Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир
Герасимовски: Инфо-штандови и здравствени проверки за поддршка на граѓаните во услови на топлотен бран
1Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир
2Герасимовски: Инфо-штандови и здравствени проверки за поддршка на граѓаните во услови на топлотен бран
3ВМРО-ДПМНЕ: Новите законски решенија и инвестициите во обновливи извори ја градат енергетската независност на Македонија
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Талогот во СДС, кој денес печали поени и глуми грижа за граѓаните, со години молчеше за небезбедната вода во ГостиварГраѓаните на општина Гостивар со години, додека на власт беше предавничката СДС, пиеја небезбедна вода.И додека гостиварчани се труеја со загадена вода за пиење, талогот на СДС, кој денес глуми загриженост, само за да ќари некој беден политички поен, со години молчеа. Иако тогаш направените анализи, во повеќе наврати во гостиварскиот водовод, утврдија небезбедна вода за пиење и со присуство на зголемен број на колиформни бактерии, никој од тогашната власт на СДС, ниту Филипче, ниту пак нивните локални коалициски партнери не излегол со предупредување да не се користи водата. За ваквата состојба постојат документи, кои, изминатите денови ги споделивме со јавноста и во нив јасно се покажува дека надлежните институции, во време на власт на СДС, располагале со информации за небезбедна вода во повеќе населени места. Наместо да преземат мерки за да изнајдат решенија и да ги информираат граѓаните, тогашните власти без никаква грижа на совест дека можат да го загрозат здравјето на граѓаните, ги оставија гостиварци да пијат вода која не ги задоволува условите за питка вода. Имајќи го предвид ваквиот институционалниот и партискиот молк, прашуваме со кое лице и кредибилитет сега бараат одговорност за нешто со години не го решиле, ниту реагирале предавничката СДС и на Венко Филипче? Наместо сега да креираат хистерија и врз здравјето на граѓаните да печалат поени, треба јавно да излезат и да одговорат зошто додека СДС била власт, не ги известиле граѓаните за наодите од анализите и колку од тие случаи биле целосно отстранети? Тоа се истите луѓе кои со години беа власт и ништо не направија, денес да се претставуваат како да немаат никаква одговорност за состојбите што ги оставиле зад себе. Таквиот театар на талогот и остатокот во СДС и Венко Филипче, не поминува, граѓаните заслужуваат одговори зошто ништо не направиле додека ја имаа целата власт и институционална моќ во нивни раце. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве БаирПремиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски потпишаа договори за финансирање на изградбата на третата фаза, од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир.Премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски потпишаа договори за финансирање на изградбата на третата фаза, од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир од коридорот 8 во свечената сала на владата. Премиерот Мицкоски рече дека коридорот 8 ќе биде додадена вредност на македонската економија. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Инфо-штандови и здравствени проверки за поддршка на граѓаните во услови на топлотен бранОпштина Центар, во соработка со Црвен крст и здружението ХЕРА, спроведува теренски активности за грижа и поддршка на граѓаните во услови на екстремно високи температури во градот.„Општина Центар е на терен со конкретни мерки делиме вода, поставуваме инфо-штандови и овозможуваме бесплатни здравствени проверки. Ги повикуваме сите граѓани да ги почитуваат препораките и да бидат одговорни кон себе и кон своите најблиски“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски. Во текот на денешниот и утрешниот ден, инфо-штандови ќе бидат поставени кај Зелен пазар и на пазарот „Буњаковец“. Во соработка со ХЕРА, денеска од 8:30 до 11:00 часот кај Зелен пазар се врши бесплатно мерење на крвен притисок. Инфо-штанд ќе биде поставен и во петок пред маркетот „Тинекс“ на пазарот „Буњаковец“, во истиот термин, каде граѓаните ќе можат да добијат здравствени проверки и совети за заштита од високите температури. Општина Центар будно ги следи препораките на здравствените институции и ќе продолжи да делува во согласност со нив, со цел заштита и поддршка на граѓаните за време на топлотниот бран.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноВознемирувачко видео: Познат инфлуенсер од Мексико убиен за време на пренос во живоСнимал со пријателите, а потоа следи БРУТАЛЕН напад!Мексиканскиот инфлуенсер Цезар Гастелум беше застрелан и убиен за време на пренос во живо на социјалните мрежи. Гастелум во вторникот вечерта снимал видео со двајца пријатели пред ресторан за брза храна во населбата „Трес Риос“ во градот Кулиакан, во северно Мексико, кога му пришле двајца мажи на мотор. Едниот од нив неочекувано во еден миг вади пиштол и пука од непосредна близина во инфлуенсерот и го убива. Гастелум имал повеќе од половина милион следбеници на „Тик-ток“, каде што главно објавувал хумористични видеа. Ова не е првпат инфлуенсер од социјалните мрежи да биде убиен во Мексико. Минатата година, 23-годишната Валерија Маркесубиен се наоѓала во козметички салон додека емитувала содржина во живо на „Тик-ток“. 😡🚨🎥Influencer mexicano #ASESINADO a tiros durante una transmisión en vivo de TikTok Dos hombres en motocicleta le dispararon a César Gastélum a quemarropa en la cara afuera de un restaurante en Culiacán.💀 pic.twitter.com/lyadpXFwAq — ®️The Hunter ✠ 🪖 (@Bel31278Andres) August 6, 2026 Досега никој не е уапсен, а двајцата напаѓачи на мотор побегнале од местото на настанот. Засега не е познато дали Гастелум претходно добивал закани. На својот профил на Инстаграм, тој често објавуваше фотографии од патувања и ноќни излегувања, како и слики на кои позира пред луксузни автомобили.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08