ВМРО-ДПМНЕ: За 4 дена има 99 заразени и 9 починати, а Филипче под диктат на Заев ја лаже јавноста дека првата битка со вирусот е добиена

Зоран Заев го мрази сопствениот народ штом го втурнува по секоја цена во црни избори на кои наместо гласачи би се броеле жртви и заразени со коронавирусот.

Додека Заев и СДСМ лажат дека ситуацијата со коронавирусот се смирува, реалност е дека таа е полоша од март кога беше прогласена вонредна состојба.

Само во изминатите четири дена во Македонија има 99 заразени и 9 починати од коронавирусот, што укажува дека ситуацијата е алармантна. Да биде целата ситуација позагрижувачка ваквите страшни бројки ги имаме во период кога власта драстично го намали бројот на тестирања, наместо да го зголемува и да има реална слика за состојбата со коронавирусот.

Дополнително на тоа Македонија во регионот најлошо се справува со корона кризата. Македонија е рекордер по смртност на милион жители во регионот, на врвот по број на заразени на милион и земја со најмалку тестирања.

Но и покрај ваквите загрижувачки бројки, Филипче под диктат на Заев ја лаже јавноста дека првата битка со вирусот е добиена, се со цел да се оди на избори за да се спаси кариерата на Заев по цена на изгубени човечки животи.

И кога земји од регионот како Словенија и Хрватска масовно тестираат за да ја знаат реалната состојба, во Македонија по наредба на Заев се намалија тестирањата за да се кријат вистинските бројки за да може да оди на избори на кои ќе ублажи пораз и ќе се обиде политички да преживее.

Во Хрватска во изминативе два дена има само 4 нови случаи, а од 14 мај до денес има вкупно 7 случаи и воопшто немаше вонредна состојба. Во просек има помалку од два случаи дневно. Македонија за два дена има 47 случаи, а во изминативе седум дена има 165 нови случаи.

Одговорна и сериозна власт секогаш би ги ставала граѓаните на прво место, но не и СДСМ. За нив на прво место се криминалите на нивниот лидер Зоран Заев и врхушката околу него. За нив приоритети се изборниот поткуп, концесиите со марихуана, партиските вработувања, црните тендери, како и да се гостат на државна сметка со шампањ и морски плодови, додека граѓаните и државата ги втурнуваат црно сценарио.

Заев и СДСМ и по цена на животи и по цена на економски колапс брзаат да одат на избори само за да го ублажат поразот. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги победи нивните штетните политики кога и да се одржат изборите, но интересот на граѓаните и на државата ни се пред се.

ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Министерството за внатрешни работи информира дека утре Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје по потреба ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Министерството за внатрешни работи информира дека утре поради одржување на манифестација по повод годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје по потреба ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, односно по потреба за сообраќај ќе биде затворена ул.„Самоилова“ на потегот од ул.„Иљо Војвода“ (виадукт Самоилова) до крстосница со ул.„Прохор Пчински“.

МВР, воедно, соопштува дека утре Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на Град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром по повод верскиот празник Велигден.

-Утре во периодот од 18:00 часот до завршување на манифестацијата по повод верскиот празник Воскресение Христово Велигден, во центарот на градот по потреба за сообраќај ќе бидат затворени: 1. Бул.„Партизански одреди” од крстосницата со ул.„Франклин Рузвелт” до крстосницата со бул.„ВМРО”. 2. Бул.„Св.Климент Охридски” од крстосницата со бул.„Илинден” до крстосницата со ул.„Димитрие Чуповски”. 3. На возилата од јавниот градски превоз, кои поминуваат преку мостот „Гоце Делчев”, по потреба ќе им се менува трасата на движење, при што ќе се движат по бул.„Илинден” и преку ул.„Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на бул.„Партизански Одреди”, додека автобусите кои што поминуваат преку Центар ќе се движат по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов”, по што преку ул.„Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на бул.„Партизански Одреди”, се наведува во соопштението.

Во спротивна насока автобусите ќе ги користат истите сообраќајници.

Во општина Ѓорче Петров, по потреба, за сообраќај ќе се затвора ул.„Македонска војска“ пред црквата „Свети Петар и Павле“ на потегот од крстосница со бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“.

Во општина Аеродром, по потреба, за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон с.Лисиче. Исто така, по потреба за сообраќај ќе бидат затворани и други сообраќајници кои гравитираат околу верските објекти.

-Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат настаните, наведуваат од МВР.

Претседателските кандидати без поддршка од партиите од албанскиот блок во вториот круг

Партиите од албанскиот блок нема да подржат ниту еден од престедателските кандидати кои влегоа во вториот круг од престедателските избори.

И од Коалицијата ВРЕДИ и од Европскиот фронт предводен од ДУИ ги повикаа граѓаните да гласаат по сопствено убедување и порачаа дека тоа екслузивно право на гласачите.

„Не можеме така лесно да ги ориентираме галсачите кон едниот или другиот кандидат, така да на галсачите не им е прв пат тие имаат доволно искуство, ги гелдаат програмите и платформите, ќе анализираат и слободно ќе се определат за кој претседателски кандидат ќе галсаат на 8-мај. “

Од ВРЕДИ се категорични дека бојкотот во вториот круг не е опција за нив, туку напротив велат дека очекуваат помасовна излезност на гласачките места на двојните избори во среда. Ги обвинија Интегративците дека подготвуваат тивок бојкот, со цел да презивикаат политичка криза, а со тоа да го продолжат мандатот на техничката влада. Им порачаа дека по 8-мај ќе има и нова влада и бадентерово мнозинство.

„Јавно го прашуваме Али Ахмети – дали е вистина дека им наредивте на општинските организации да организираат бојкот на вториот круг од претседателските избори, иако се сретнавте со Пенадаровски и му ветивте поддршка? Вољата на анродот е да има промени. Ќе има Влада не со 61, туку со на д 70 пратеници и мнозинство пратеници Албанци и со големо мнозиснтво на Бадентер. “

Порака до ДУИ во меѓувреме упатија и од Демократскиот сојуз од каде посочуваат дека Влада се избира со мнозинство од 61 пратеник во Собранието и дека ниту во Уставот, ниту во било каков договор или закон не е предвидено двојно гласање со Бадентер во Собранието, како што тврдеше Османи.

Гори фабрика во Берлин, градот е обвиен во отровен чад (ВИДЕО)

Голем пожар избувна во фабрика во Берлин-Лихтерфелд, а пожарникарите предупредуваат дека токсичен чад се шири низ градот.

Според првичните информации, четирикатницата била целосно опожарена.

"Можеме да потврдиме дека во зградата горат хемикалии. Таму се складирани сулфурна киселина и бакар цијанид. Постои ризик да се формира водород цијанид и да се издигне во воздухот со чадот. Моментално дежураат 130 пожарникари. Противпожарната служба ја известил јавноста преку апликација за тревога. Спасувачите носат заштитни одела“, велат пожарникарите од местото на настанот.

По проценка на временските услови и соодветниот правец на ветерот, димните гасови од фабриката се движеле кон север.

Пожарникарите советуваат избегнување на просторот околу деловните објекти, затворање на прозорците и вратите и исклучување на вентилацијата и климатизацијата.

„Зградата сега е целосно изгорена. Дел од зградата веќе се сруши. Ја чистиме само надворешноста. Пожарот повеќе не може да се држи под контрола одвнатре“, изјави Адријан Венцел, портпарол на берлинската противпожарна служба, кој во моментов е на лице место.

Берлин издаде официјална тревога со која ги советува луѓето да ја избегнуваат областа.

Учениците и наставниците од околните училишта се испратени дома.

Во е-пошта до родителите, едно средно училиште напиша: „Учениците се советувани да си одат дома што е можно поскоро“.

Засега нема информации за повредени лица или за причини за пожарот.

притисни ентер