Поранешен ас на Барселона неодамна излезе од затвор, а сега сопругата го напушта,причината шокантна причина
1Поранешен ас на Барселона неодамна излезе од затвор, а сега сопругата го напушта,причината шокантна причина
3Целосен прекин на авионскиот сообраќајот во Брисел - откажани сите летови поради националниот протест
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Заев, Филипче и Николовски директно ја загрозиле националната безбедност во услови на кризаТриото Заев, Филипче и Николовски во ек на криза функционирало како врзан систем на крвни садови, креирале коруптивна шема и директно ја загрозиле националната безбедност со игрите со стоковите резерви.Триото Заев, Филипче и Николовски во ек на криза функционирало како врзан систем на крвни садови, креирале коруптивна шема и директно ја загрозиле националната безбедност со игрите со стоковите резерви, со отписот па со купувањето на прескапа пченица, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Заев, Филипче и Николовски директно ја загрозиле националната безбедност во услови на криза а намалувањето на стоковните резерви претставува директно загрозување на националната безбедност и не смее никој да се дрзне да отпишува 2.000 тони пченица во криза. Во секој потег на Заев, Филипче и Николовски од нивната шема се отвара сомнеж за сериозни злоупотреби, корупција и огромен профит. Од отписот на жито, прескапата набавка до доделениот грант. Отпишале 2.000 тони пченица, отвориле 2 тендери за 20.000 тони жито што го платиле 1,3 милиони, по поскапа цена и како гратис услуга Николовски издејствувал 1,4 милиони грант за „Мамас“ на кланот Заеви. Николовски во 2022 година направил набавка на 20.000 тони жито, по отписот на кусокот што го потпишале Заев и Филипче но набавките за житото биле поскапи за цели 1,3 милиони евра. 20.000 тони пченица државата ја чинело 532 милиони денари или 8,6 милиони евра, односно еден тон жито бил 26,625 денари, а килограм 26,6 денари. Но, пченицата била набавена од Србија, цената на берзата во Нови Сад била 20,5 денари, дополнително трошоци за транспорт од 1,5 до 2 денари по килограм се доаѓа до цена од 22,5 денари, што е за цели 4 денари помалку од оние кои државата ги платила поради Љупчо Николовски, Заев и Филипче, или 1,3 милиони евра повеќе пари биле потрошени на граѓаните. Николовски да каже зошто државата платила 1,3 милиони евра поскапа сума за житото во стоковите резерви? Кој се ќарил од набавката на жито и колкав процент? Дали грантот за Тргопродукт од 1,4 милиони евра е подарок и контра услуга на Заев? ЈО и ДКСК да отворат постапки и сериозно да го истражат случајот. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНа денешен ден во 1963 година во атентат беше убиен претседателот на САД, Џон КенедиПретседателот на САД, Џон Ф. Кенеди е убиен на 22 ноември 1963 година во Далас, додека се возел низ плоштадот Дили, во друштво на сопругата Жаклин и соработници.На денешен ден беше убиен Џон Кенеди, сè уште светот се прашува кој стои зад атентатот, СССР, Куба, ЦИА, мафија или ...? а постојат и бројни теории на заговор. Претседателот на САД, Џон Ф. Кенеди беше убиен на 22 ноември 1963 година во Далас, додека се возел низ плоштадот Дили, во друштво на сопругата Жаклин и соработници. Атентатот врз американскиот претседател Џон Ф. Кенеди, извршен на 22 ноември 1963 година во Далас, претставува еден од најзначајните и најтрагичните настани во историјата на Соединетите Американски Држави. Кенеди бил убиен додека се возел во претседателската лимузина низ плоштадот „Дили“ (Dealey Plaza), во друштво на неговата сопруга Жаклин, гувернерот на Тексас, Џон Конали, и неговата сопруга Нели. Во моментот на атентатот, Кенеди имал 46 години. Ли Харви Освалд, поранешен маринец кој служел во армијата на САД, бил обвинет за атентатот врз претседателот Кенеди. По атентатот, Освалд бил уапсен и обвинет за убиството на полицаецот Џеј Ди Типит, кој бил убиен неколку минути по атентатот врз Кенеди. Освалд негирал вмешаност и тврдел дека е невин. Два дена по атентатот, додека го префрлале од градскиот во окружниот затвор, тој е застрелан од сопственик на ноќен клуб во Далас, Џек Руби, . По атентатот, претседателот Линдон Б. Џонсон ја формирал Комисијата „Ворен“, официјално позната како Претседателска комисија за истражување на атентатот врз претседателот Кенеди. Комисијата заклучила дека Освалд дејствувал самостојно при атентатот врз претседателот Кенеди. Сепак, многумина ги оспориле тие заклучоци, што довело до бројни теории на заговор. И покрај официјалните заклучоци, многу Американци веруваат дека атентатот бил резултат на заговор. Анкетите покажаа дека голем процент од граѓаните се сомневаат во официјалната верзија на настаните. Теориите на заговор вклучуваат наводна вмешаност на ЦИА, мафијата, кубанската или советската влада, па дури и на самиот Линдон Б. Џонсон.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Други спортови„La decima“: Маркез е шампион – има повеќе титули од Валентино Роси! Марк Маркез стана светски шампион во мотоциклизам по десетти пат во својата кариера, а по осми пат во најсилната категорија.Во Португалија, на 22 ноември, Марк Маркез испиша историја во шампионатот MotoGP и ја освои јубилејната 10-та шампионска титула, а 8-ма во шампионатот MotoGP. Шпанецот сега е мотоциклистот со најмногу освоени титули во историјата на овој спорт! на маркез на денешната трка му беше доволно и освојување на 9 место за конечен триумф во Мото ФП со оглед на тоа што имаше 55 поени повеќе од Хорхе Мартин и 62 повеќе од Марко Бецеки. Во текот на трката беше јасно дека „Дукати“ му наложиле на Маркез безбедно да ја заврши трката во првите 10 и да не презема никакви ризици. NEW LEADER ALERT! Bez hits the front!🚨 #PortugueseGP 🇵🇹 https://t.co/uTphu7F1uG — MotoGP™🏁 (@MotoGP) November 22, 2026 Во последниот круг Марко Бецеки пред Хорхе Мартин и Раул Фернандез влегоа со голема предност додека Марк Маркез се бореше за титулата од деветтата позиција. И успеа да стигне до неа. It's hugs everywhere 🤗❤️ #MARCmade | #H1STORY https://t.co/3F5RkG3nHH — MotoGP™🏁 (@MotoGP) November 22, 2026 Тој сега е најтрофејниот возач на сите времиња, додека Валентино Роси е втор со девет освоени титули!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваПоранешен ас на Барселона неодамна излезе од затвор, а сега сопругата го напушта,причината шокантна причина Поранешниот бразилски фудбалер Дани Алвеш и неговата сопруга Џоана Санз одлучија да стават крај на заедничкиот живот, а една од главните причини за разделбата е неговата сè поголема посветеност на религијата. Веста за нивниот развод ја објави шпанскиот новинар Хави Охоса, кој разговарал со сопругата на Алвеш и дознал детали за нивната одлука. Двојката стапи во брак во 2017 година, а во октомври 2025 година ја добија ќерката Хулиета. Според новинарите, Џоана Санз покренала постапка за развод бидејќи начинот на живот на екс фудбалерот на Барселона го оддалечува сè повеќе од неговото семејство. Во последните месеци, 43 годишниот Алвеш патува низ светот како проповедник и предавач, ширејќи ја евангелската вера. На 25 март 2024 година, Алвеш беше пуштен од затворот „Бријанс“ во близина на Барселона откако плати кауција од еден милион евра, а претходно беше осуден на четири и пол години затвор под обвинение за силување. Сепак, на 28 март 2025 година, Апелациониот совет на Судот на правдата на Каталонија го ослободи од обвиненијата, по што тој стана целосно слободен човек. Тогаш тој целосно ѝ се сврте на религијата. Токму оваа животна посветеност, како што е наведено, довела до сериозно отуѓување од сопругата. Наводно, на Санз не му пречело тоа што тој имал вера, што ја читал Библијата или што одел во црква, но ја вознемирувало тоа што религијата станала центар на неговиот живот, поради што таа се чувствувала осамено и запоставено. „Тоа го оддалечи од неа и од нивната ќерка, а таа се чувствува сосема сама. Таа има разбирање за верата на Дани и не би имала ништо против тој да ја чита Библијата или да оди во црква. Сепак, неговата одлука да му го посвети целиот свој живот на религијата го изолираше од неговото семејство“, пренесува новинарот зборови на сопругата на Алвеш. Според истите изјави, Санц конечно одлучила да стави крај на таквиот однос со зборовите: „Доста е, ми е преку глава, овде завршува сè“. Поранешниот дефанзивец на Барселона, Јувентус и Пари Сен Жермен на тој начин би можел да стави крај на бракот што траеше речиси девет години. Засега, ова се информациите што ги објави еден шпански новинар, повикувајќи се на разговор со Џоана Санц.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter