МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Заради виктимизација СДС, Левица и ДУИ ја одбија досега невидената понуда и бланко лист од ВладатаЗаради виктимизација СДС, Левица и ДУИ ја одбија досега невидената понуда и бланко лист од Владата, за нивните желби во Изборниот законик.Како никогаш до сега, опозициските партии од Владата добија бланко лист за да ги запишат нивните барања и желби за некое законско решение. СДС, Левица и ДУИ тоа го добија за реформскиот Изборен законик, а тоа го одбија без да седнат меѓу себе да се договорат и ни малку да размислат. Се поочигледно е дека тоа го направија за да глумат жртви на изборните циклуси, на кои се поизвесно е дека ќе доживеат пораз, мислејќи дека виктимизацијата ќе им донесе некој поен или глас повеќе. Вистината и реалноста која излезе на површина и ја разоткри виктимизацијата на опозицијата е дека ВМРО-ДПМНЕ, како владејачка политичка партија, им ги прифаќа сите нивни барања само да се олесни начинот и да се прошири гласањето на дијаспората. И ова, до сега невидена понуда и подадена рака од страна на власта, коалициските партнери СДС, Левица и ДУИ ја одбија. Тие, исто така, во новиот ИЗ одбија да бидат вклучени препораките на ОБСЕ и ОДИХР, да имаме една изборна единица, одбија и повеќе пари за рекламирање за партиите. Кога ќе гледаме што се добија и одбија овие опозициски партии, јасно е дека тоа го направија само за да се претстават како жртви и оваа приказна да можат да ја шират како алиби на следните избори, на кои им следи историски дебакл. Од друга страна, со блокирањето и недонесување на Изборниот законик, дел од Реформската агенда, сакаат да го намалат успехот на државата во делот на исполнувањето на реформите. И покрај ваквите блокади и опструкции, Македонија е лидер меѓу земјите од Западен Балкан во однос на спроведувањето на реформите, но неносењето на овој закон е директен показател дека СДС, ДУИ и Левица ќе ја користат секоја можност да опструираат и да го спречат државниот напредок. Ако гледаме од друга страна, токму овој процес покажа кој каде и за што е. ВМРО-ДПМНЕ како одговорна и државничка партија е на власт и ја води државата, а СДС, ДУИ и Левица во длабока опозиција без доверба од граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ е партија со доверба од граѓаните која работи во интерес и за напредок на државата, додека опозициските го гледаат исклучиво интересот партиски. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВрховниот верски лидер на Иран Моџтаба Хамнеи е наоѓа во исклучително тешка здравствена состојбаСпоред порталот Iranwire, повикувајќи се на два извори блиски до администрацијата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, врховниот верски лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, се наоѓа во исклучително тешка здравствена состојба.Според порталот Iranwire, повикувајќи се на два извори блиски до администрацијата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, врховниот верски лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, се наоѓа во исклучително тешка здравствена состојба и неговиот живот е доведен во прашање. Изворите тврдат дека Хамнеи не се сретнал со ниту еден член на владата по нападот на сад врз комплексот на врховниот лидер и убиството на неговиот татко и други членови на семејството на 28 февруари.во највисоките кругови на иранскиот режим, се шират гласини дека состојбата на Хамнеи е сериозна и дека може да дојде до најлошо сценарио во секој момент.дополнителен повод за шпекулации е фактот што откако го презеде лидерството, Моџтаба Хамнеи не се појавил во јавноста ниту одржал официјално обраќање. Досега биле објавени само неколку пораки што официјалните медиуми му ги припишуваат немузасега нема официјална потврда од иранските власти за овие наводи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
МакедонијаО. Карпош: Реконструкција на урбаната опрема во НерезиОпштина Карпош продолжува со реализација на активности за реконструкција и унапредување на урбаната опрема на детските игралиште и на јавните простори на своја територија.Во изминатиот период се работеше во УЗ Нерези, каде што е целосно обновена урбаната опрема на детското игралиште. Притоа реконструирани се детските реквизити, поставен е нов песок, со што ова детско катче доби нов, модерен лик. Исто така, во рамките на овој спортско-рекреативен комплекс, се заменија и дотраените даски на летниковецот. Општина Карпош и во наредниот период продолжува со интензивна динамика да инвестира во реконструкција и модернизација на детските игралишта и урбаната опрема, со цел создавање поквалитетни и побезбедни услови за своите граѓани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУставен суд за првпат пријави судија за непочитување на судска одлукаУставниот суд за прв пат го активираше новиот механизам за заштита на сопствените одлуки, откако судија во Основниот граѓански суд Скопје не ја извршил нивната одлука за повторување на постапката за предметот на новинарката Наташа Стојановска. Судијата, повикувајќи се на Законот за парнична постапка, навел дека Одлука на Уставниот суд не може да биде основ за повторување на постапката како нов факт или доказ. Додека пак, претседателот на Уставниот суд – Дарко Костадиновски, за Канал 5 вели дека според уставно утврдените правни карактеристики, одлуките на Уставниот суд имаат дејство на конечност, извршност и општа задолжителност и не се предмет на интерпретација. -Станува збор за историска одлука на Уставниот суд и прва од ваков вид во 63 години уставно судство во Македонија. Целта и смислата на овој механизам и на одлуката на Уставниот суд во конкретниов случај, е да покаже одлучност дека се грижи за извршувањето на своите одлуки и да испрати порака до сите субјекти дека неговите одлуки мора да се почитуваат и извршуваат и дека во тоа се состои суштината на уставното судство. Доколку било кој не ги почитува и не ги извршува одлуките на Уставниот суд, но и доколку тоа се игнорира и не се утврдува од самиот Уставен суд или од било кој надлежен орган, се губи смислата на постоењето на уставното судство. Сметам дека конкретната одлука води кон поголема уставна дисциплина,- -Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд. Костадиновски дополнува дека согласно новиот механизам воведен пред три години, сега Уставниот суд ќе подготви извештај за судијата кој не ја извршил нивната одлука и за истото веќе го известил Јавниот обвинител и Судскиот совет. -Уставниот суд и по службена должност и по пријава од лице кое има правен интерес испитува дали неговите одлуки се извршуваат. Доколку утврди дека негова одлука не е извршена, подготвува посебен извештај и доколку утврди неизвршување за истото го известува јавниот обвинител и органот кој го избрал или именувал лицето кое не ја извршило одлуката на Уставниот суд,- -Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд . Предметот по кој Уставниот суд одлучуваше и утврди повреда на слободата на јавно изразување на новинарката Наташа Стојановска сторена со една пресуда од Основниот граѓански суд и уште една од Апелација, се однесува на настаните во Собранието од 27 април каде таа, присутна како акредитиран новинар, била изложена на закани без притоа да и е обезбедена соодветна заштита. Адвокатот на Стојановска – Филип Медарски, ја оценува оваа одлука на Уставниот суд како исклучително важна. -За разлика од претходниот Деловник кој упатуваше исклучиво на следење на извршувањето на одлуките, со новиот Акт Уставниот суд добива проактивна улога и има можност формално да реагира доколку неговата одлука не е извршена. Со ова се зајакнува нивната позиција во однос на непосредната уставно-судска заштита на правата од член 110 алинеја 3 од Уставот,- -Филип Медарски, адвокат. Од Уставниот суд напоменуваат дека конечноста и извршноста на нивните одлуки се заштитени и со кривично-правни санкции во случај кога не се извршуваат. Сепак, последниот збор за тоа дали судијата од Основниот граѓански суд ќе добие евентуална санкција, го имаат Судскиот совет и Јавното обвинителство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook