ВМРО-ДПМНЕ: Власта партиски се пресметуваат со професионалци од МВР

Зоран Заев и Оливер Спасовски се во паника oд претстојниот изборен пораз. Стравот е толку голем што посегнуваат по незаконски злоупотреби само за да ја намалат огромната разлика.

Спасовски и Заев партиски се пресметуваат со професионалци од МВР, кои не се согласуваат да исполнуваат политички нарачки, а потоа државата го плаќа таквиот реваншизам преку исплата на штета кога шиканирате вработени ја тужат службата.

Спасовски противправно потпишувал решенија за прераспределба на професионалци на работни места оддалечени и повеќе од 200 километри од нивното место на живеење. Незаконско дејствие за кое има и судска пресуда против МВР. Стотици вакви тужби и пресуди пристигнуваат на адреса на МВР.

Заев и Спасовски се во страв од неминовниот пораз на 12 април и затоа мислат дека со заплашување ќе влијаат врз граѓаните. Никој повеќе не им се плаши, ниту граѓаните, а уште помалку професионалците во институциите.

Во Република Македонија има закон, кој ќе се применува на сите недоследности, шиканирања и криминали кои се вршени во изминатиов период. Одговорност ќе има како за нарачателите, така и за извршителите за сите незаконитости.

Нема да им помогнат ниту насилните обиди за смена на Актот на систематизација, кој доаѓаат на месец дена пред формирање на техничка влада.

Бродот наречен СДСМ одамна е заринкан, неговото тонење е прашање на месеци. На 12 април следува целосно потонување на СДСМ, што ќе значи обнова на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Телефонски разговор Ципрас-Заев, истакната важноста на почитувањето на Договорот од Преспа

Ципрас и Заев разговарале за политичкиот случувања кај нас.

Важноста што ја имаат доследното придржување до Договорот од Преспа и соработката на двете земји, како за европската перспектива на Македонија, така и за мирот и стабилноста на Западен Балкан во период на големи тензии во регионот, ја истакнале поранешните премиери Алексис Ципрас и Зоран Заев во нивниот денешен телефонски разговор, јави дописничката на МИА од Атина.

Ципрас и Заев разговарале за политичкиот случувања кај нас, а освен важноста на Договорот од Преспа, според информациите на МИА од Атина, посочиле и „колку е лицемерен и опасен националистичкиот популизам што се разви и на двете страни“.

Паралелно се договориле во следниот период да преземат заеднички иницијативи за поддршка и имплементација на Договорот од Преспа, за унапредување на односите меѓу народите на Грција и Македонија и за мирот и стабилноста во поширокиот регион. /МИА

Поранешен казахстански министер осуден на 24 години затвор за убиство на сопругата

Поранешниот казахстански министер за економија, Куандик Бишимбаев, денеска е осуден на 24 години затвор за убиство на својата сопруга, пренесоа британските медиуми. 

Британските медиуми од Астана објавуваат дека судењето и долгогодишната затворска казна за поранешниот министер е всушност тест за претседателот Касим-Жомарт Токаев и неговото ветување дека ќе изгради поправедно општество.

Шокантните снимки прикажани за време на судскиот процес, што започна во март, покажуваат дека обвинетиот Бишимбаев (44) постојано удира со тупаници, клоци и влече за коса една витка млада жена облечена само во палто и чизми. Жената е 31-годишната Салтанат Нукенова, сопругата на Бишимбаев, која подоцна беше пронајдена мртва.

Бишимбаев во судницата се бранеше дека не е виновен, тврдејќи дека неговата сопруга починала од самоповредување.

Екс министерот, кој на функцијата во ресорот економија беше од мај до декември 2016 година, претходно беше осуден на 10 години затвор за примање мито, но беше ослободен по помалку од три години благодарение на амнестија и условно ослободување. /МИА

Баерн се разделува со двајца фудбалери

Германскиот фудбалски гигант Баерн Минхен објави денеска заминување на напаѓачот Ерик-Максим Чупо-Мотинг и дефанзивецот Буна Сар.

Церемонијата на збогување со играчите се одржа пред натпреварот со Волфсбург (2:0) од 33. коло во Бундес лигата. Двајцата фудбалери го напуштаат баварскиот клуб како слободни играчи бидејќи нивните договори истекуваат идниот месец.

Французинот Сар (32) одигра 33 натпревари за Баерн оваа сезона и постигна еден гол, а запиша и четири асистенции.

Триесетипетгодишниот камерунски репрезентативец Чупо-Мотинг заминува од Баерн по одиграни 122 натпревари, на кои постигна 38 голови. /MИА

притисни ентер