ЖивотВо 2023 година намален бројот на склучени, а зголемен на разведени браковиБројот на склучените бракови во 2023 година, во споредба со 2022, е намален за 1.6 % и изнесува 12672, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.Најмногу бракови, 1597 или 12.6 %, се склучени во месец август, а најмалку во месец март, 730 бракови или 5.8 %. Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 93.2 % за жените и 92.2 % за мажите. Во втор брак со учество од 7.0 % и во трет брак со учество 0.8 %, од вкупниот број склучени бракови, почесто стапуваат мажите. Во 2023 година, според возраста најмногу бракови се случиле во старосната група од 25 до 29 години, односно 4228 или 33.4 % кај жените и 4450 или 35.1 % кај мажите. Просечната возраст при склучувањето прв брак е 27.5 години за невестата и 30.1 година за младоженецот. Бројот на разводи во 2023 година бележи зголемување од 9.4 % во споредба со 2022 година и изнесува 1765 разведени брака. Најмалку бракови во текот на годината се разведени во месец август, односно 66 или 3.7 %, а најмногу, односно 201 или 11.4 % во месец декември. Според возраста, најголем број разводи се случиле во старосната група од 35 до 39 години, од кои 310 или 17.6 % кај жените и 295 или 17.6% кај мажите. Според траењето на бракот, најмногу разводи 393 или 22.3 % се случиле од 5 до 9 години по склучувањето на бракот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
МакедонијаДевојчето во Куманово брутално го претепале две малолетнички и една полнолетна девојкаОсновното јавно обвинителство и СВР Куманово преземаат мерки за расчистување на случајот со врсничко насилство, откако вчера на социјалните мрежи беше објавена видеоснимка на која се гледа физички напад врз девојче.Според првичните информации, настанот се случил пред околу четири месеци, но досега не бил пријавен во надлежните институции. Шефицата на Основното јавно обвинителство куманово, Теута Бедиу – Рамадани, изјави дека веднаш по објавувањето на снимката е отворен предмет и се постапува по итна постапка. Според неа, едната инволвирана е полнолетна, додека другите две се малолетнички. Од свр куманово потврдија дека интензивно работат на случајот и најавија дека по завршување на проверките ќе соопштат повеќе детали.Тагови: Обвинителството Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
СветЕмиратите го обвинија Иран за напад врз два танкера во Ормутскиот теснец при што загина едно лице Емиратите вчера го обвинија Иран за напад врз два танкера во Ормутскиот теснец при што загина едно лице, а осум беа ранети.Трамп најави дека САД ќе воведат царина од 20% како дел од новата блокада на водниот пат. Американскиот претседател рече дека тие го напаѓаат Иран „многу силно“. Нападите беа извршени трета ноќ по ред, во услови на ескалација на нападите меѓу двете земји. Иранскиот министер за надворешни работи одговори на најавата за блокада велејќи дека Техеран ќе остане „чувар“ на протокот . Спорот околу контролата врз Ормутскиот теснец се заканува да ги попречи напорите за завршување на војната иако Трамп инсистираше дека договор е сè уште можен. Со зголемувањето на тензиите околу меѓународниот воден пат, Обединетите Арапски Емирати синоќа соопштија дека иранските крстосувачки ракети погодиле два национални танкери, при што загинал еден индиски член на екипажот и ранети се осум други, од кои четворица се во сериозна состојба. Денеска цените на нафтата се зголемија на азиската берза цената на суровата нафта „Брент“ порасна за 0,7% на 83,87 долари за барел, додека цената на нафтата што се тргува на американскиот пазар беше за 0,9% повисока на 79,04 долари.Тагови: Иран Ормутскиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРаспишана потерница за Александар Лазаров – Цуната што им избега на полицајците низ прозорецМинистерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 41-годишниот Александар Лазаров викан „Цуната“, кој што во петокот избега од полициската станица во Кочани, каде што бил на распит откако бил фатен со дрога..Според информациите, тој го отворил прозорецот и се дал во бегство и уште не е пронајден. Директорот на БЈБ, Александар Јанев, објави дека бил во полициската станица во Кочани за лично да се информира за сите детали и околности поврзани со настанот, кој, како што вели, сериозно ја наруши довербата во полициската служба. -Бегството од полициската станица на лице познато на полициските служби е сериозен инцидент кој бара целосно расчистување на сите околности и преземање на соодветни мерки. Сакам јасно да порачам: ова е недозволиво. Доколку се утврди намерно постапување, помагање, прикривање или несовесно извршување на службените задачи, ќе има одговорност. – објави Јанев.. Опозиската СДСМ преку соопштени ја обвини власта дека намерно го пуштала Лазаров и побараа оставка од министерот Панче Тошковски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55