Внимавајте, две години се клучни, тогаш забрзано се старее: Како да се подготвите? - Канал 5

Внимавајте, две години се клучни, тогаш забрзано се старее: Како да се подготвите?

Резултатите од истражувањата се прилично неочекувани.

Внимавајте, две години се клучни, тогаш забрзано се старее: Како да се подготвите?

Научниците неодамна објавија револуционерно откритие за процесот на стареење на човечкото тело. Се воспоставува дека стареењето не е континуиран процес, туку се случува во два клучни брана - првиот на 44-годишна возраст, а вториот на 60-годишна возраст. Ова откритие доаѓа од истражувањето спроведено на Универзитетот Стенфорд и Технолошкиот универзитет Нанјанг во Сингапур.

Првиот бран на стареење се случува на 44-годишна возраст

Студијата покажа дека првиот значаен скок во процесот на стареење се случува на 44-годишна возраст. Оваа возраст се карактеризира со низа молекуларни промени, вклучувајќи промени во РНК, протеините и микробиомите. Овие промени значително влијаат на телото, намалувајќи ја способноста за метаболизирање на кофеинот и алкохолот, што може да доведе до поголем ризик од повреди на мускулите и зголемување на телесните масти.

Вториот бран на стареење е на 60-годишна возраст

Вториот бран на стареење се јавува на 60-годишна возраст, кога телото повторно поминува низ низа забрзани промени. Во овој период се зголемува ризикот од сериозни болести како што се кардиоваскуларни нарушувања, проблеми со бубрезите и дијабетес тип 2.

Што можете да направите?

Научниците советуваат да го промените животниот стил за да се ублажат ефектите од овие забрзани бранови на стареење.

Се препорачува да се намали внесот на алкохол, да се зголеми физичката активност и да се направи внимателен избор на исхрана, особено да се внимава на однос на внесување јаглехидрати и вода, кои можат да помогнат во зачувување на функцијата на бубрезите.

Разлики меѓу половите

Истражувањето исто така покажало дека слични модели на стареење се присутни и кај двата пола, а тоа е спротивно на очекувањата дека забрзаното стареење кај жените ќе биде поврзано со менопаузата.

Практични совети за надминување на брановите на стареење

За подобра подготовка во овие клучни периоди, истражувачите препорачуваат конкретни чекори за секоја возрасна група.

Во четириесеттите се советува да се намали консумирањето алкохол, да се направи внимателен избор на исхраната и да се зголеми физичката активност. Во шеесетите се препорачува да се намали внесувањето јаглехидрати, да се пие доволно вода и да се одржува активен животен стил, пишува „The Guardian“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаневска: СТЕМ компетенциите и кариерното советување - еден од фокусите на образовната реформа

Министерството за образование и наука работи на унапредување на образованието, развивање современи компетенции кај учениците и воспоставување функционален систем за кариерно советување.

Јаневска: СТЕМ компетенциите и кариерното советување - еден од фокусите на образовната реформа

Министерството за образование и наука работи на унапредување на образованието, развивање современи компетенции кај учениците и воспоставување функционален систем за кариерно советување, кој ќе им помогне на младите да ги препознаат своите потенцијали и да донесат информирани одлуки за изборот на образование и професија.

Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска во обраќањето на настанот организиран од ИНОВА, посветен на запознавање на средношколците со реалниот деловен свет, современите професии, можностите за развој на сопствен бизнис и вештините што се потребни за успех во динамичното деловно опкружување.

„Добро е да имаме што повеќе настани кои на младите им ги отвораат вратите кон иднината. Овој е еден од нив. Благодарност до тимот на ИНОВА што им овозможува на средношколците директна средба со светот на иновациите и претприемништвото и ги поттикнува да ги откријат своите интереси и таленти“, рече Јаневска.

Таа посочи дека брзиот технолошки развој, вештачката интелигенција, зелените иновации и дигиталната трансформација создаваат нови можности, но истовремено поставуваат и нови барања во однос на знаењата, вештините и квалификациите што им се потребни на младите за успешно да се вклучат на пазарот на трудот.

Во таа насока, Министерството спроведува реформи насочени кон усогласување на образованието со современите потреби на општеството и економијата. Од оваа учебна година, над 10.800 ученици во прва година средно стручно образование учат според модернизирани наставни програми, во кои се интегрирани СТЕМ-компетенциите, зелените и дигиталните вештини во сите струки. За поддршка на спроведувањето на реформата, обучени се 569 наставници, а дополнително е зајакната соработката со приватниот сектор.

Кариерното советување е вториот важен сегмент во поддршката на младите. Министерката укажа дека преку измените на регулативата за основно и средно образование и соодветните подзаконски акти, кариерното советување во училиштата е системски регулирано. Воспоставени се два регистра: Регистар на координатори за професионална ориентација на учениците во основните училишта и Регистар на кариерни советници во средните училишта. Во нив се впишуваат стручни соработници и кариерни советници кои поминале соодветни обуки и се оспособени да им обезбедат на учениците ефективна поддршка при изборот на понатамошното образование и професионалниот развој.

„Не ни е целта само да ја оствариме Реформската агенда на хартија, туку да создадеме функционален систем на кариерно советување што вистински ќе им помага на младите да го пронајдат својот пат“, рече министерката Јаневска.

Изрази очекување дека искуствата и примерите на успешните професионалци со кои средношколците ќе имаат можност да се запознаат на настанот, ќе бидат дополнителна инспирација за нивниот личен и професионален развој, како и поттик својата образовна и професионална иднина да ја градат во земјава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Продолжуваат градежните активности за изградба на Картинг центарот во Кавадарци!

Продолжуваат градежните активности за изградба на Картинг центарот во Кавадарци!, порача преку Фејсбук, првиот човек на Кавадарци Митко Јанчев. 

Јанчев: Продолжуваат градежните активности за изградба на Картинг центарот во Кавадарци!

На површина од 2.700 м² се реализира современа картинг патека со придружни објекти, со вкупна инвестиција од 35.247.407 денари.

Градежните активности се одвиваат согласно предвидената динамика. Извршено е тампонирање на теренот, со што просторот постепено го добива својот конечен изглед, додека во наредната фаза е предвидено поставување на осветлувањето на картинг центарот.

Новиот Картинг центар ќе претставува дополнителна атракција која ќе ја збогати туристичката понуда на градот и ќе отвори нови можности за спорт, рекреација и забава.

Кавадарци продолжува да се развива – со нови инвестиции, современа инфраструктура и содржини за сите генерации!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потпишан план за соработка меѓу министерствата за здравство на Македонија и Бугарија за периодот 2026–2028 година

Министерот за здравство, Сашо Клековски, и министерката за здравство на Република Бугарија, Катја Ивкова, денеска, во Софија потпишаа План за соработка .

Потпишан план за соработка меѓу министерствата за здравство на Македонија и Бугарија за периодот 2026–2028 година

Министерот за здравство, Сашо Клековски, и министерката за здравство на Република Бугарија, Катја Ивкова, денеска, во Софија потпишаа План за соработка меѓу Министерството за здравство на Република Македонија и Министерството за здравство на Република Бугарија за периодот 2026–2028 година.

Со Планот се потврдува определбата на двете земји за натамошно унапредување и продлабочување на соработката во областа на здравството и медицинските науки, врз основа на еднаквост, реципроцитет и заемен интерес. Планот предвидува размена на информации и искуства, размена на специјалисти за обуки и консултации, учество на научни и медицински настани, реализација на заеднички научни и практични проекти, како и соработка при организирање курсеви и семинари. Како приоритетни области на соработка се утврдени примарна и специјализирана медицинска заштита, болничка здравствена заштита, превенција и контрола на заразните и незаразните болести, како и епидемиолошки надзор, медицинска статистика, организација на здравствен одговор при вонредни состојби, електронско здравство, како и други области од заемен интерес.

Во рамки на посетата на Софија, министерот Клековски го посети и Универзитетскиот акушерско-гинеколошки болнички комплекс „Мајчин дом“, каде се запозна со работата на установата и со современите практики во областа на мајчиното и детското здравје, особено во делот на неонатологијата и грижата за новороденчињата.

Во разговорите со медицинските тимови беа разменети искуства и можности за унапредување на соработката, со посебен акцент на неонаталниот скрининг и рано откривање состојби кај новороденчињата. „Мајчин дом“ располага со најголемата клиника по неонатологија во Бугарија, со оддел за интензивна нега и современа медицинска опрема, додека Националната генетска лабораторија во рамки на установата спроведува скрининг на новороденчиња, вклучително и метаболички и генетски испитувања. Потпишувањето на Планот за соработка претставува дополнителен чекор во јакнењето на добрососедските односи и институционалната соработка меѓу двете земји, со цел размена на знаења и добри практики и унапредување на квалитетот и достапноста на здравствените услуги за граѓаните

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер