ВМРО-ДПМНЕ: Со новиот Закон македонскиот спорт се повеќе тоне

Веќе почнуваат да се гледаат негативните ефекти на кои што ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, предупредувавме дека ќе нанесат штета на спортот во нашата држава.

Македонскиот спорт со законот кој што оваа Влада го донесе се повеќе тоне.

Веќе почнуваат да се гледаат негативните ефекти на кои што ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, предупредувавме дека ќе нанесат штета на спортот во нашата држава.

Постоечкото законско решение кое го донесе Владата предводена од СДСМ по не знам кој пат ја покажа неспособноста на оваа Влада да донесе добар и квалитетен Закон за спорт.

Затоа, како одговорна пратеничка група денес поднесовме нов Закон за спорт односно закон кој ги содржи старите одредби кои беа отстранети од оваа власт, а истите беа позитивно прифатени од спортската јавност и даваа одлични резултати.

Најпрво ќе истакнам некои од штетните последици од постојниот закон кој го донесе оваа власт.

Ситуацијата е повеќе од сериозна. На Македонија и на нејзиниот спорт и се заканува комплетна меѓународна изолација. Веќе подолго време меѓународните спортски институции го толерираат одреденото мешање на политиката во спортот. Македонија со постојниот закон влезе во список на земји за кои интервенира Интернационалниот Олимписки Комитет кој со месеци давале инструкции на Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев и на Агенцијата за млади и спорт но никој од таму не гледал сериозно на овие ставови и препораки.

Федерациите мора да бидат автономни и нивните статути прилагодени кон статутите на меѓународните спортски федерации, а не кон Законот за спорт во земјава кој што е контрадикторен и далеку од она што во моментов се спортските федерации.

Како што забележавме додека се носеше Законот за спорт од страна на оваа Влада, дека решението е спротивно на интересите на спортските федерации и спортистите, така денес откако тоа се виде во пракса реагираат сите федерации и Македонскиот Олимписки Комитет.

Со постоечкото законско решение голем проблем имаат малите спортови кои не се толку атрактивни за спонзорирање, а со ваучерскиот систем се оставени со минорни средства за финансирање.

Сегашниот закон предвидува можност за инвестирање само за спортски субјекти кои имаат ваучер, а износот е лимитиран на 6 милиони евра вкупно за сите федерации, клубови, индивидуални спортисти и дополнителен проблем претставуваат високите критериуми кои ги ставаат богатите клубови во прв план во однос на помалите клубови и федерации на кои им се потребни повеќе средства, а за волја на вистината овие клубови се далеку позастапени од оние кои можат да се пофалат со голем буџет.

Поради овие но и други катастрофални одредби во постојниот закон, ние со новиот закон предлагаме враќање на претходните одредби кои што придонесоа за револуција во спортот и истите изградија систем кој што беше најпозитивно прифатен од сите спортски субјекти.

Со претходниот закон, само за три години преку даночното олеснување во македонскиот спорт влегоа 10 милиони евра, а преку Законот за игри на среќа се поддржаа преку 64 спортски федерации и стотици клубови и спортисти со дополнителни 7.5 милиони евра. Со овој закон сакаме овие успешни политики да ги вратиме повторно.

Редно време е оваа власт да научи дека укинувањето на позитивните закони само поради тоа што се решенија на претходната власт и носење на нови катастрофални решенија не е добро за интересите на граѓаните во случајов за спортистите.

Апелирам до парламентарното мнозинство да се надмине себеси и да го поддржи овој закон со цел да ја запреме оваа апокалипса која што и се заканува на македонскиот спорт.

Ако не нас, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, послушајте ги спортските федерации и Македонскиот Олимписки Комитет кои што секојдневно предупредуваат дека чашата е прелеана и дека мора итно да се реагира.

Трајче Димков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија

Рангник го одби Баерн

Селекторот на австриската репрезентација Ралф Рангник одби да ја напушти репрезентацијата за да го преземе Баерн Минхен.

- Со цело срце сум посветен да работам за австриската репрезентација. Неизмерно уживам во мојата работа и планирам да продолжам по патот што го избравме. Сакам да истакнам дека ова не е одбивање на Баерн, туку одлука во корист на мојот тим и нашите заеднички цели. Целосно сме фокусирани на Европското првенство и ќе дадеме максимум за да одиме што подалеку, изјави Рангник, за официјалниот сајт на Фудбалскиот сојуз на Австрија.

Претходно беше објавено дека Рангник би можел да стане нов тренер на Баварците. /МИА

Се враќаат старите цени за осигурување за регистрација на возила

Се враќаат старите цени на осигурувањето при регистрација на возилата. 

Ваква одлука беше донесена откако денеска Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност ја разгледа анализата на Агенцијата за супервизија на осигурувањето. Предлог-одлуката е доставена на усвојување до Владата на Македонија

Освен тоа, Комисијата утврдила и потреба од измени на Тарифата за премии за осигурување и подготвила Предлог-измени во насока на заштита на корисниците.

-Предложените измени се насока на утврдување на опсег од 15% до 30% во кој друштвата за осигурување можат да го определат делот на премијата за вршење дејност на осигурување од автомобилска одговорност, а за секој износ на овие трошоци над 30% да побараат претходна согласност од Агенцијата за супервизија на осигурување. Комисијата е задолжена најдоцна до 30 септември секоја година до Владата да доставува предлог за минимална и максимална стапка на техничка премија за осигурување за следната година. – Министерство за финансии

Од Финансии додаваат дека одлуката е резултат на недостатокот на финансиски анализи од осигурителните компании, кои како единствен аргумент на кој се повикале биле растечките трошоци од работење.

Според анализата на Агенцијата за супервизија, пак, 10 осигурителни компании оствариле добивки за 2023 година, а само една завршила со загуба од работењето.

Поскапувањето на полисата за осигурување стапи на сила од минатата недела и граѓаните плаќаа од 840 па до речиси 1600 денари поскапа цена, во зависност од моќноста на возилото. Дали на тие што веќе платиле по новите цени,сега ќе им бидат вратени парите, во соопштението на финансии одговор нема.

Швајцарија објави дека во оваа фаза Русија не е поканета на мировните преговори за Украина

Швајцарската влада денеска соопшти дека „во оваа фаза“ Русија не е поканета да учествува во разговорите за постигнување мировен договор меѓу Москва и Украина, што ќе се одржат во Швајцарија во средината на јуни.

-Швајцарија е убедена дека Русија треба да биде вклучена во овој процес, се вели во соопштението на владата во Берн.

Се додава дека мировниот процес без Русија е невозможен. /МИА

притисни ентер