Поразот на републиканците ги урна светските берзи поради стравувањата за инвестиции во вештачката интелегенија
2Поразот на републиканците ги урна светските берзи поради стравувањата за инвестиции во вештачката интелегенија
3ИТ-армијата на Северна Кореја работи и до 19 часа дневно, неисполнувањето на нормите резултира со казнување
ЖивотВо 2023 издадени 451.000 дозволи за престој во ЕУ на истражувачи и студенти од странство Во текот на 2023 година земјите членки на ЕУ издале околу 451.000 дозволи за престој и работа на истражувачи и студенти од држави кои не се дел од Унијата, соопшти денеска Европската статистичка агенција – Евростат. Според овие податоци, најголем број вакви дозволи издала Германија и тоа околу 144.000, што претставува 32 отсто од нивниот вкупен број. По неа, следуваат Франција со 117.000 дозволи за истражувачи и студенти или 26 проценти и Шпанија со 55.000 или 12 отсто. Кога станува збор за земјите на потекло на овие истражувачи и студенти, лидерската позиција ја имаат државјаните на Индија со 50.000 дозволи или 11 проценти од нивниот вкупен број, пред Кина со 47.000 (10 отсто), Мароко со 22.000 (околу пет проценти) и САД со 21 000 (нешто под пет отсто). Според Евростат, во 2023 година биле издадени и околу 89.000 дозволи за работа и престој во ЕУ, познати како „сини карти“, на висококвалификувани работници од трети земји. Убедлив „шампион“ во оваа категорија е Германија со 69.000 или 78 отсто од вкупниот број издадени „сини карти“ на висококвалификувани работници. По неа следуваат Полска со 7.000 или осум проценти и Франција со 4.000 или четири отсто. Најголем дел од висококвалификуваните странски работници кои добиле „сини карти“ за престој и работа во ЕУ потекнуваат од Индија со 21.000 или 24 проценти, пред граѓаните на Русија со 9.000 (11 отсто), на Турција со 6.000 (седум проценти) и на Белорусија со 5.000 (шест отсто). Дополнително во 2023 година, членките на ЕУ издале и вкупно 10.800 дозволи за трансфер на странски државјани што работат во филијали на европски компании во трети земји во нивни оддели во државите од Унијата. Најмногу вакви дозволи издала Холандија и тоа 2.700, што претставува 25 отсто од нивниот вкупен број, пред Германија и Унгарија со по околу 1.900 или 18 проценти, Франција со 1.500 или 14 отсто и Шпанија со 1.100 или 10 проценти. Индијците се најбројни и во оваа категорија на странски државјани што добиле дозволи за трансфер во ЕУ со 3.900 или 36 отсто, пред граѓаните на Кина со 1.600 или 14 проценти и на Јужна Кореја со 1.300 или 12 отсто. Како што соопшти Евростат, овие податоци се објавени во рамки на одбележувањето на Месецот на различностите во ЕУ, што има за цел подигнување на свеста за важноста на различноста и инклузивноста на работните места и во европските општества. Тагови: ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканКапитенот на Србија, Богдан Богдановиќ гради луксузен хотел во Црна ГораНБА ѕвездата, капитенот на Србија, кошаркарот на Хјусотн Богдан Богдановиќ е инвеститор на нов хотел во Плужине, Црна Гора.Српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ гради угостителски објект во општина Плужине во Црна Гора, во близина на Пива. Како што изјави Слободан Делиќ, претседателот на таа општина, култниот хотел „Пива“ е урнат за на истата локација да се изгради нов објект, пренесува Радио-телевизија Никшиќ. Кошаркарот на „Хјустон Рокетс“ го минал детсвото во ова место, па не е изненадувачки што одлучил да инвестира во овој проект. Се наведува дека неговото семејство станало сопственик на туристички објект со богата традиција уште во 2019 година, но дека сега ќе започнат со нова градба. „НБА ѕвездата Богдан Богдановиќ гради хотел, па сопствениците полека започнаа со реализација на тој проект. Нивните планови опфаќаат поголема површина, но и поинаков дизајн. Во секој случај, очекувам дека новиот објект ќе биде изграден во наредниот период и дека ќе биде функционален и модерен, што значи дека ќе донесе нова вредност за нашата општина“, нагласи Делиќ. Името на Богдан Богдановиќ гарантира дека сè ќе биде според највисоките стандарди, иако деталите за сместувачките капацитети сè уште не се познати. „Самото тоа име и неговата репутација гарантираат дека многумина ќе слушнат за нашиот град и дефинитивно ќе дојдат да го посетат“, рече Делиќ. View this post on Instagram A post shared by Park Prirode "Piva" (@park_prirode_piva) Српскиот ас често истакнува дека голем дел од своето детство поминал во Црна Гора и дека е особено поврзан со Плужине.Тагови: Богдановиќ Црна Гора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
