ВМРО-ДПМНЕ: За една година ново училиште, градинка и финансиска поддршка за младите, Карбинци се развива со конкретни инвестиции - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: За една година ново училиште, градинка и финансиска поддршка за младите, Карбинци се развива со конкретни инвестиции

За само една година, Општина Карбинци бележи конкретни резултати и реализирани проекти. Во фокусот се образованието, инфраструктурата и подобрувањето на условите за живот на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ: За една година ново училиште, градинка и финансиска поддршка за младите,  Карбинци се развива со конкретни инвестиции

Изградена е нова училишна зграда во Радање, а со доградбата на градинката „Кокичиња“ се обезбедува простор за околу 100 дополнителни деца.

Изградена е нова пешачка патека Таринци–Карбинци, во должина од 1,5 километри, а се инвестира и во нови улици во општината.

Се реализираат и капитални проекти како каналот Герен во Долни Балван и регулацијата на реката Брегалница, со кои се решаваат долгогодишни проблеми и се создаваат побезбедни и подобри услови за живот. Подобрено е улично осветлување.

Паралелно, Општина Карбинци продолжува со поддршка на децата, младите и семејствата преку конкретни финансиски мерки. Во изминатата година Општина Карбинци покажа дека се грижи за семејствата, младите и сите граѓани да имаат подобар животен стандард. Се воведоа конкретни мерки како:

5000 денари поддршка за секое дете кое започнува во прво одделение.

5000 денари поддршка за секој ученик кој ја започнува првата година од средното образование.

5000 денари поддршка за студентите кои ја започнуваат првата година на државните универзитети. И 10.000 денари финансиска поддршка за секое новороденче.

Ова можеби се финансиски средства кои на прв поглед не изгледаат големи, но за едно семејство значат поддршка во вистински момент.

Ова е само дел од реализираните резултати.

Карбинци се движи напред со работа, инвестиции и јасна визија за иднината.

Општина Карбинци продолжува да работи за секое населено место и за секој граѓанин.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Велјановски: Од 340 на 560 милиони евра, талогот од СДС треба да одговара за поскапувањето и доцнењето на железничкиот Коридор 8

ДЗР утврдил дека проценетата вредност за третата фаза од железничкиот Коридор 8, пругата Крива Паланка–граница со Бугарија, пораснала за околу 220 милиони евра, односно од 340 на 560 милиони евра.

Велјановски: Од 340 на 560 милиони евра, талогот од СДС треба да одговара за поскапувањето и доцнењето на железничкиот Коридор 8

Извештајот на ДЗР потврдува дека во главите на СДС и ДУИ, биле само провизии, проценти, тендери.

Наместо да работеа во интерес на граѓаните, талогот работеше во интерес на својот џеб.

Затоа СДС и ДУИ треба да одговорат зошто проектот со години доцнеше, а неговата проценета вредност растеше? Зошто граѓаните да плаќаат 220 милиони евра повеќе? За ликови како Филипче и Заев да ги полнат своите џебови?

Почитувани граѓани,

Денес, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на изнаоѓање одржливо решение за железничкиот Коридор 8 и реализација на стратешкото поврзување.

Но, не смееме да заборавиме на претходни црнила кои ги наследивме, а за кои бараме од Јавното обвинителство да го истражи ревизорскиот извештај на ДЗР и да постапи согласно истиот.

Не сме исти. Разликата е евидентна.

YouTube video

Александар Велјановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: 5 милиони евра народни пари за концерти а за лозарите нула помош, ниту една мерка - грозјето им скапува

Силно светнал ден, но прашањето е за кого, почитувани граѓани?

СДСМ: 5 милиони евра народни пари за концерти а за лозарите нула помош, ниту една мерка - грозјето им скапува

Дали силно светнал ден за земјоделците кои се мачат да ги продадат градинарските производи, зелки, домати, пиперки или да ги фрлат на отпад? Или за лозарите кои своето грозје го нудат за мизерни 14 денари по килограм и никој не го откупува? Или се принудени да ги ископачат или да ги сечат со моторни пили лозјата кои им се оставени во аманет од татковци и дедовци.

Силно светнал ден за платениците и тендерашите од власта кои го собираат кајмакот и кои си искешираа околу 5 милиони евра за концерти и забавни каравани кои движат низ државата и се наплатуваат повеќепати над реалните суми - за нив светнал ден, а не за обичниот народ кој ви ја даде довербата, кога ве гласаше верувајќи им на вашите лаги и предизборни ветувања во кои ветувавте сè и сешто за подобар стандард, а воопшто и не помисливте дека ќе треба барем нешто од тоа и да исполните.

Токму затоа што во моментот имате апсолутна власт и во ваши раце се и финансиите и мерките, за таа цел бараме и заслужуваме да знаеме. Свесни сме дека немате во план да помогнете и интервенирате во земјоделството и лозарството. Бараме и заслужуваме да знаеме во чии џебови завршуваат парите од народот кој редовно ви ги плаќа на име давачки на секој чекор. 5 милиони евра да се вратеа како мерки кон земјоделството и лозарството, сега ќе ја немавме оваа криза, и лозарите достоинствено ќе си ги испратеа децата на школо, без да им кратат основни потреби.

Бараме конкретни мерки за лозарството и итен интервентен откуп. Како лозарски крај, кој природата го надарила со благородно поднебје, не е во ред лозарите да го остават својот род да скапува заради вашата неспособност.

Каде сте?Наместо по концерти, каравани и прескапи игранки по сите градови и организирање на спектакли, требаше да бидете помеѓу лозарите. Само тогаш ќе бевте достојни да го цитирате Рацин. Доколку мислите дека ќе владее молк, сте се излажале.

Затоа што лозарите и нашиот народ се паметни и прават разлики во начинот на решавање на проблемите низ годините кога СДСМ беше на власт, кога и покрај навремените исплати на субвенциите за предвидените култури се воведе и мерката зелена нафта со која се помагаше на сите земјоделци, но вака како сега никогаш не било.

Уште еден многу битен момент кој народот го почувствува и од кој се променија многу работи е демократското изјаснување преку слободата на говорот на секој засегнат поединец. Затоа, уште еднаш би потенцирам од името на сите - нема да молчиме, нема да молчиме кога ни е засегнат народот и ќе продолжиме да ги бараме правата и мерките, затоа што финансиите во буџетот се јавни средства и сите заслужуваме одговор каде тие завршуваат.

Доколку како мерки и субвенции и олеснувања не се враќаат кон народот. Сакам нешто да порачам. Бидете подготвени. Народот ќе ви ја даде довербата и власта, но истиот тој народ кој го понижувате, одлично ги знае работите, и токму тој кој ви ја даде власта, тој и ќе ви ја одземе. Тогаш, до тој ден, скријте се и чекајте го револтот на земјоделците и лозарите. Е кога тој ден ќе дојде, ќе светне силно.

YouTube video

Прес конференција на Општинската организација на СДСМ, Валандово, Еми Заева – Костова -претседателка

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кампања „Денови на безбедноста“: И ти си дел од безбедноста!

Безбедноста во сообраќајот е заедничка одговорност.

Кампања „Денови на безбедноста“: И ти си дел од безбедноста!

Не е доволно само да очекуваме другите да внимаваат – мора да внимаваме и самите.

Телефонот, слушалките, невнимателното преминување на улицата или намалената видливост можат да бидат ризик кога сме пешаци.

Во рамки на глобалната кампања ROADPOL „Денови на безбедноста“ (16–22 септември), потсетуваме:

Како пешак, одговорноста за твојата безбедност не е само на возачите.

И ТВОЈА Е!

Погледни. Слушни. Внимавај.

Секој учесник во сообраќајот има улога во создавањето побезбедни патишта.

#zeromeanslife

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер