Во 2014. Евреите ја слават 5775, Кинезите 4712, Индусите 2071, а Муслиманите 1436 Нова година - Канал 5

Во 2014. Евреите ја слават 5775, Кинезите 4712, Индусите 2071, а Муслиманите 1436 Нова година

Најстариот познат запис за прослава на Новата година датира околу 2000 години п.н.е во Месопотамија. Во Римското царство Новата година отпрвин се прославувала во месецот мартиус, именуван според богот на војната Марс. Во средниот век христијаните во Европа Новата година ја славеле различно на 1-ви и на 25 март, на 1 септември и на 25 декември.

Во 2014. Евреите ја слават 5775, Кинезите 4712, Индусите 2071, а Муслиманите 1436 Нова година
Први јануари, како општоприфатен почеток на Новата година, дефинитивно бил устоличен во 1582 година со воведувањето на Грегоријанскиот календар, со исклучок на Русија и Англија кои тоа го направиле во 1700, односно во 1753 година.

Многубројна популација луѓе времето и Новата година ги бележат според свои календари кои имаат корени во нивната етничка и религиозна историја. Таков е случајот со Евреите, Кинезите, Индусите и Муслиманите, како и со повеќе други помали етнички и религиозни заедници.

Рош Хашана - Еврејска 5775 Нова година

Еврејскиот календар е базиран на комбинација на соларното и лунарното сметање на времето. Еврејската година има 12 месеци по 353, 354 и 355 дена во обичните и 383, 384 и 385 дена во престапните години.

Евреите ги бројат годините од датумот кога, според нивното верување, бил создаден светот, и на 24 септември во Грегоријанската 2014 година ќе ја прослават еврејската 5775 Нова година.

Рош Хашана или почетокот на еврејската Нова година се прославува на првиот и вториот ден од седмиот хебрејски месец Тишри. Во зависност од соларниот календар, празникот се слави во септември или во октомври.

Рош Хашана е единствен еврејски празник што се слави два дена, што укажува на неговото значење. Непосредно пред празникот луѓето се капат, се потстрижуваат, подготвуваат свечена облека, а децата добиваат подароци. Десет дена по Рош Хашана се одбележува Јом Кипур, ден на помирувањето и откупувањето на гревовите. Во периодот меѓу двата празника религиозните Евреи ги самооценуваат своето постоење, постапки, направените грешки во претходната година и прават планови за новата година.

На Рош Хашана традиционално се свири на инструментот шофар направен од рог од овен. Шофарот се огласува по стопати за време на двата празнични дена, а секој тон има свое значење. На привот ден е обичај да се оди на поток или на река, каде што ќе се испразнат џебовите од облеката што симболично значи отфрлање на гревовите.

Рош Хашана е еден од четирите новогодишни празници на Евреите.

Според Талмудот, еврејската света книга, првото новогодишно одбележување е Нисан (март или април) кога се прославува оформувањето на Евреите како слободна нација. Втората прослава е Елул (август) нова година за давање арач во животни. Шеват (февруари) е третиот новогодишен еврејски празник со кој им се одава почит на дрвјата, особено на оние што даваат плодови. Последниот новогодишен празник е Рош Хашана - одбележувањето на создавањето на светот.

Кинеска 4712 Нова година - Година на Коњот

Кинескиот календар датира од околу 2600 година п.н.е и е базиран на астрономски набљудувања на движењето на Месечината и на Сонцето.

Кинеската лунарна година е составена од 12 месеци по 29,5 дена и за да ја следи природната соларна година на секои две и пол години се додава по уште еден месец, поради што кинеската Нова година секогаш се прославува на различен датум. Времето според кинескиот календар се смета во циклуси од по 12 години од која секоја носи име на животно. Според легендата, Буда пред да замине од Земјата ги викнал сите животни за да се прости. Само 12 животни дошле да го поздрават, за што тој како награда им посветил по една година. Првата година ја нарекол според стаорецот кој прв дошол да се поздрави, втората по волот, а по нив следуваат тигарот, зајакот, змевот, змијата, коњот, козата, мајмунот, петелот, кучето и свињата.

Постои дилема околу сметањето на годините од кинескиот календар. Според традиционалното народно верување, времето почнало да се мери од 2698 година п.н.е што значи дека во 2014 година Кинезите ќе ја прослават нивната 4712 година - година на Коњот.

Кинеската Нова година, позната и како Пролетен фестивал, почнува на денот на првото годишно раѓање на новата Месечина, што во Грегоријанската 2014 година ќе се случи на 31 јануари. Новогодишните празнувања траат 15 дена и завршуваат со т.н. Фестивал на лампиони. Прославата традиционално е проследена со религиозни церемонии во кои им се одава почит на Земјата и на Небото, на домашните богови и на предците. Новата година Кинезите ја пречекуваат на семејна трпеза. Целата куќа мора да биде исчистена пред новогодишните празници, кога од домот се отстрануваат сите метли, четки и други средства за чистење. Чистењето за време на Новата година се избегнува поради верувањето дека со тоа ќе биде исчистена среќата на семејството. Пред Новата година треба да бидат исплатени старите долгови, а на самиот ден ниту се бара, ниту се дава заем. Секој се труди да не изговори лоши зборови поради верувањето дека тоа носи лоша среќа, а спомнувањето на смртта или на духовите е табу. Кинезите веруваат дека ако некој плаче за Нова година, ќе плаче цела година, и затоа на новогодишната ноќ децата се толерираат максимално.

Огнометите се традиција во прославувањето на Новогодишната ноќ, кога, според кинеските обичаи, вратите и прозоците треба да се остават отворени за старата година да може да си замине.

Дивали - Индуска 2071 Нова година

Индусите на 23 октомври 2014. ќе ја прослават нивната Нова 2071 година. Индуската Нова година почнува со празникот Дивали, познат уште и како Фестивал на светилките, којшто вообичаено се прославува во втората половина на октомври или во првата половина на ноември.

За потеклото на Дивали постои индуска легенда од северна Индија, според која почетоците на празникот се врзуваат за кралот Дашарта, кој имал три жени и четворица синови, меѓу кои и Рама. Една од неговите жени сакала нејзиниот син Бхарат да го наследи кралот, но и покрај нејзините настојувања, Дашарта решил негов наследник да биде Рама. Тоа ја налутило мајката на Бхарат и таа го протерала Рама во 14-годишно прогонство.

Прогонетиот Рама избегал во јужна Индија каде што при една борба го убил Равана, господарот на демоните по што со својата жена Сита се вратил во Кралството на Дашарта. Токму неговото враќање во северна Индија го претставува Дивали, којшто се прославува пет дена и симболично ја означува победата на доброто над злото.

Китењето на домовите со свежо цвеќе, облекувањето во свечена облека, одењето на гости кај роднините и пријателите, постот, огнометите и играњето карти се вообичаен ритуал при одбележувањето на почетокот на индуската Нова година.

Постојат разлики во одбележувањето на Дивали во различни делови на Индија, но сепак, заеднички се малите ламби на масло што за време на празникот горат во домовите во цела Индија. Ламбите ја означуваат победата на светлината, добрината и на знаењето над темнината, злото и незнаењето.

Муслиманска - Хиџретска 1436 Нова година

Муслиманите го сметаат времето според исламскиот Хиџретски календар, кој има 12 месеци, а почетокот и крајот на годината се одредуваат според месечевите фази..

Муслиманите ги бројат годините од Хиџра во 622 година од Грегоријанскиот календар, односно од моментот кога пророкот Мухамед со своите следбеници заминал од Мека во Медина. Според Куранот, Мухамед решил да замине во Медина поради силниот притисок и тортура што врз него го вршеле неговите непријатели во Мека каде што дури се планирало и негово убиство. Во последен момент Мухамед заминал и се засолнил во една пештера чиј влез по неговото влегување бил прекриен со пајакова пајажина. Кога неговите гонители ја виделе неоштетена пајажина на влезот на пештерата се откажале од потерата, по што Мухамед избегал во Медина каде што бил срдечо пречекан.

Хиџра е официјален календар во Саудиска Арабија и во повеќе други исламски земји. Муслиманската година е пократка од грегоријанската бидејќи нејзините месеци имаат по 29 или по 30 дена. Годината според овој календар има 354 дена, поради што муслиманската Нова година секоја година се одбележува 11 дена порано од претходната.

Муслиманската Нова 1436 година ќе почне на 25 отомври според Грегоријанскиот календар, вообичаено со првото појавување на младата Месечина.

Традиционално, муслиманите ја пречекуваат Новата година во кругот на семејството, а во одбележувањата доминираат сцени и приказни за заминувањето на Мухамед од Мека во Медина. /Извор МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Ванда Нара повторно провоцира од кревет

Поранешната сопруга на двајца светски фудбалски асови повторно провоцира. Атрактивната Ванда Нара, објави видео од кревет, следбениците останаа без зборови!

Видео: Ванда Нара повторно провоцира од кревет

Атрактивната менеџарка Ванда Нара повторно привлече огромно внимание на социјалните мрежи, а овој пат причината е провокативното видео што го објави на Инстаграм.

<svg width="50px" height="50px" viewBox="0 0 60 60" version="1.1" xmlns="https://www.w3.org/2000/svg" xmlns:xlink="https://www.w3.org/1999/xlink"><g stroke="none" stroke-width="1" fill="none" fill-rule="evenodd"><g transform="translate(-511.000000, -20.000000)" fill="#000000"><g><path d="M556.869,30.41 C554.814,30.41 553.148,32.076 553.148,34.131 C553.148,36.186 554.814,37.852 556.869,37.852 C558.924,37.852 560.59,36.186 560.59,34.131 C560.59,32.076 558.924,30.41 556.869,30.41 M541,60.657 C535.114,60.657 530.342,55.887 530.342,50 C530.342,44.114 535.114,39.342 541,39.342 C546.887,39.342 551.658,44.114 551.658,50 C551.658,55.887 546.887,60.657 541,60.657 M541,33.886 C532.1,33.886 524.886,41.1 524.886,50 C524.886,58.899 532.1,66.113 541,66.113 C549.9,66.113 557.115,58.899 557.115,50 C557.115,41.1 549.9,33.886 541,33.886 M565.378,62.101 C565.244,65.022 564.756,66.606 564.346,67.663 C563.803,69.06 563.154,70.057 562.106,71.106 C561.058,72.155 560.06,72.803 558.662,73.347 C557.607,73.757 556.021,74.244 553.102,74.378 C549.944,74.521 548.997,74.552 541,74.552 C533.003,74.552 532.056,74.521 528.898,74.378 C525.979,74.244 524.393,73.757 523.338,73.347 C521.94,72.803 520.942,72.155 519.894,71.106 C518.846,70.057 518.197,69.06 517.654,67.663 C517.244,66.606 516.755,65.022 516.623,62.101 C516.479,58.943 516.448,57.996 516.448,50 C516.448,42.003 516.479,41.056 516.623,37.899 C516.755,34.978 517.244,33.391 517.654,32.338 C518.197,30.938 518.846,29.942 519.894,28.894 C520.942,27.846 521.94,27.196 523.338,26.654 C524.393,26.244 525.979,25.756 528.898,25.623 C532.057,25.479 533.004,25.448 541,25.448 C548.997,25.448 549.943,25.479 553.102,25.623 C556.021,25.756 557.607,26.244 558.662,26.654 C560.06,27.196 561.058,27.846 562.106,28.894 C563.154,29.942 563.803,30.938 564.346,32.338 C564.756,33.391 565.244,34.978 565.378,37.899 C565.522,41.056 565.552,42.003 565.552,50 C565.552,57.996 565.522,58.943 565.378,62.101 M570.82,37.631 C570.674,34.438 570.167,32.258 569.425,30.349 C568.659,28.377 567.633,26.702 565.965,25.035 C564.297,23.368 562.623,22.342 560.652,21.575 C558.743,20.834 556.562,20.326 553.369,20.18 C550.169,20.033 549.148,20 541,20 C532.853,20 531.831,20.033 528.631,20.18 C525.438,20.326 523.257,20.834 521.349,21.575 C519.376,22.342 517.703,23.368 516.035,25.035 C514.368,26.702 513.342,28.377 512.574,30.349 C511.834,32.258 511.326,34.438 511.181,37.631 C511.035,40.831 511,41.851 511,50 C511,58.147 511.035,59.17 511.181,62.369 C511.326,65.562 511.834,67.743 512.574,69.651 C513.342,71.625 514.368,73.296 516.035,74.965 C517.703,76.634 519.376,77.658 521.349,78.425 C523.257,79.167 525.438,79.673 528.631,79.82 C531.831,79.965 532.853,80.001 541,80.001 C549.148,80.001 550.169,79.965 553.369,79.82 C556.562,79.673 558.743,79.167 560.652,78.425 C562.623,77.658 564.297,76.634 565.965,74.965 C567.633,73.296 568.659,71.625 569.425,69.651 C570.167,67.743 570.674,65.562 570.82,62.369 C570.966,59.17 571,58.147 571,50 C571,41.851 570.966,40.831 570.82,37.631"></path></g></g></g></svg>

View this post on Instagram

A post shared by Wanda Nara (@wanda_nara)

Поранешната сопруга на фудбалерот Мауро Икарди позира на кревет во провокативно издание – носејќи само чорапи и високи потпетици – притоа истакнувајќи ги своите облини во преден план.

Ванда е позната како телевизиска водителка, модел и фудбалски агент, а со години е една од најзастапените личности во аргентинските и европските медиуми.

Родена е на 10 декември 1986 година во Буенос Аирес, а светска популарност стекна благодарение на својот бурен приватен живот и врските со познати фудбалери.

Нејзиниот брак со Мауро Икарди, од кого се разведе, привлече посебно внимание во јавноста, а нивните меѓусебни конфликти и јавни расправии не престануваат ниту денес. Пред тоа, таа беше во брак со Макси Лопез, што исто така со години беше една од главните теми во спортските и забавните медиуми.

Овој пат, сепак, во центарот на вниманието е нејзината нова фотографија од спалната соба. Не е познато кој ги направил овие снимки, но Ванда изгледаше многу весело и насмеано за време на снимањето. Објавата предизвика голема реакција на Инстаграм, каде што за кратко време собра речиси 100.000 допаѓања.

Аргентинската ѕвезда има дури 17,2 милиони следбеници на оваа социјална мрежа, па затоа не е изненадувачки што речиси секоја нејзина објава привлекува големо внимание.

Ванда скоро редовно ги воодушевува фановите со фотки во бикини или без нив, на кои во преден план се нејзините бујни облини

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: „Жешката “ Џеј Ло-црна тантела, долна облека и тело од кое „те боли глава“

Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез повтпорно воодушеви со својот секси изглед. Црна тантела, долна облека и тело од кое „те боли глава“ – латиноамериканката повторно „гори“

Фото: „Жешката “ Џеј Ло-црна тантела, долна облека и тело од кое „те боли глава“

Џенифер Лопез уште еднаш ја оправда титулата латино дива. Таа се појави во атрактивно модно парче кое, пак, откриваше навистина многу...

Мегапопуларната Џеј Ло веќе некое време го привлекува вниманието на јавноста, како со своите изјави за разводот од Бен Афлек, така и со атрактивните модни комбинации.

Неодамна имавме можност да ја видиме во креација од тантела која речиси целосно ѝ ги откриваше градите, а сега нè изненади со уште една креација во „гола“ нијанса.

Овој пат таа се одлучи за модни парчиња од тантела, но, судејќи според фотографиите, воопшто не се срамеше да ги истакне своите атрибути.

Имено, во четвртокот, Џеј Ло присуствуваше на премиерата на концертниот филм „The JLo Show“ во Лос Анџелес, а за забавата по настанот се пресоблече во црн, проѕирен фустан од тантела со длабоко деколте до папокот, кое го откриваше нејзината долна облека.

Тоалетата носи потпис на познатата модна куќа „Долче и Габана“, ја следи линијата на телото и ја истакнува нејзината витка фигура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Анџелина Џоли ја напушта Америка и заминува од Холивуд, мирот пронашла во една азиска земја

Холивудската актерка Анџелина Џоли е сè поблиску до голема животна промена.

Анџелина Џоли ја напушта Америка и заминува од Холивуд, мирот пронашла во една азиска земја

По продажбата на нејзиниот луксузен имот во Лос Анџелес за 24,75 милиони долари во септември, сè повеќе показатели укажуваат на тоа дека таа планира живот надвор од Соединетите Држави, пренесува списанието *Azra*. Актерката моментално престојува во Камбоџа – земја со која одржува врска повеќе од две децении.

За време на посетата, таа се сретна со верски лидери и му врачи подароци на Врховниот патријарх на будистичкиот ред Моханикај.

Џоли и претходно изразувала желба да ја напушти Америка и да води номадски начин на живот, особено сега кога сите шест деца, кои ги има со Бред Пит, се возрасни.

Пред да пристигне во Камбоџа, таа на 11 ноември престојуваше на Филипините, каде што учествуваше на панел во рамките на самитот на АСЕАН, посветен на инклузивниот раст.

Зборувајќи за Камбоџа, таа не криеше колку ѝ значат луѓето и атмосферата во таа земја. „Ова место и неговите жители беа толку срдечни и отворени кон мене. Не можев да поверувам колку е силен нивниот дух, по сè низ што поминале.

Понекогаш доаѓате на некое место и едноставно се чувствувате како дома“, изјави актерката. Нејзината поврзаност со оваа азиска земја започна во 2000 година, кога таму го снимаше филмот „Лара Крофт: Том Рајдер“.

Исто така, токму во Камбоџа таа го посвои својот најстар син, Медокс, по кого ја именуваше фондацијата посветена на зачувување на природата и развојот на локалните заедници.

Особено е интересно што програмата за престој на нејзиниот креативен колектив, „Ателје Џоли“ (Atelier Jolie), ќе започне токму во оваа земја во 2027 година. Програмата ќе се реализира во соработка со Фондацијата „Медокс“ (Maddox Foundation) и Центарот „Бофана“ (Bophana Center), основан од режисерот Рити Пан. Се чини дека Анџелина Џоли сè повеќе се оддалечува од холивудскиот начин на живот, свртувајќи се кон поинаква средина, креативна работа и места за кои ја врзуваат длабоки лични спомени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер