ВМРО-ДПМНЕ: Стигна и сведоштво од лице место, Заев гради 42-катница во Дубаи - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Стигна и сведоштво од лице место, Заев гради 42-катница во Дубаи

Стигна и сведоштво од лице место, Заев гради 42-катница во Дубаи, а со Филипче таму имаат и станови, антикорупцискиот тим на СДС да истражи од каде им се парите.

ВМРО-ДПМНЕ: Стигна и сведоштво од лице место, Заев гради 42-катница во Дубаи

Висококатницата во Дубаи на Зоран Заев, другар и бизнис партнер на Венко Филипче, веќе имаат и очевидци.

Ако до сега постоеја само наводи и информации, сега има луѓе кои на лице место ја видоа нејзината изградба.

Станува збор за човек познаник и поранешен соработник на Заев, Томе Аврамски, кој вели дека лично бил во Дубаи и ја видел неговата голема инвестиција за изградба на зграда од над 40 ката.

Во своето медиумско излагање тој, исто така, вели дека двајцата бизнис ортаци, Филипче и Заев во Дубаи имаат и станови, дури вели и дека бил во зградата каде овие двајца купиле станови.

Во своето сведоштво, Аврамски вели: „Еве јас сега одам во Дубаи, таму нешто работам и он (се мисли на Заев) е таму. Таму се сите. Тука е и Заев, тука е и бившиот министер, сега лидер на СДС (се мисли на Венко Филипче), и он е тука. Јас баш сум бил во зградата каде што купија станови. Еве сега Заев гради во Дубаи, зграда од 42 ката. Тоа се големи инвестиции, тоа се милиони евра“.

Ова е доказ дека златните визи на Зоран Заев и Венко Филипче се добиени врз база на инвестиции во недвижности и сам по себе скандал од невидени размери, додека СДС тука во Македонија ни продава чесност, морал и лажна грижа за граѓаните и државата.

Кога сме кај СДС и нивната дневна политика, сакаме да им порачаме на нивниот таканаречен антикорупциски тим, дека им го пријавуваме овој случај кој се однесува лично на Зоран Заев и очекуваме да го процесуираат и истражат.

Потоа, во нивен стил, да излезат на прес-конференција за на македонската јавност да им одговорат дали е точно дека додека државата ја остави на колена, опустошена и ограбена, Зоран Заев гради згради во Дубаи и тоа 40-катница и од каде му се парите за тоа?

Дали тоа се пари од криминалните тендери во РЕК Битола и дали во сето тоа е вмешан братот на Зоран Заев, Вице Заев и каква е неговата врска со Енис Колашинац?

Ние очекуваме антикорупцискиот тим на СДС сериозно да се занимава со ова прашање, да ги расчистат сите сомнежи и да ја информираат јавноста.

Затоа што вистината заслужува и секогаш излегува на виделина, а правда мора и ќе има.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цветковска: Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска канта

Фејсбук објава на новинарката Сашка Цветковска.

Цветковска: Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска канта

„Да си новинар (уште и жена) и на прес конференција на министерот за внатрешни работи да ти е најважно да го поддржиш насилството и да инсистираш на статистики за лажни пријавувања на насилства врз жени и девојки, ти не работиш за јавноста и не можеш и не смееш да им служиш на граѓаните. Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска канта поради наводно одбегнување на расправии со колеги. Овие не ни се колеги и ние не им служиме на колегите туку на граѓаните. Секое молчење не е неутралност, не кон жртвите, не кон народот. Срамота! Инаку, станува збор за Ивона Талевска поддржана од уште некои свои колеги кои да немаа партии и криминалци зад себе немаше да бидат никогаш ништо, камоли да делат ум.“-стои во објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем пресврт на светскиот пазар на нафта

Светскиот пазар на нафта влегува во нова фаза по неколкумесечните нарушувања предизвикани од војната на Блискиот Исток.

Голем пресврт на светскиот пазар на нафта

Цените на суровата нафта нагло се намалија, но европските економии и понатаму се соочуваат со исклучително скап дизел, кој ги зголемува трошоците за транспорт и производство.

Според најновиот извештај на Меѓународната агенција за енергија, објавен денеска, 13 ноември, цената на северноморската сурова нафта паднала за дури 32 проценти, од 136 долари за барел на почетокот на октомври на околу 93 долари.

Причина за ваквиот пресврт е обновувањето на испораките од земјите во Персискиот залив, кои постепено се зголемуваат и покрај нападите врз танкери и енергетска инфраструктура.

Глобалното производство на нафта во октомври достигнало 105,4 милиони барели дневно, што е зголемување од 2,3 милиони барели во споредба со септември. Ваквото закрепнување довело до ситуација во која понудата повторно ја надминува побарувачката, првпат од почетокот на војната со Иран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Капитулираат пред жртвите и 17.500 потписи на гневни граѓани, но победата не е извојувана од Владата на „машкиот надзор“

Овозможија дузина загубени животи на наши сограѓанки и голем број на човечки трагедии. Свесно и искалкулирано одлучија да ги отфрлат предлозите од април 2025 и март 2026 година за електронски нараквици за насилниците, предложени од ЛДП.

ЛДП: Капитулираат пред жртвите и 17.500 потписи на гневни граѓани, но победата не е извојувана од Владата на „машкиот надзор“

Овозможија дузина загубени животи на наши сограѓанки и голем број на човечки трагедии. Свесно и искалкулирано одлучија да ги отфрлат предлозите од април 2025 и март 2026 година за електронски нараквици за насилниците, предложени од ЛДП преку лидерката Моника Зајкова. Сега Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера призна јавно дека електронски нараквици за насилниците и сторителите на семејно насилство би дале позитивни резултати и најави усвојување на истата мерка на ЛДП што досега двапати ја предложи како закон во Собранието. Признание добивме, вината е дефинирана, а одговорност за загубените животи и трагедиите?

Денес, по собрани 17.500 потписи на граѓанки и граѓани и огромниот јавен притисок, власта објави капитулација и свое законско решение.

Но, ова не е победа на Владата, ова е задоцнета реакција на институциите пред барањата на жртвите и насобраниот гнев на граѓаните. Росица, Ивана, Катја, Рамајана и Билјана се само некои од имињата кои не смеат да бидат заборавени. Нивните имиња се потсетник дека за институционалното доцнење се плаќа застрашувачка цена.

ЛДП најавува дека после собраните потписи и огромната поддршка за оваа иницијатива уште завчера и по трет пат го поднесе Законот до пратениците и овој пат, нема веќе простор за оправдувања и нови грешки.

Заштитата на жените не смее да зависи од ничиј политички рејтинг и нивната безбедност не е политички маркетинг, туку јасно утврдена обврска на државата и институциите. Можеа да послушаат и да спречат. Одлука донесоа, кобна! Бараме одговорност сега! Иако ви се фотељите слатки сепак мора да постои во политиката нешто што се вика морал, етика и поклон пред грешката и жртвите.

Преголема грешка прават ако мислат дека без одговорност ќе им биде заборавено!!!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер