Во 2400 градови во целиот свет се одржуваат протести против климатските промени (ВИДЕО)

Демонстрантите против  климатските промени  денеска се собраа во градовите низ целиот свет, од Австралија до Европа, повикувајќи на „итна климатска акција“,само неколку дена пред отворањето на Самитот на ООН во Мадрид.

Во над 2.400 градови во 157 земји денеска се одржуваат протестите во токму на црниот петок , со порака дека наместо на шопинг треба да се обединиме да ја зачуваме Земјата.

Протестот следува откако вчера европарламентарците во Европскиот парламент от усвоија резолуција со која се прогласува климатска криза и опасност за животната средина во Европа и во светот.

Резолуцијата ја повикува Европската комисија да ги обезбеди сите релевантни законски и буџетски предлози да бидат целосно усогласени со целта за ограничување на глобалното затоплување на 1,5 Целзиусови степени.

Германскиот огранок на климатското движење денеска објави дека се одржуваат протести во повеќе од 500 градови низ Германија. Околу 50.000 учесници се регистрирани во Берлин.

Климатски протести се одржуваат во 138 града во Италија, објави италијанскиот огранок „Петок за иднината“, вклучувајќи ги и најголемите градови во Италија, како Рим, Милано, Торино, Неапол и Палермо.

„Излегуваме по четврти пат на улиците на Црн петок“, рекоа италијанските организатори, осудувајќи го денот кога големите трговци на мало им нудат големи попусти на потрошувачите. „Големите брендови нудат попусти на производи за широка потрошувачка за да не поттикнат да купуваме работи што обично не ги купуваме. Овој неодржлив модел треба да се смени“, велат организаторите на протестите.

„Ние, исто така, протестираме пред самитот за клима, COP25 во Мадрид за да ја осудат пасивноста и неактивноста на светските влади“, додаваат организаторите .

Климатскиот самит COP25 требаше да се одржи во чилеанскиот град Сантијаго следната недела, но поради политичките немири во Чиле, истиот беше преместен во Мадрид.

Македонија бира претседател и нов парламентарен состав

Македонија гласа на двојни избори..

Веќе осум часа повеќе од 1,8 милиони граѓани со право на глас избираат претседател и нов состав на парламентот.. Нашите репортери се на терен и одблиску го следат изборниот процес.. Елизабета Дамјановска Спасеновска ја имаме во живо со најновите информации од ДИК.

Одиме прво во Државната изборна комисија.. Бети, колкава е излезноста досега и има ли посериозни нерегуларности..

Се откачи рингишпил на панаѓур во Србија- 13 повредени , меѓу кои повеќето се деца

На панаѓур во Куршумлија излета дел од конструкцијата на рингишпилот и во таа прилика се повредени 13 лица, од кои едно потешко, потврди за Танјуг лекарот од Здравствениот дом Куршумлија, Славиша Дошовиќ.

- Екипите се на терен. Засега едно лице е во тешка состојба и со возило на брза помош итно е префрлена во Прокупље - изјави Дошовиќ, пренесе Телеграф.

Вртелешката била поставена на платото кај автобуската станица, а МВР на Србија наведува дека полицијата и итната помош се на терен.

Досега во болницата во Прокупље влегле пет возила на Брза помош. Според неофицијални информации, повеќето од повредените се деца.

Трендот на земање едно гласачко ливче присутен и на дел од избирачките места во Скопје

Македонија избира Шеф на дражвата, претседател на Владата и нов пратенички состав .

Македонија избира Шеф на дражвата, претседател на Владата и нов пратенички состав – граѓаните излегоа да го остварат своето право на глас – но не секој од нив се одлучи да земе од двете избирачки ливчиња.

Екипи на Канал 5 од рано утринава беа во обиколка на неколку избирачки места, во општина Центар, Чaир....

Oд она што го забележавме на терен, иако имаше граѓани кои гласаа за двата вида на избори, имаше и граѓани кои го остварија своето право на глас, но одбраа да гласаат само за парламантарните избори.

„Само едни, да ти кажам право само парламентарни, а за претседател тешко да има сега..“

„Да за давата...и за парламентарни и за претседателски...“

„И едно и друго, само да даде господ нешто малце да се смени...“

Велат надеж за подборо утре имаат, но не очекуваат некој поголеми промени.

„Дај бог да има нешто да биде подобро....“

„Сигурно ќе биде нешто подобро мора да имаме некоја вера. “

„Па вајда некој промени нешто подобро....“

„Би сакала луѓето да бидат слободни и да ги остварат своите права....“

Согласно новите насоки од Државната изборна комисија на денешните двојни избори од страна на членовите на Избирачкиот одбор на граѓаните им се поставува прашањето „Дали сакаат да гласаат за двата вида избори, или само за парламентарни или претседателски“.

-Ќе гласате и за парламентарни и за претседателски избори – ДА.

А дека имало реакции од граѓани посочија и дел од претседателите на некој од избирачките места, велат добиле поплаки дека прашањето го чувствувале како притисок.

„Имаше неколку прашуваа го чувствуваа тоа како притисок, но бидејќи е тоа насока од ДИК им објаснувавме и се поминува во ред потоа.“-изјави Лазар Јованов – Претседател на Избирачко место 2683.

Сите 3 480 избирчаки места во земајва беа отворени навреме.

За вториот круг од претседателските избори да биде успешен, односно да се избере претседател, потребно е на гласање да излезат најмалку 40% од вкупниот број на запишани избирачи.

притисни ентер