БалканРадар : Телеком на Србија се најде во фокусот на правосудните органи- прошталниот валцер на ЛучиќИако Телеком неказнето ја прекрши забраната за основање државни медиуми уште во 2021 година кога го лансираше Euronews Serbia, во 2023 година беше усвоен законски исклучок специјално за Телеком. А Телеком ја искористи оваа предност не само за монополизирање на медиумскиот пазар, туку и во културата, со тоа што издвојуваше пари за производство на филмски и сериски содржини исклучиво на „лојалисти“, пишува српски Радар. Фактот дека Владимир Лучиќ водеше компанија која можеше да се продаде за најмалку милијарда евра во времето кога ја презеде функцијата директор на Телеком Србија со долг од речиси пет милијарди евра не беше причина да се размислува за негово отстранување до 25 октомври. Очигледно, поранешната влада не ги жалеше парите (особено не парите што доаѓаа од граѓаните) за услугите што беше подготвена да им ги обезбеди, занемарувајќи ги тривијалностите како што се националниот интерес или законот. Дури за време на изборната кампања успеаја да вклучат уште две куртизани во понудата на телевизиски станици со национално покривање - Информер и Курир. Не е важно што не поминале низ потребниот јавен конкурс (имаат лиценци за дистрибуција исклучиво преку кабелски, сателитски и IPTV мрежи), Телеком им обезбеди видливост на целата територија на Србија преку обични антени. Таквото грубо кршење на прописите, Лучиќ го „оправда“ тврдејќи дека станува збор за „привремено и промотивно емитување“ кое ќе трае шест месеци, како Законот за електронски медиуми да предвидува дека можете да си играте со национални фреквенции неколку години, додека не видите дали навистина е за вас. Или, како што всушност изјави Лучиќ, за да се процени потенцијалот за зголемување на бројот на претплатници на заклучени терестријални канали, кои во моментов ги плаќаат само 6.000 луѓе. И кога 16, првенствено медиумски и новинарски здруженија, го повикаа Советот на РЕМ да покрене судски постапки против физички и правни лица кои го прекршиле законот со отклучување на тие канали, Телеком отиде чекор понатаму во самоволието - ја укина програмата ТВ Форум за своите кабелски корисници во Пријепоље за еден ден и ја емитуваше програмата Информер на истиот канал. Барањето за разрешување на Лучиќ пристигна по изборите, сепак, од два извори - Студентскиот список и Здружението на филмски режисери на Србија (AFRS). Претставникот на SL, Немања Каровиќ, ги објасни причините на РТС - поради финансиски злоупотреби во производството на телевизиски содржини и „перење пари“, како и затоа што финансирале политички поволни медиуми и ги потиснувале независните. „Тој ја монополизираше медиумската сцена, ги користеше парите на граѓаните за да ги задоволи политичките потреби на режимот, а не за да ги информира граѓаните навремено и објективно“, рече Каровиќ, се наведува во поширокиот осврт на српски Радар. На ови наводи се надоврза и лидерот на СДСМ , Венко Филипче, кој ја пренесе веста на својот X профил со текстот: „Како што рековме. Телеком Србија конечно е под лупа на правосудството. Со години монопол, финансирање на лојални медиуми, Euronews лиценца како алатка на режимот. Истиот Euronews со Латасовата Ивона, што во Македонија емитува и без дозвола а АВМУ тоа го дозволува. Мицкоски наскоро останува без Вучиќевите медиуми. Сите знаеме, ќе падне и ОКГ и во Македонија.“ , објави Филипче. Како што рековме. Телеком Србија конечно е под лупа на правосудството. Со години монопол, финансирање на лојални медиуми, Euronews лиценца како алатка на режимот. Истиот Euronews со Латасовата Ивона, што во Македонија емитува и без дозвола а АВМУ тоа го дозволува. Мицкоски наскоро останува без Вучиќевите медиуми. Сите знаеме, ќе падне и ОКГ и во Македонија. — Venko Filipce (@VFilipche) November 6, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
МакедонијаСанкционирани 43 возачи на товарни возила во Скопје, седум за неисправни светлосни уредиСообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.На 05.11.2026 во времето од 09:00 до 16:00 часот Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје спроведе Зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот со посебен акцент за преземање мерки за прекршоци кои ги чинат возачи на товарни моторни возила како што се претовар на товар, неправилно сместен товар, технички неисправни товарни возила итн. При контролата санкционирани се 43 возачи на товарни моторни возила, од кои една мерка е изречена за технички неисправно возило (неисправен уред за запирање), две санкции за претовар на товар, шест мерки за неносење соодветна опрема, седум санкции за неисправни светлосни уреди, девет мерки за неистакнати знаци за ограничување на брзината, една санкција за управување товарно возило со несоодветна категорија, една мерка за незастанување на даден знак стоп од страна на униформиран полициски службеник и 16 останати санкции за други видов прекршоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите да придонесеме за побезбедни патишта.Тагови: товарни возила Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter