Во 12 часот прес-конфренција на националните телевизии по заканите од кабелските оператори

Точно на пладне, Македонската Медиумска Асоцијација во која членуваат петте национални телевизии, ќе одржи прес-конференција по соопштението на каблеските оператори во кое се заканија дека ќе ги исклучат сите телевизиски канали, освен МТВ.

Операторите ја упатија заканата откако со измените на Законот за аудиовизуелни услуги се обврзани да гарантираат за авторските права на програмите што ги реемитуваат и за тоа да сносат материјална и кривична одговорност.

Измените беа донесени консензуално, откако националните телевизии подолг период укажуваа дека земјава е мека за пиратерија.

Проблемот, според телевизите, е во тоа што досега нашата држава не направи систем на селекција кои канали може да се реемитуваат.

-Кабелските оператори мора да внимаваат кои права ги реемитуваат во Македонија. Продаваат нешто за кое што не смееле да го претстават како свое, велат од асоцијацијата на национални телевизии..

Прес-конференцијата, закажана во 12 часот, ќе ја пренесуваме во живо..

Генералштаб на Украина: Руските сили ги интензивираа нападите кон Авдејево

Русија ги засилила нападите во правец кон Авдејево, соопшти утринава Генералштабот на вооружените сили на Украина, наведувајќи дека украинските сили во изминатите 24 часа одбиле 50 руски напади на тој дел од фронтот.

Руските сили се фокусираа на неколку сектори на фронтот во Донбас, пренесува Униан.

Во правец кон Бахмут, украинските сили одбиле 22 руски напади, а во изминатите 24 часа на линијата на фронтот се случиле 134 судири.

Кина во историска мисија- лансира сонда на темната страна на Месечината

Кина денеска ќе ја лансира лунарната сонда Чанге-6, соопшти кинеската Национална вселенска администрација.

Сондата ќе собира примероци од темната страна на Месечината. Тоа ќе биде прва ваква мисија во историјата на човештвото, јавуваат кинеските медиуми.

Во тек се последните подготовки за мисијата, која ќе започне од местото за лансирање Венчанг во кинеската провинција Хејнан.


Сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

притисни ентер