ВМРО-ДПМНЕ: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ трета година по ред со мерка за поевтин школски прибор - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ трета година по ред со мерка за поевтин школски прибор

По третпат по ред, пред почетокот на учебната година Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ воведува мерка за поевтин школски прибор до 10% пониски цени во големопродажба и 15% во малопродажба.

ВМРО-ДПМНЕ: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ трета година по ред со мерка за поевтин школски прибор

Целта е родителите да имаат помали трошоци во периодот кога семејните буџети се дополнително оптоварени со подготовки за училиште.

Мерката опфаќа производи што секое семејство ги набавува за почетокот на годината како ранци, тетратки, блокови, пенкала, моливи, боици, фломастери и друг неопходен училишен прибор.

Трговците ќе мора јасно да ја истакнат и претходната и новата цена. Како референтна се зема цената што важела на 1 јуни 2026 година, па граѓаните можат веднаш да видат колкаво е реалното намалување.

Мерката ќе важи до 30 септември 2026 година, со што им се овозможува на семејствата во овој период да ги набават потребните производи по пониски и транспарентно означени цени.

Ова е конкретна мерка со директен ефект врз семејниот буџет помалку трошоци за родителите, јасни цени и полесен почеток на новата учебна година за секое дете.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Активни четири пожари – се уште гори кај скопски Сарај, Гостивар, Македонски Брод и општина Чашка

Се уште се активни четири пожари, три се под контрола, а 24 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.

Активни четири пожари – се уште гори кај скопски Сарај, Гостивар, Македонски Брод и општина Чашка

Се уште критични се пожарите во општина Сарај, Гостивар, Македонски Брод и општина Чашка. Во пожарите зафатени се шума, ниска вегетација. Од ЦУК инфорамираат дека под контрола се пожарите во општина Делчево на депонијата, општина Студеничaни и Зелениково..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Православната црква ја одбележува Голема Богородица

Православната црква и верниците денеска ја чествуваат Голема Богородица.

Православната црква ја одбележува Голема Богородица

Успение на пресвета Богородица е еден од најголемите христијански празници. Овој празник ја одбележува смртта на Богородица, а денес завршува и летниот пост од 14 дена. Во манастирот Успение на Пресвета Богородица на скопска Матка верниците на утринска литургија со молитва за здравје и мир.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче на литургија во Лешочкиот манастир

Филипче синоќа беше во Лешок.

Филипче на литургија во Лешочкиот манастир

Претседателот на СДСМ Венко Филипче синоќа беше во Лешок, каде го посети лешочкиот манастир и црквата „Свети Атанасиј“, во пресрет на празникот Успение на Пресвета Богородица – „Голема Богородица“ Филипче и претставници на СДСМ, присуствуваа на литургијата, а по богослужбата се сретна и со митрополитот тетовско-гостиварски Јосиф.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер