ВМРО-ДПМНЕ: Важно е да ја подигнеме свеста за што е потребна координирана реакција од сите општествени чинители - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Важно е да ја подигнеме свеста за што е потребна координирана реакција од сите општествени чинители

Денес се одржа панел-дискусија  „16 дена активизам против насилство врз жените и девојките“, во просториите на Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, во организација на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. 

ВМРО-ДПМНЕ: Важно е да ја подигнеме свеста за што е потребна координирана реакција од сите општествени чинители

На панелот учествуваа Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Луна Стефаноска, член на ГК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, како и Ѓоко Велковски, заменик министер во Министерството за социјална политика, демографија и млади, а модератор на панелот беше Борис Шамбевски, претседател на ГК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Панелистите се осврнаа на важноста за подигање на свеста на темава, одговорно информирање од страна медиумите, како и унапредување на системот за заштита, кој инаку веќе постои. Сите панелисти се согласија дека темата мора да остане во фокусот за да се обезбеди поголема безбедност и поддршка за жените и девојките.

Митева се осврна на делот за улогата на медиумите, кои според неа, имаат огромно влијание. Како што вели таа, многу жени работат во медиумите, и ги пофали истите за внимателно изнесување на ваквите случаи, но сепак во вакво динамично време, каде секој еден е медиум, време полно со предизвици, невозможно е целосно да се спречат штетните вести. Затоа, според неа, од клучно значење е одговорно известување и свесност за последиците врз јавноста и самите жртви.

,,Ова е тема која што е многу широка. Тема на која што длабински треба да навлеземе во дискусиите, да бидеме многу претпазливи и во начинот на кој што ги кажуваме работите, затоа што зборуваме за тема на која некој се соочил со нешто сензитивно, нешто што му е најболно.

Меѓутоа, е тема која што не смееме да ја оставиме незборувана. Кога зборуваме за медиумите или оние традиционални медиуми, или портали или се она што значи пишан медиум којшто ги соопштува сите новитети, ние можеме да се соочиме со многу конкретни, навремени, точни информации за насилство кое што се случило, меѓутоа, можеме да се соочиме и со многу некоректни наслови, соопштенија за некој случај, кои што имаат за цел да имаат повеќе кликови или повеќе читање, не мислејќи за ефектот кој што го имаат и луѓето кои што се соочиле, кој што го имаат и младите, дали во тој определен момент кога ќе ја прочитате веста, некое чувство да се запрашате дали сте безбедни, дали сакате да читате такви вести, дали ќе гледате да избегнете од таа тема.

Јас често велам секој еден од нас е медиум, секој еден од нас ја пласира веста, секој еден од нас е првиот кој што ќе ја каже некогаш веста. Не можеме во едно вакво дигитално, динамично време, полно со предизвици, да спречиме несакани вести, вести кои што ќе предизвикаат негативни последици, и врз општеството, но и врз самата жртва“, посочи Митева.

Велковски нагласи дека системот за заштита од насилство функционира и постојат шелтер центри, 24-часовни линии за пријава и брза реакција. Тој посочи дека иако постојните механизми работат, секогаш има простор за подобрување.

Како што вели тој, Владата и Министерството за социјална политика, демографија и млади, активно размислуваат како системот да стане поефикасен и подобро организиран.

,,Навистина сериозно се разгледува и се размислува за целиот систем како да стане подобар. Истиот функционира, бидејќи постојат и шелтер центри постојат линии кои што се активни 24 часа, каде што може да се пријави токму ваков тип на насилство по однос на темата. Во рок од 12 часа се постапува, најдоцна во зависност од тоа каква е тежината на самиот пријавен проблем и достапноста. Така да системот моментално како што е поставен и законот како таков функционира. Дали треба да биде подобрен? Секако. секогаш треба да се стремиме и како министерство и како Влада, меѓутоа пред се како луѓе. Сето она кое што сме го наследиле и има недостатоци да ги коригираме истите за да направиме еден перфектен систем, никогаш можеби не постои меѓутоа да се стремиме кон перфекција“, истакна Велковски.

Стефаноска истакна дека и е драго што младите, или нејзини врсници, се заинтересирани за теми поврзани со насилството. Според неа, дигиталното насилство е многу реално, бидејќи младите голем дел од својот живот го споделуваат онлајн и овој вид насилство може сериозно да влијае на менталното здравје, но понекогаш и да ја загрози физичката безбедност.

,,Дигиталното насилство е нешто кое што е многу реално. Нашиот секојдневен живот е нешто кое што не само ни се случува во реалниот свет, туку ние многу често, барем моите врсници, во 95% од времето одлучуваме дека тоа треба да го споделиме и дигитално. Кога нештото е споделено дигитално, а се случува и во реалниот живот, тука стануваме мета на идна жртва за дигитално насилство.

Со дигиталното насилство може една особа психички да биде погодена, но освен психички може и да стави во физичка опасност. Кога зборуваме на теми како физичка опасност и ментално здравје и нарушување на истото, тогаш би кажала дека причината за тоа, односно дигиталното насилство, е навистина реално“, вели Стефаноска, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Срамен потег на познат актер: Донирал 3.000 фунти на центар за жртви на силување, а самиот извршил такво кривично дело една година претходно

Контроверзниот холивудски актер  Расел Бренд донирал 3.000 фунти на хуманитарна организација за помош на жртви на силување, една година откако и самиот го извршил тоа кривично дело.

Срамен потег на познат актер: Донирал 3.000 фунти на центар за жртви на силување, а самиот извршил такво кривично дело една година претходно

Расел Бренд донирал пари на хуманитарна организација за помош на жртви на силување во неговиот роден град, само една година откако тој самиот извршил такво кривично дело.

Кон крајот на 2010 година, во негово име била уплатена донација од 3.000 фунти на „Центарот за поддршка на жртви на силување и инцест во Јужен Есекс“ (SERICC), по повод 25-годишнината од основањето на организацијата.

Во меѓувреме, Бренд бил осуден на десет и пол години затвор за силување на дваесет и едногодишна девојка во 2009 година, како и за три случаи на сексуален напад. Основачката на организацијата, Шила Коутс, изјавила дека немале директен контакт со него, но дека парите пристигнале преку неговиот менаџерски тим, откако тие испратиле барања за помош до повеќе познати личности.

„Тој поддржуваше четири или пет локални организации во крајот од каде што потекнува, но овде станува збор за злоупотреба на моќта и за другата страна од личноста на Расел Бренд. Кога ќе се стекнат со слава и пари, некои мажи ја злоупотребуваат таа позиција, а токму тоа го направи и тој. Ова сме го виделе многу пати кај славни мажи; тоа веќе не е шок, туку разочарување, бидејќи постојано се повторува“, изјави Шила Коутс.

Бренд израснал во тој крај, во градот Грејс, каде што со текот на годините поддржувал локални институции и хуманитарни акции. Коутс додаде дека, со оглед на ваквиот исход, се плаши од осудување на жртвите, бидејќи во јавноста често се слушаат коментари од типот „тоа се случило одамна“ или „зошто не пријавила порано“.

Таа нагласи дека одложувањето на пријавувањето е сосема нормална психолошка реакција и дека правосудството мора да направи повеќе за да ги разбие предрасудите поврзани со сексуалното насилство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неделен хороскоп за 23. до 30. ноември 2026 година

Неделен хороскоп за периодот од понеделник 23. до 30. номеври 2026 година. 

Неделен хороскоп за 23. до 30. ноември 2026 година

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе комбинирате дискреција и гласност.Така , еден ден ќе живеете како кротка личност , врзана за својот дом и доблестите, а веќе следнито ден ќе бидете главна личност на забава , каде сите добро ќес е забавуваат. Оние во врска се добро.

Кариера

Ќе функционирате како спортист , кој своите тренинзи ги одработува со леснотија. Многумина на работното место ќе усовршуваат нови вештини и ќе откриваат детали од професијата. Ќе биде тоа уште една фаза во учењето и напредувањето.Секако добивате.

Здравје и совет

Научете некоја од техниките за релаксација.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Веројатно понекогаш ќе се чувствувате осамено , освен ако тоа не е ваш личен избор. Оние во врска ќе минуваат уште еден динамичен период во кое ќе има доста забава , но многу помалку длабоки чувства. Сепак , нема да биде лошо. Само да не очекуваат совршенство.

Кариера

Некои ќе почнат мали работи низ домот и ќе земат неколку дена одмор за да ги завршат. Тоа ќе се покаже како полн погодок. Оние кои остануваат на работното место , ќе ги доработуваат заостанатите обврски , но не е страшно.

Здравје и совет

Батериите ќе ги полните со спорт.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ослободете се од преголемите љубовни очекувања, зашто сега е подобро да се биде реалист отколку идеалист. Не подлегнувајте на искушението за надмудрување. Секогаш кога ќе можете , бидете толерантни и духовити. Ако партнерот ве испровоцира, не го земајте тоа при срце. Тоа е минливо.

Кариера

Некои ваши соработници отворено ќе ви покажат наклонетост , додека ќе има такви кои отворено ќе ви кажат дека не ве сакаат. И едното и другото прифатете го на мирен начин. Барем ќе знаете со кого си имате работа. Држете се до зацртаните правила и не се грижите.

Здравје и совет

Одете на прошетка и добро наспијте се.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Издржете го на мир првиот дел од неделата . Другата половина носи подобри љубовни влијанија , кога повторно лесно ќе најдете заеднички јазик со саканата личност. Сепак , внимавајте повремено да не реагирате премногу бурно. Со мала самоконтрола , се ќе биде подобро.

Кариера

Соработката со угледни или стручни лица полека доаѓа во прв план. Вие ќе бидете главното тркало во целата конструкција. Затоа не биодете премногу скромни , туку дозволете си да ги кажете своите амбиции. Искористете ја својата позиција , а уште повеќе можноста.

Здравје и совет

Понекогаш е подобро да се молчи.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Недостигот на интерес за љубов е резултат на премногу забава со пријателите. Оние кои се во подолги врски ќе забележат дека се дистанцираат од саканите поради пријателите. Ништо не ве попречува за сето тоа да го поврзете и споите. Ќе биде забавно во секој случај.

Кариера

Нема да бидете задоволни од приходите , зашто мислите дека можете повеќе. Ограничувањата ќе доаѓаат подари надворешни фактори и засе га никој не може да ги забрза работите. Согледајте што е реалноста и прилагодете се.

Здравје и совет

Тактичноста и дипломатијата се вредни особини.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Пред вас се нови љубовни можности , а некои од нив ве очекуваат на сосема невообичаени места. Како на пример уметнички им слично.Ќе биде интерсно. Вашата страст ќе биде поголема од вообичаено , а вие ќе бидете привлечни за лицата од спротивен пол.

Кариера

Сакате да видите конкретни резултати , а токму тие ќе се појавуваат деновиве. Можеби нема да биде ништо сензационално , но вие ќе препознаете дека во работата сте тргнале по вистински пат. Ќе биде добро.

Здравје и совет

Препознавате што ви треба , а што не ви е потребно.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Повремено ќе ви изгледа како љубовта да е на некоја друга планета. Чувството на осаменост ќе се засили , но објективно вашата врска е во ред. најдобро е да побарате весели луѓе и да ги заборавите грижите , работејќи го она што навистина го сакате.

Кариера

Работната атмосфера на работното место ќе се засили , а од вас ќе се очекува поголем ангажман. Вашите работни навики некаде заспале , па ќе мора под итно да ги разбудите. Не прашувајте премногу , туку држете се до правилата на работата. Бидете професионални.

Здравје и совет

Опуштајте се со убава музика.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Голем дел од слободното време ќе минувате со сосема обични активности, уживајќи во нечија привлечност. Без голем напор ќе знаете да ги цените ситните уживања , а саканата личност ќе ви возврати со иста мерка. Ќе бидете задоволни и без големи барања.

Кариера

Времето е добро за интроспекција , истѕражување во мир и повлечена работа. Иако и натаму сте поврзани со колегите, многумина нема да ве препознаат кога ќе ве видат како мирно седите и вредно работите без многу фалење и зборување.

Здравје и совет

Кој има уметнички идеи , нека се изрази.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Вашите љубовни апетити ќе бидат големи , а објективните можности малку помали. Сепак , ќе најдете рамнотежам и задоволство. Понекоја фрустрација ќе споделите со пријател или пријателка. Саканата личност ќе се воздржи од критики. Ќе биде главно добро.

Кариера

Пуштете ги другите да се изразуваат , а ако треба и да ве водат. Во овој момент не можете да направите ништо на своја рака. Бидете разумни , трпеливи и верувајте дека подоцна се ќе дојде на своето место.Поинаку не може.

Здравје и совет

Ништо не се случува случајно и вие тоа добро го знаете.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Вашата љубовна приказна ќе продолжи и покрај цашите сомнежи.Понекогаш ќе бидете навистина збунети од тоа што ви се случува , но реалноста ќе ви донесе задоволство. Ако и натаму ја барате својата љубов , дотерајте се и излезете меѓу луѓе. Само не бидете нападни во настапите.

Кариера

На работа главно ќе се надмудрувате. Ќе наоѓате утеха во приватниот живот. Нема да стоите најдобро со авторитетите , особено не сега. Не инсистирајте на своите идеи , зашто сте во неповолна позиција. Издржете со разум и толеранција.

Здравје и совет

Опуштајте се со добро друштво.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе ви биде важно како да го организирате заедничкиот живот, но и како добро да се забавувате.некои ќе ја смируваат саканата личност и ќе ја расположуваатз ада и ги намалат проблемите. Ќе се покажете како добар и нежен забавувач.

Кариера

Можеби се уште не ги гледате предностите од новата фаза во која влегувате, но интуитивно ќе ги почуствувате. Токму интуицијата оваа недела ќе ви биде главниот водич. Ако се двоумите , само застанете и послушајте го внатрешниот глас. Нема грешка.

Здравје и совет

Побарајте си рекреација .

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Шарм и неофицијалност ќе бидат вашите главни адути за заведување оваа недела. Понекогаш за другите ќе бидете енигма , па сепак предајте му се на оној кого го сакате , најмногу зашто подоцна би пожалиле за можноста. Љубовта е се поблиску.

Кариера

Наредните денови веројатно многу нешта ќе ви се ветуваат. Понекогашѓ ќе ви изгледа како да ви нудат работа од бајките , но бидете реални и внимателни.Посебно проверувајте ја легалноста. Се што не е реално , оставете го. нека зборуваат што сакаат.

Здравје и совет

Не претерувајте со јадењето и пиењето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На денешен ден во 1963 година во атентат беше убиен претседателот на САД, Џон Кенеди

Претседателот на САД, Џон Ф. Кенеди е убиен на 22 ноември 1963 година во Далас, додека се возел низ плоштадот Дили, во друштво на сопругата Жаклин и соработници.

На денешен ден во 1963 година во атентат беше убиен претседателот на САД, Џон Кенеди

На денешен ден беше убиен Џон Кенеди, сè уште светот се прашува кој стои зад атентатот, СССР, Куба, ЦИА, мафија или ...? а постојат и бројни теории на заговор.

Претседателот на САД, Џон Ф. Кенеди беше убиен на 22 ноември 1963 година во Далас, додека се возел низ плоштадот Дили, во друштво на сопругата Жаклин и соработници.

Атентатот врз американскиот претседател Џон Ф. Кенеди, извршен на 22 ноември 1963 година во Далас, претставува еден од најзначајните и најтрагичните настани во историјата на Соединетите Американски Држави.

Кенеди бил убиен додека се возел во претседателската лимузина низ плоштадот „Дили“ (Dealey Plaza), во друштво на неговата сопруга Жаклин, гувернерот на Тексас, Џон Конали, и неговата сопруга Нели. Во моментот на атентатот, Кенеди имал 46 години.

Ли Харви Освалд, поранешен маринец кој служел во армијата на САД, бил обвинет за атентатот врз претседателот Кенеди. По атентатот, Освалд бил уапсен и обвинет за убиството на полицаецот Џеј Ди Типит, кој бил убиен неколку минути по атентатот врз Кенеди.

Освалд негирал вмешаност и тврдел дека е невин. Два дена по атентатот, додека го префрлале од градскиот во окружниот затвор, тој е застрелан од сопственик на ноќен клуб во Далас, Џек Руби, .

По атентатот, претседателот Линдон Б. Џонсон ја формирал Комисијата „Ворен“, официјално позната како Претседателска комисија за истражување на атентатот врз претседателот Кенеди.

Комисијата заклучила дека Освалд дејствувал самостојно при атентатот врз претседателот Кенеди. Сепак, многумина ги оспориле тие заклучоци, што довело до бројни теории на заговор.

И покрај официјалните заклучоци, многу Американци веруваат дека атентатот бил резултат на заговор.

Анкетите покажаа дека голем процент од граѓаните се сомневаат во официјалната верзија на настаните. Теориите на заговор вклучуваат наводна вмешаност на ЦИА, мафијата, кубанската или советската влада, па дури и на самиот Линдон Б. Џонсон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер