УЕФА ги потврди домаќините на финалните средби во Лигата на Шампионите и Лига Европа за сезоните 2028 и 2029
1УЕФА ги потврди домаќините на финалните средби во Лигата на Шампионите и Лига Европа за сезоните 2028 и 2029
ЖивотВнимание! Дали разликувате вирусно од бактериско воспаление на крајниците? Ова се клучните симптоми!Болката најчесто се јавува во текот на студените зимски денови, а еве и два природни рецепта кои помагаат оваа состојба да ја ставите под контрола. Воспалението на крајници и болното грло се често заболување во текот на студените зимски месеци. Крајниците се дел од лимфниот систем и играат улога во борбата против инфекциите, но и самите може да се инфицираат. Воспалението на крајници може да се појави на која било возраст, подеднакво ги погодува двата пола, почесто се јавува кај децата, особено кога се мали бидејќи се склони во уста да ги ставаат рацете или разни предмети. Воспалението на крајниците се јавува поради вирусна или бактериска инфекција (предизвикана од стрептокока). Како што истакнуваат лекарите, при дијагнозата важно е да се разликува вирусната од бактериската инфекција, пред се поради пропишувањето соодветна терапија, а тоа се прави врз основа на различните симптоми. Навремената антибиотска терапија во случај на стрептококни инфекции може да спречи можни подоцнежни компликации како што е ревматска треска. Симптомите на воспалени крајници поради вирусна инфекција вклучуваат: пониска телесна температура благо воспалено грло течење на носот кашлица насолзени очи Во случај на стрептококно (бактериско) воспаление на крајниците, симптомите се: висока температура силна болка во грлото општа слабост и малаксаност главоболка отекување на лимфните жлезди во предниот дел на вратот отежнато голтање Дијагнозата се поставува врз основа на лекарски преглед, тест за стрептокока и лабораториски анализи. Антибиотиците на база на пеницилин се користат за лекување на бактериско воспаление на крајници, додека кај вирусно воспаление се користат лекови за намалување на температурата и ублажување на кашлицата. Кај вирусно воспаление на крајниците може да помогнат одредени природни препарати, како што е солената вода, која може да ја ублажи болката. Правењето гаргара со топла солена вода може да помогне да се смири воспаленото грло и да се разбие секретот. Познато е и дека солта помага и при елиминирање на бактериите во грлото. Направете раствор од солена вода со додавање половина лажичка сол во полна чаша топла вода. Направете гаргара со него за да го намалите отокот и да го одржувате грлото чисто. Гаргара правете на секој час. За плакнење на грлото може да се користи и чај од камилица, кој има антивоспалителни и смирувачки својства, како и корен од сладунец. Доколку симптомите не поминат за неколку дена, задолжително посетете лекар бидејќи воспалението на крајниците лесно може да се искомплицира и да премине во ангина и формирање на гнојни јазли на крајниците, што потешко се лекува. Во потешки случаи или при чести инфекции, лекарот може да препорача хируршко отстранување на крајниците. Операцијата на крајниците често се изведува кај деца, особено ако честите инфекции на крајниците влијаат на нивното општо здравје, но се изведува и кај возрасни доколку е потребно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалУЕФА ги потврди домаќините на финалните средби во Лигата на Шампионите и Лига Европа за сезоните 2028 и 2029Минхен и Барселона ќе бидат домаќини на финалните натпревари во Лигата на шампионите во 2028 и 2029 година, објави УЕФА на своите официјални канали. Истовремено, финалните натпревари во Лигата на Европа во овие сезони ќе се играат во Букурешт и Белград. Белград ќе биде домаќин на финалето во Лига Европа, на новиот стадион во Сурчин кој треба да биде изграден во 2027 години Финалето во 2028 година од најважното европско клупско натпреварување ќе се игра на стадионот на Баерн во Минхен, кој во соопштението на УЕФА е именуван како „Фудбалска арена Минхен“. Една година подоцна, домаќин ќе биде „Камп Ноу“, стадионот на Барселона. УЕФА ја објави веста придружена со фотографии од двата стадиона и порака во која се истакнуваат овие два култни фудбалски објекти, повикувајќи ги навивачите да изберат кое финале би сакале да го гледаат. Белград го очекува финалето на Лигата на Европа, Националната арена во Букурешт ќе биде домаќин на финалето на Лигата на Европа за сезоната 2027/28. За сезоната, 2028/29, како домаќин е наведен Националниот стадион во Белград, кој моментално е во фаза на изградба. Тоа значи дека во 2029 година во Барселона и Белград ќе се одржат две големи европски клупски финалиња.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: 18 месеци нема правда за Кочани затоа што судството под контрола на Мицкоски ги штити своитеПоминаа 18 месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“, во која згаснаа 63 млади животи, а 193 лица беа повредени.Правдата за Кочани се топи пред очите на јавноста. Заробеното судство кое е под целосна контрола на Мицкоски ги штити своите, а жртвите и нивните семејства ги остава без одговори и без правда. Повеќе од две години власта на Мицкоски ги контролира полицијата, обвинителството и судството. Диктира задачи на обвинители и судии преку телефон, од собраниска говорница, преку телевизија. Дискредитира и навредува обвинители јавно. Поставува свои советници за судии, сопруга на ексградоначалник на ВМРО во Судскиот совет, обвинителка поврзана со Сашо Мијалков. И каков е резултатот? Наместо брза и неселективна одговорност, гледаме одолжување на постапките и ослободување на лица поврзани со случајот. Сега и „Газда Деко“ е пред слобода. Мицкоски тврдеше дека ќе се повлече од политиката ако се докаже дека обезбедувањето во „Пулс“ е поврзано со ВМРО. Како и за сè друго што им ветил на граѓаните – излажа. Ниту се повлече, ниту понесе одговорност, ниту обезбеди правда. Додека Мицкоски зборува за „талог“ и „елита“, додека седи до државниот јавен обвинител и испраќа закани, родителите на загинатите повторно гледаат како институциите ја погребуваат правдата. Ова веќе не е изолиран случај. Ова е систем. Го ослободуваат Груевски. Го ослободуваат Латас. Враќаат имот стекнат со криминал на ВМРО-ОКГ. Телохранители на Мицкоски кои тепаат жени се спасуваат од одговорност. Нема одговорност за петте тони дрога пренесени преку граница. Нема одговорност за криминалните тендери вредни 200 милиони евра. Нема одговорност за водата во Гостивар, за загадените реки. Нема одговорност за тепањето млади во Ново Село. Така изгледа „правдата“ на Мицкоски – заштита за моќните и неправда за жртвите. СДСМ стои со семејствата на загинатите и со повредените во трагедијата во Кочани. Бараме целосна, неселективна и вистинска одговорност за секој што дозволил, овозможил или прикривал незаконско работење во „Пулс“. Никој не смее да биде заштитен поради партиска книшка, функција или блискост со криминалната банда на власт. Правдата за Кочани не смее да се разводни. Правдата за Кочани не смее да се одложува. Правдата за Кочани не смее да истече. Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска - портпаролка и членка на ИО на СДСМ СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРуси испукаа сигнални ракети кон дански воен хеликоптер: „Сериозен инцидент“Руска фрегата испука две сигнални ракети кон дански воен хеликоптер во меѓународни води.Инцидентот, кој се случи јужно од данскиот град Гедсер, беше потврден од Данската команда за одбрана, како што објави локалниот медиум TV2 на 15 септември, пренесува NV. Сигналната ракета поминала многу блиску до хеликоптерот Настанот се случил на 14 септември во меѓународен воздушен простор. Хеликоптер „AS-550 Fennec“ на Кралските дански воздухопловни сили бил на рутинска мисија за воздушно извидување и фотографирање на руски воен брод што пловел во меѓународни води. Рускиот брод потоа испукал две пиротехнички сигнални ракети директно кон леталото. Според данските воени власти, еден од проектилите поминал многу блиску до хеликоптерот. Меѓу екипажот немало повредени, а хеликоптерот не претрпел никакви оштетувања. „Сериозен инцидент“ Данскиот министер за одбрана Јепе Брус ја осуди провокацијата и најави дека Министерството за надворешни работи ќе го повика рускиот амбасадор на официјална дипломатска средба. „Ова е сериозен инцидент и Данска го сфаќа крајно сериозно“, изјави Брус. „Колку што знам, ова е првпат да се соочиме со инцидент од ваква природа. Тоа јасно покажува дека Русите се подготвени да преземаат сè поголеми ризици. Ова е сериозен настан и токму затоа го повикуваме рускиот амбасадор“, додаде тој. Овој инцидент се случува кратко откако Емил Грешолм, шеф на контраразузнавањето во Данската служба за безбедност и разузнавање (PET), на 3 септември објави дека данските агенти откриле конкретни планови на руското разузнавање. Според него, Русите подготвувале саботажа на капацитетите на данската воена индустрија. Извор: Б92Тагови: ракети хеликоптер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook