрватска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканФото: Драма во Атина: Силна експлозија ги разбуди луѓето, насекаде има урнатини Нешто пред 8:00 часот утринава, во најстарата атинска населба Плака одекна експлозија, при што тешко е оштетена станбена зграда, а полесно беше повреден еден минувач, соопшти локалната противпожарна служба.Експлозијата се случила во стара двокатна зграда на улицата Лисикрат, спроти Столбовите на Олимписки Зевс, пренесува „Прототема“. Противпожарната служба, која интервенирала на лице место, евакуирала две жени од соседната зграда, кои биле пренесени во болница. Σύμφωνα με τις πρώτες πληροφορίες κατάρρευσε παλιό διώροφο κτίριο στην οδό Λυσικράτους 5. Οι ίδιες πληροφορίες κάνουν για λόγο για έκρηξη που προήλθε από διαρροή φυσικού αερίου. Μεγάλη είναι η κινητοποίηση της Πυροσβεστικής, ισχυρή δύναμη της οποίας έσπευσε στην Πλάκα με τρία οχήματα και 12 πυροσβέστες. Πληροφορίες κάνουν λόγο για έναν τραυματία από θραύσματα, ενώ στο σημείο υπάρχει μικρή εστία φωτιάς. 👉🔗https://t.co/oAgiWB5pMw — in.gr/news (@in_gr) September 25, 2026 Експлозијата била исклучително силна и се слушнала во голем дел од центарот на Атина, а делови од зградата оштетиле паркирани автомобили, додека ударниот бран оштетил и продавници во околината. Противпожарната служба соопшти дека експлозијата предизвикала и помал пожар. Според првичните информации, експлозијата била предизвикана од истекување на природен гас.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМуцунски: Стратешкото партнерство со САД е суштински значајно за долгорочната политичка и економска безбедност и стабилност„Стратешкото партнерство и неговата иднина, поврзана со конкретните проекти што веќе се договорени и оние што се договараат, се суштински значајни за долгорочната политичка и економска безбедност и стабилност на нашата држава“, истакна Муцунски.Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во интервју за МИА од Њујорк се осврна на односите со Соединетите Американски Држави, конкретните резултати од стратешкото партнерство, европската интеграција и односите со Бугарија, како и на активностите во рамките на Генералното собрание на Обединетите нации. Говорејќи за односите со САД, министерот истакна дека од формирањето на новата американска администрација е засилена комуникацијата на сите нивоа. Средбите со државниот секретар Марко Рубио, заменик-државниот секретар Кристофер Ландау и раководството на Стејт департментот, според него, ја потврдуваат динамиката и значењето на стратешкото партнерство. „Стратешкото партнерство и неговата иднина, поврзана со конкретните проекти што веќе се договорени и оние што се договараат, се суштински значајни за долгорочната политичка и економска безбедност и стабилност на нашата држава“, истакна Муцунски. Како конкретни примери од соработката, министерот ги посочи рамката во областа на трговијата, соработката со Американската корпорација за меѓународно финансиско развивање – DFC, вклучително и разговорите за повеќе економски проекти, како и резултатите од Стратешкиот дијалог во областа на одбраната, борбата против тероризмот, справувањето со нерегуларната миграција и културата. Муцунски нагласи дека македонската надворешна политика се темели на три клучни постулати: членството во НАТО, стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави и патот кон полноправно членство во Европската Унија. Во однос на евроинтеграциите и разговорите со Бугарија, тој истакна дека позицијата на Владата останува јасна – земјата сака да напредува кон Европската Унија и да ги отвори преговорите, но не е подготвена да прифати компромис што нема да обезбеди предвидливост. „За нас е значајно во сите разговори што понатаму ќе ги имаме со Бугарија да има и вклученост на Европската Унија. Битно е да има минимум уште една страна во процесот што ќе помогне да почнеме да ја градиме довербата која недостига“, нагласи Муцунски. Тој посочи и дека се очекува комуникација од Европската Унија за идниот пристап кон политиката на проширување, при што информациите во однос на постепената интеграција ги оцени како охрабрувачки, нагласувајќи дека треба да се почека официјалната содржина на документот. Оценувајќи ги досегашните активности во рамките на Генералното собрание на ОН, Муцунски истакна дека посетата има и билатерална и мултилатерална димензија и носи конкретни политички, економски, трговски и безбедносни резултати. Воедно, Генералното собрание овозможува проширување на дипломатските контакти и со држави надвор од традиционалниот круг партнери во Европа и САД.Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook