ВМРО-ДПМНЕ: Заев за да ги спаси сопствените криминали ја држи во заложништво целата држава

Зоран Заев и СДСМ се плашат да се соочат со одговорноста и затоа бараат начин да ги одложат изборите. 

За да се спаси самиот себе и сопствените криминали Заев е подготвен во заложништво да ги држи и граѓаните и Република Македонија.

Законот за Јавно обвинителство е во спротивност на Уставот, експертските мислења и кривичната материја. Тој единствено е добар за Зоран Заев и СДСМ, а причината за тоа е да не одговара за заробеното правосудство, политичкиот прогон и аферите и криминалите.

Секојдневно на површина излегуваат милионски криминали и афери на луѓе блиски до Зоран Заев и СДСМ, но се уште не е процесуиран ниту еден случај. Сите видоа и слушнаа како врвот од СДСМ уценува, рекетира, прави криминал, но не и правосудните органи.

Никој во Македонија не верува дека не се процесуираат случаи против функционерите од власта без Заев да врши влијание врз сервилните судство и обвинителство. Исто како што никој во Македонија повеќе не верува дека сме прогласени за најкорумпирана држава во Европа и хибриден режим, а Заев да нема никаква вина за тоа.

СДСМ и Зоран Заев се во паника и очајно им е потребен изговор со кој ќе избегаат од соочување за сите злодела, порази и понижувања во изминативе години. Сакаат власт по секоја цена и бегаат од правдата, затоа и трет пат за краток период уценуваат со одложување на изборите.

Република Македонија повеќе не смее да биде заложник на партиските и криминалните интереси на СДСМ и кланот Заеви. Македонија мора да добие закон кој ќе гарантира вистинска борба против корупцијата и криминалот.

Неопходно е законско решение донесено со консензус во кое ќе бидат внесени мислењата на експертската јавност. Затоа законот мора да биде дело на експерти и професори по уставно и казнено право од Правниот факултет кои имаат релевантност, искуство и знаење. Таквиот закон ВМРО-ДПМНЕ безрезервно и без двоумење ќе го прифати.

Мора да се стави професионализмот над партиските и бизнис интересите. Граѓаните и Република Македонија повеќе не смеат да бидат заложници за задоволување на криминалните бизнис интереси на Заеви.

Заев и СДСМ донесоа само криминал, порази и погазено достоинство и мора да се соочат со сите злодела кои ги нанесоа. После 12-ти април следува обнова на Македонија, а потоа ќе следува и одговорност. Зоран Заев никогаш повеќе.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер