ВМРО-ДПМНЕ: За четири дена имаме скоро 2.000 заразени, ова е фијаско на сите политики на Филипче

Венко Филипче секој ден во јавноста докажува дека е министер за зараза и смрт.

Неспособноста на Венко Филипче одзема човечки животи.

За четири дена имаме скоро 2.000 заразени, а Филипче тврдеше дека таа бројка на заболени ќе биде во текот на целата криза.

Ова што се случува деновиве е фијаско на сите нивни политики.

Филипче очигледно нема подготвено ниту еден соодветен протокол кој ќе помогне при справување со КОВИД-19.

Погрешните и лоши политики на Филипче ја искачија Македонија на врвот во регионот, Европа и пошироко по новозаболени и починати од корона вирусот.

Филипче додека се занимава со матни тендери и градење на згради граѓаните се оставени сами на себе да се справуваат со корона вирусот.

Филипче поради својата неспособност носи на душа 815 починати лица.

Филипче, оставка веднаш!

Членови на ИПА пред Велигден го посетија геријатриското одделение при Општата болница во Охрид

Денеска, во пресрет на најголемиот христијански празник Великден-Христовото воскресение, Интернационалната полициска асоцијација-регион Охрид го посети геријатриското одделение при Општата болница во Охрид. 

23 повозрасни лица кои тука престојуваат и се лекуваат, не пречекаа со насмевка на лицето и ни пуштија рака во знак на добродојде. Ним, од срце им го честитавме Великден, ги прашавме како се, како се чувствуваат, како го поминуваат денот, им посакавме добро закрепнување, добро здравје и среќни моменти. Честитки за Великден упативме и до целиот тим на одделението, предводен од доктор Соња, им посакавме добро здравје и им искажавме почит за нивната посветеност во зачувувањето на здравјето на луѓето за кои се грижат.

Баба Стојанка која има 96 години, баба Доста и останатите, не испратија со насмевка, од душа ни рекоа „да остарите и вие“ и не поздравија со најдобриот христијански и великденски поздрав „За многу години“. Така срдечно и топло, од душа не поздрави и дедо Божин кој не испрати до врата, ги крена рацете високо и среќно, и ни рече „Бидете живи здрави, да живее Македонија, да се видиме пак“. Ќе се видиме дедо Божин, бабо Стојанке, баба Доста, ќе се видиме, со Господ напред, да сме живи здрави сите, за многу години. Благодарни сме што не примивте денеска и што со Вас, како наши пријатели, се почувствувавме посреќни.

Нашите дедовци и баби, нашите повозрасни претци, ја заслужуваат целата љубов и почит на овој свет. Тие беа и се, нашиот столб. Тие се вградија себе си во нас, во нашиот развој и во напредокот на Македонија.

SERVO PER AMIKECO-СЛУЖИМЕ НИЗ ПРИЈАТЕЛСТВО.

Претседател на ИПА ОХРИД

М-р Стефан Димоски

Во Кумровец одекнаа сирените во 15.05 часот во чест на Тито

Со звукот на сирените во 15 часот и 5 минути и со полагање венци и палење свеќи денеска во Кумровац беше одбележана 44-годишнината од смртта на Јосип Броз Тито.

Бројни делегации, меѓу кои и оние од општина Кумровец, Здружението на друштвата Јосип Броз Тито и Здружението на антифашистички борци и антифашисти (САБА) на Република Хрватска и Крапино-загорската жупанија, предводени од префектот Жељко Колар, положија венци до споменикот пред родното место на Тито, објави Индекс.

Претседателот на САБА, Фрањо Хабулин рече дека мисли оти Загорје и Хрватска имаат човек со кого можат да се гордеат.

„Тито беше пред сѐ револуционер, човек кој го крена народот на сенародно вооружено востание против окупаторите, но и против нивните слуги, локални квислинзи од сите бои, во Словенија од белогардеците, усташките, четниците и така натаму. Како војсководец успешно ја водеше народноослободителната борба до конечната победа над антифашизмот на нашите простори“, рече Хабулин.

Тој, исто така, потсети дека Тито беше креаторот на Движењето на неврзаните, кое одигра значајна улога во смирувањето на тензиите за време на Студената војна меѓу источниот и западниот блок. „Тие ги обезбедија условите за релаксација, мир и стабилност во светот. Така, тоа беше Јосип Броз и затоа сме денес овде“, заклучи Хабулин.

Префектот Колар рече дека овој пат и на својот Загорец му оддаваат едноминутно молчење „за она што го направи добро во животот и остави белег во историјата“.

„Победник во Втората светска војна, војсководец, јасно и одлучно „не“ на Сталин во 1948 година, Уставот во 1974 година кој ѝ овозможи на Хрватска да има правна основа да прогласи независна државност, за жал стекната со крв благодарение на нашите хрватски ветерани. Доста за еден живот, за еден човек, огромна работа“, нагласи Колар.

Првиот човек на општина Кумровец Роберт Шплајт рече дека овојпат општината организирала богата програма за одбележување на годишнината од смртта на Тито. „Луѓето доаѓаат овде во Кумровец да се потсетат на старите времиња, на историјата што е зад нас, а не да ја идеализираат и да направат приказна за поранешната држава и да ги вратат духовите од минатото“, рече Шплајт.

Димитриевски со порака до „загржените“: Ние не менуваме страни, за разлика од нив имаме став

Преседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски денеска, заедно со носителот на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 2, Даниел Стојчевски и останатите кандидати имаше средби со граѓаните во Куманово.

Во изјавата за медиумите Димитриевски упати неколку прашања до поранешниот премиер Ковачевски и, како што рече, луѓето коишто ја узурпирале социјалдемократијата во Македонија.

„Сакам да го прашам Ковачевски каде беше додека режимот на Груевски ја газеше Македонија, додека пратеници беа исфрлани од Собрание, додека луѓе маршираа по улици и се бореа за демократија и праведно општество?

Каде беше Ковачевски кога крвави излеговме од Собрание? Дали беше во друштво на Мијалков и Груевски во свечената ложа на Македонската филхармонија и уживаше во концертите? Дали тогаш беше вистински социјалдемократ, како што денеска глуми загрижен социјаладемократ?

Воедно да го прашам дали таа социјалдемократија за којашто тој се бори е всушност истата којашто се откажа од Гоце Делчев, ги избриша АСНОМ-ските повелби од Уставот на Македонија, дополнително ги прогласи за админстратори, а не за бугарски окупатори.

Учествуваше во менувањето на македонската историја и погубното потпишување на меѓудржавни договори со коишто се нанесе долгорочно зло на Македонија и на следните генерации“. Димитриевски истакна дека патот на ЗНАМ е јасен.

„Ние продолжуваме заедно со граѓаните напред. Нашата цел е да бидеме со граѓаните и без рзлика кој со каква иделогија е да ги застапуваме соодветно во идниот парламентарен состав.

Повеќе од убеден сум дека витинските социјалдемократи денеска се во ЗНАМ. Ние не менуваме страни, ние едноставно за разлика од сите нив имаме став.

А тие решија да ја уништат социјалдемократијата во целост грижејќи се за сопствените функции и позиции со тоа што се ставија самите себе си на добитни места на пратеничките листи, кои се всушност листи за обезбедување на имунитет на сите оние коишто учествуваа во тешки кривични дела во државата за коишто треба да сносат одговорност, а воедно со тоа даваат еден лош пример на реалните социјалдемократи“.

Тој ги повика сите социјалдемократи, сите слободоумни граѓани да дојдат и да се приклучат во ЗНАМ.

„Во ЗНАМ има место за сите. ЗНАМ е граѓанска партија којашто не прави разлика помеѓу граѓаните ниту на верска, ниту на етничка,ниту на било која друга основа. ЗНАМ е место за сите, мместо кадешто сите Македонци и сите останати граѓани на Македоннија можат да се обединат“, рече Димитриевски и упати честитка за претстојниот празник.

„Во оваа прилика сакам да им го честитам претстојниот празник на сите христијани од православна исповед и да посакам здравје и среќа. Воедно ве повикувам заедно да се бориме против црно-сивиот свет којшто е изграден во овие изминати 33 години“, рече Димитриевски во изјавата за медиумите денеска во Куманово.

Сектор за односи со јавност

притисни ентер