ВМРО-ДПМНЕ: Власта од економија се разбира само од поскапување и задолжувања - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Власта од економија се разбира само од поскапување и задолжувања

Од економија од власта на Заев можеме да слушнеме само за поскапување и задолжување.

ВМРО-ДПМНЕ: Власта од економија се разбира само од поскапување и задолжувања

Последната одлука за поскапување на горивата која ќе достигне и до 3,5 денари повеќе за литар ќе биде нов удар по џебот на народот.

Стандардот паѓа и се поскапува, а власта на Заев за да ја покрие својата неспособност, недомаќинско и аздисано трошење на народните пари воведува и дополнителна такса од 4,13 денари за секој литар гориво.

Ова ќе доведе до ценовен шок и пад на стандардот. Ама тоа власта не ја интересира.

Нив ги интересира само како да го пополнат буџетот од кој потоа финансираат набавки на службени возила, партиски вработувања и дебели хонорари и други непродуктивни трошоци.

А ако не е директен арач од граѓаните, тогаш власта посега по задолжувања, кое на крајот пак ќе го враќа секој од нас.

Затоа долгот заклучно со вториот квартал достигна неверојатни 7,4 милијарди евра или 64,4% од БДП. Тоа значи дека само за последните три месеци власта на Заев ја задолжила Македонија за 213 милиони евра, или за првото полугодие за 904 милиони евра.

Откако се дојдени на власт долгот го покачиле за неверојатни 2,7 милијарди евра нов долг. Патем ништо не направија, ниту ветените 600 километри нов автопат, ниту нови болници, ниту ветениот клинички центар, ниту нови училишта, ниту ветениот студентски град. Апсолутно ништо.

Потрошија 4 рекордно високи буџети, ја задолжија државата до ниво од 7,4 милијарди евра долг, а парите и делата никаде ги нема.

Овие 4 години власт на Заев се 4 украдени години за граѓаните и економијата.

Доста е!

Концептот Македонија за сите луѓе ќе застане на патот на оваа економска катастрофа која и се случува на Македонија со власта на Заев.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Голема Речица, лишено од слобода едно лице, пронајдено оружје и дрога

На ден 16.10.2026 во времето од 15:00 до 16:30 часот, врз основа на судска наредба, извршен е претрес во дом и други помошни простории во село Голема Речици кај А.А.(57) поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

Претрес во Голема Речица, лишено од слобода едно лице, пронајдено оружје и дрога

При претресот, во една од собите во подрумската просторија под кревет пронајден е еден пиштол марка „екол дуал“ со една празна рамка, додека во помошна просторија во склоп на куќата во навлаката од перница пронајдени се 22 мали најлонски кесички со кокаин и една поголема најлонска кеса со кокаин.

За време на претресот лицето упатило закани кон полициските службеници и е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка, По документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Масовни протести ја тресат Франција, речиси 300 приведени во неколку градови

Во Франција изби нов бран масовни протести, придружени со насилство и судири со полицијата. најмалку 270 луѓе се уапсени во судирите во кои полицијата употреби солзавец во повеќе градови.

Масовни протести ја тресат Франција, речиси 300 приведени во неколку градови

Демонстрантите протестираат поради високите цени и бараат повисоки плати и пензии, како и подобри јавни услуги. Немири ги зафатија Париз, Марсеј, Лион и Стразбур, Гренобл, Тулуз, каде многу објекти се демолирани или запалени, а во Лион во оган пламнал туристичкиот информативен центар на плоштадот Белкур.

Според „Гардијан“, протестите се насочени и против слабеењето на францускиот систем на социјална заштита. Незадоволството се прошири од училиштата кон работниците, пензионерите и земјоделците, на кои им се придружија и припадници на движењето „жолти елеци“. Премиерот Лекорну изјави дека протестите се меѓу најнасилните во последните неколку децении.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Гласањeто во Брвеница, денес започна во 7 часот утринава и се одвива во најдобар ред

Од информациите пристигнати досега до Државната изборна комисија, од вкупно 88 болни или немоќни лица, своето право на глас го оствариле 85.

ДИК: Гласањeто во Брвеница, денес започна во 7 часот утринава и  се одвива во најдобар ред

Од вкупно 9 лица кои се запишани во Избирачкиот список а се на издржување на казна затвор или притвор, досега гласале 7 гласачи. Гласањето на овие лица се спроведува во 3 казнено поправни установи на територија на Северна Македонија, и тоа во градовите Скопје, Штип и Тетово.

Гласањeто во Брвеница, денес започна во 7 часот утринава и се одвива во најдобар ред, без евентуални проблеми или потешкотии во остварување на избирачкото право или одвивање на изборниот процес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер