3Регионалната соработка меѓу обвинителствата во фокусот на конференција за постапување по предмети за воени злосторства во Скопје
Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
1Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Со Талат премиер се случува целосна ДУИзација СДС и Димитар Ковачевски целосно ја уништија Македонија.Со назначувањето на Талат Џафери за технички премиер, на Македонија и се случува целосна ДУИзација. Уште еднаш на дело се покажа и докажа дека ДУИ е власт, а СДС подизведувач. Како Ахмети им свири, така Ковачевски и СДС играат. Ковачевски само за да опстои уште некој месец, спремен е се да им отстапи на ДУИ и Ахмети и тоа на штета на македонскиот народ. СДС и Ковачевски не го прифаќаа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на техничката влада, за да може Џафери да биде премиер. Криминалците од ДУИ целосно го преземаа управувањето со државата, затоа и во Македонија цвета криминалот и корупцијата. Џафери или командант Форина во 2001 година дезертирал од македонската Армија и преминува во УЧК. А јавноста е сведок и на низа прекршувања на собраниски процедури од страна на Џафери, како употреба на европското знаменце на закони кои немаа врска со европската регулатива, само имаа врска со криминалиите на ДУИ, заклучување на вратите на пленарната сала за да не можат другите пратеници да се пријават за дискусија за дневниот ред, како и недоличното однесување и навредување кон собраниските службеници. На Македонија и се случува ДУИзација, а Ковачевски е директно одговорен за тоа. Има ли некој од СДС што му останало барем грам достоинство за веднаш да му се спротивстави на Ковачевски? Затоа на следните избори СДС и Ковачевски мора да бидат поразени. За Македонија да оди напред, СДС и Ковачевски мора да заминат! Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМакедонската делегација беше дел од 81-та сесија на ГС на ОН, премиерот Мицкоски објави видеоПремиерот Христијан Мицкоски кој ја предводи македонската делегација во Њујорк на фејсбук објави видео од 81-та сесија на ГС на ОН со светските лидери.„81-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации со светските лидери, со цел повторно зајакнување на глобалната соработка, давање клучен поттик на Целите за одржлив развој и поттикнување заедничка акција за мир, достоинство и еднаквост на здрава планета.“- стои во описот на видеото. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо хотел во Охрид пронајдена почината Германка На 22.09.2026 во 23.40 часот во СВР Охрид било пријавено дека во хотел на кеј „Македонија“ во Охрид,била пронајдена почината Б.Х.К.(70) од Германија, информира Министерството за внатрешни работи. -Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција, стои во билтенот од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамГерманците донесоа одлука: „Hyundai Ioniq 6N“ освои престижна наградаЦелосно електричниот „Hyundai Ioniq 6N“ го освои првото место во категоријата „Перформанси“ на изборот за Германски автомобил на годината (GCOTY) за 2027 година.Одлуката ја донесе независно жири составено од автомобилски новинари, кои го препознаа моделот по неговите перформанси, управливост и карактер фокусиран на возачот. Оваа награда од „GCOTY“ доаѓа откако „Ioniq 6N“ беше прогласен за „World Performance Car“ пред само неколку месеци. Моделот користи технологии дизајнирани да ја истакнат спортската природа на електричниот автомобил, вклучувајќи ги системите „N e-Shift“ и „N Active Sound+“, за кои „Hyundai“ наведува дека имаат цел да обезбедат подиректно возачко искуство. Развиен за употреба и на јавни патишта и на тркачки патеки, „Ioniq 6N“ се заснова на три столба од филозофијата на „N“: „Corner Rascal“ (мајстор за свиоци), „Racetrack Capability“ (способност за тркачка патека) и „Everyday Sports Car“ (спортски автомобил за секојдневна употреба). „Оваа награда ја потврдува нашата посветеност да го испорачаме возбудливото чувство при возење што го очекуваат љубителите на автомобили со високи перформанси, без никакви компромиси“, изјави Џун Парк, потпретседател и раководител на групацијата за управување со „N“-дивизијата. Тој додаде дека „Hyundai“ ќе продолжи да развива нови технологии и да го користи мотоспортот – вклучувајќи ја и трката „24 часа на Нирбургринг“ – како платформа за развој на идните модели од серијата „N“. Извор: Б92Тагови: Hyundai Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter