ВМРО-ДПМНЕ: Таравари од човек со кредибилитет стана симбол за политичко понижување - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Таравари од човек со кредибилитет стана симбол за политичко понижување

Арбен Таравари уште еднаш го покажа своето вистинско лице, човек кој  до скоро јавно го фалеше Христијан Мицкоски и соработуваше со него, денес неосновано го напаѓа, само затоа што е уценет и мора да ја пее песната на Али Ахмети.

ВМРО-ДПМНЕ: Таравари од човек со кредибилитет стана симбол за политичко понижување

Арбен Таравари уште еднаш го покажа своето вистинско лице, човек кој до скоро јавно го фалеше Христијан Мицкоски и соработуваше со него, денес неосновано го напаѓа, само затоа што е уценет и мора да ја пее песната на Али Ахмети, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Не му пречеше Мицкоски додека беше во Владата. Напротив, тогаш зборуваше за неговата искреност, капацитет и посветеност. Но, одеднаш, кога го притиснаа со некои папки и му дојдоа некои потсетници, реши дека полесно е да се стави во службата на ДУИ и да стане нивен гласноговорник.

Иако не го поддржуваме неговото однесување, можеме да го разбереме: кога еднаш ќе си дозволиш да бидеш фатен, тогаш мораш да ја играш туѓата игра. Како и некои функционери на СДС и градоначалничката на Скопје, сега и Таравари е ставен во непријатниот скут на Ахмети, ама очигледно, кога ќе се намести убаво, скутот не му пречи.

На крај, воопшто нема да не изненади ако Таравари реши да се преименува во „Али“, само за да му покаже на својот нов газда колку добро е дисциплиниран.

Но, виновникот не е Ахмети, туку самиот Таравари, кој од човек со кредибилитет стана симбол за политичко понижување.

Народот гледа сè.

А на крајот, секој ќе си го добие заслуженото.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Историски успех: „SpaceX“ за прв пат го фати „Starship“ (ВИДЕО)

Вселенскиот брод „Starship“ на „SpaceX“ се врати на Земјата во саботата, а џиновските механички раце го фатија во воздух над истата локација во Тексас од која полета 22 часа претходно.

Историски успех: „SpaceX“ за прв пат го фати „Starship“ (ВИДЕО)

Тоа беше прв пат ваков маневар за заробување да биде успешно извршен, откако претходниот обид не успеа, пишува „France24“.

Успех во сенка на неуспехот

Иако заробувањето на самиот „Starship“ беше целта на која се надеваа Елон Маск и неговиот тим, компанијата не успеа да го спроведе планираното двојно заробување. Погонската фаза, позната како бустер, експлодираше кратко по лансирањето во петокот.

Додека вселенскиот брод од не'рѓосувачки челик се спушташе вертикално кон лансирната рампа, остатоците од бустерот беа обезбедени во Мексиканскиот Залив. И покрај проблемот со бустерот, самото заробување на вселенскиот брод беше импресивно. „Можете ли да верувате?“, коментираше Ден Хуот, преносот во живо на „SpaceX“.

„SpaceX“ вели дека успехот од саботата ја докажува целосната повторна употреба на „Starship“, што е клучен предуслов за идните мисии на Месечината и Марс. Иако петочниот бустер не успеа да се врати, компанијата успешно го сними три пати претходно, потврдувајќи ја функционалноста на методот.

НАСА, исто така, одговори позитивно. Вселенската агенција го финансира развојот на „Starship“ со милијарди долари за да слетаат астронаути од мислијата „ Artemis “ на Месечината и да помогнат во изградбата на постојана база на Месечината до крајот на оваа деценија. Маск има поамбициозни планови, вклучително и лансирање на цела флота од вселенски бродови за изградба на град на Марс.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 14.11.2026 во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.В.(29) од Радовиш.

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полета новиот кинески електричен авион (ВИДЕО)

Новиот кинески електричен патнички авион полета со одлични резултати, завршувајќи го својот прв лет со екипаж.

Полета новиот кинески електричен авион (ВИДЕО)

Авионот од 10 тони прелета над Бинжоу, во источната кинеска провинција Шандонг, каде што двајца пилоти и еден инженер за тестирање на летот го тестираа во саботата.

Развиен од COMAC - Корпорацијата за комерцијални авиони на Кина - CE-25A е првиот електричен комерцијален авион на компанијата. Дизајниран првенствено за кратки меѓуградски летови, може да носи до 19 патници со брзина на крстарење од 300 километри на час.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер